ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 8/07 стр. 5
  • Биди разумно строг

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Биди разумно строг
  • Разбудете се! 2007
  • Сличен материјал
  • Родители, воспитувајте ги децата со љубов!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • Почит кон авторитетот — зошто е неопходна?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • Да се изгради духовно јако семејство
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Родители — помогнете им на своите деца да го сакаат Јехова
    The Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2022
Повеќе
Разбудете се! 2007
g 8/07 стр. 5

Чекор 3

Биди разумно строг

Зошто е важен овој чекор? Според списанието Parents, истражувањата потврдуваат дека „децата што се воспитани од родители кои се строги, но им покажуваат голема љубов — родители кои се поткрепа за своите деца, но сепак одредуваат строги граници — се подобри ученици, подобро комуницираат со луѓето, имаат поголема самопочит и главно се посреќни отколку децата чии родители се или претерано попустливи или претерано строги“.

Зошто е тешко: Уште откако ќе се родат, децата ќе гледаат на некој начин да не те послушаат. Џон Розмонд, автор на книгата Моќта на родителот! (Parent Power!), вели: „Децата веднаш можат да препознаат кога на родителите им е страв да бидат малку построги и кога најверојатно ќе им попуштат“. Понатаму Розмонд вели: „Кога е во прашање ‚Кој е главен?‘, ако родителите не покажат дека тие ги држат уздите, тогаш децата ќе ги преземат“.

Решение: Немој да се секираш дека, ако си строг, децата ќе се оддалечат од тебе или дека ќе им го скршиш духот. Јехова Бог, Оној кој го основал семејството, не предвидел децата да имаат рамноправен глас кога се одлучува како ќе се управува со семејството. Тој им дал авторитет на родителите, а на децата им заповедал: „Слушајте ги своите родители“ (Ефешаните 3:14, 15; 6:1-4).

Можеш да бидеш строг, а да не бидеш тиранин. Како? Следи го примерот на Јехова. Тој може да ги присили своите деца, луѓето, да ја вршат неговата волја, но сепак нѐ моли да го правиме тоа од срце. Во неговата Реч стои: „О, да внимаваше на моите заповеди! Твојот мир ќе беше како река“ (Исаија 48:18). Јехова не сака да му бидеме послушни затоа што се тресеме од страв од него, туку затоа што го сакаме (1. Јованово 5:3). Тој не бара нешто невозможно од нас и знае дека ќе биде за наше добро ако живееме според неговите морални мерила (Псалм 19:7-11).

Како ќе научиш да бидеш урамнотежено строг родител? Прво, треба да бидеш уверен дека Бог го очекува тоа од тебе. Второ, мораш да бидеш сигурен дека е за твое добро и за доброто на твоите деца да живееш според Божјите морални мерила (Римјаните 12:2).

Што точно мораш да правиш за да бидеш строг?

[Истакната мисла на страница 5]

„Казни го синот свој, и тој ќе ти донесе... големо задоволство на душата“ (Изреки 29:17).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели