ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 8/07 стр. 30
  • Писма од читателите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Писма од читателите
  • Разбудете се! 2007
  • Сличен материјал
  • Верата на едно дете
    Разбудете се! 2006
  • Фасцинантни шеми кај растенијата
    Разбудете се! 2006
  • Тие се ставиле на располагање — во Мексико
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
  • Златното правило е практично
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
Повеќе
Разбудете се! 2007
g 8/07 стр. 30

Писма од читателите

Верата на едно дете (август 2006) Едвај чекам да видам како Дастин и милионите други што умреле трчаат и потскокнуваат од радост во новиот свет, кој наскоро ќе дојде.

А. А., Шри Ланка

Верата и непоколебливата храброст на Дастин ме трогнаа до солзи. Неговата приказна ми помогна да се преиспитам за да видам колку ми е важна вистината и да ги ставам поважните работи на прво место во животот. Сега ми е јасно дека најважните работи треба да ми бидат пријателството со Јехова и Царството.

М. К. В., Бразил

Жарот и длабоките чувства на Дастин кон вистината ми го растреперија срцето. Со своите постапки, тој покажал дека сака да го радува Јехова и да им служи на другите. И јас сакам како него ‚да ја истрчам трката и да ја зачувам верата‘!

М. Н., Јапонија

Имам седум години. Многу ви благодарам што ја објавивте оваа статија. Силен впечаток ми остави тоа што Дастин задржал цврста вера, иако имал тешка болест. Неговиот пример ме охрабри и јас да правам повеќе за Бог.

Т. Д., Италија

Фасцинантни шеми кај растенијата (септември 2006) Оваа статија ја разработував цел час и половина! Многу е поучна! Цртав дијаграми за да ја разберам подобро. Но, ве молам, забележете дека дропката 13/21 не е најблизу до идеалната пропорција на ротирање, туку напротив, најблизу е останатиот дел од аголот кој изнесува 222,5 степени.

Л. К., САД

„Разбудете се!“ одговара: Неколку читатели со право укажаа на тоа дека идеалната пропорција на ротирање е околу 222,5 степени. Тогаш зошто во нашата статија се вели дека идеалниот агол е 137,5 степени — истиот агол мерен во правец спротивен на вртењето на стрелките на часовникот? На Интернет страницата MathWorld се вели: „Идеалниот агол е оној со кој полниот агол [360°] се дели на идеален размер (но мерен во спротивна насока, така што изнесува помалку од 180°)“. Британскиот математичар д-р Рон Нот објаснува зошто математичарите и научниците вака го изразуваат идеалниот агол: „Склони сме ‚да го гледаме‘ помалиот агол“. Според тоа, иако идеалната пропорција е околу 13/21 (повеќе од половина круг), идеалниот агол обично се изразува како 137,5 степени (помалку од половина круг).

„Фрлени в затвор поради својата вера“ (април 2006) Јас не сум Јеховин сведок, но тоа не ме спречува да имам длабока почит кон членовите на вашата вера. Додека бев затворен во концентрационите логори во Грос-Розен и Бухенвалд, запознав неколку Сведоци. Тие беа толку примерни и толку се издвојуваа од другите по своите верски убедувања што ги стекнаа почитта и восхитот на сите други затвореници. Дури и врз есесовците оставија силен впечаток. Јеховините сведоци се секогаш добредојдени во мојот дом.

П. В., САД

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели