ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 8/06 стр. 26-27
  • Верата на едно дете

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Верата на едно дете
  • Разбудете се! 2006
  • Сличен материјал
  • Тие се ставиле на располагање — во Мексико
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
  • Писма од читателите
    Разбудете се! 2007
  • Како може Библијата да им помогне на болните од дијабетес
    Разбудете се! 2003
  • Зошто сум толку болен?
    Младите прашуваат — делотворни одговори, том 2
Повеќе
Разбудете се! 2006
g 8/06 стр. 26-27

Верата на едно дете

ДАСТИН понекогаш присуствувал кога мајка му ја проучувала Библијата со Јеховините сведоци. Иако имал само 11 години, тој длабоко размислувал и поставувал многу сериозни прашања. Наскоро побарал и тој самиот да ја проучува Библијата со истата сестра што проучувала со мајка му. Исто така, почнал да им кажува на другарчињата од училиште за она што го учел.

Дастин почнал да оди на состаноците во локалната Сала на Царството, па дури и да одговара на прашањата кога се барало учество од присутните. Кога заедно со своите помали браќа и сестри отишол да се види со татко му, таткото инсистирал сите заедно да одат во црква. Дастин објаснил зошто повеќе сака да оди во Салата на Царството. Татко му му рекол дека ќе му дозволи да оди таму.

Една вечер, по состанокот што се одржал во Салата на Царството, мајка му не можела да го најде Дастин. Без да ѝ каже, тој му пристапил на надгледникот на Теократската школа за служба и го замолил да се запише во школата. Мајка му се согласила со тоа. Дастин едвај чекал да ја одржи својата прва задача. Но, во тоа време добил силни болки во колкот, и затоа го носеле кај различни доктори за да се направат разни испитувања и анализи. Конечно, дошол долгоочекуваниот ден кога Дастин требало да го одржи својот говор во Салата на Царството. Тогаш веќе одел со патерици. Иако можело да се види дека имал големи болки, излегол на подиумот без патерици.

Кратко потоа, кај Дастин бил дијагностициран Јуингов сарком, редок облик на рак на коските. Речиси целата следна година ја поминал во детската болница во Сан Диего, Калифорнија. Хемотерапијата, зрачењето и на крајот ампутацијата на десната нога и на карличната коска не ја намалиле неговата силна вера и неговата љубов кон Јехова. Кога бил премногу изнемоштен за да чита, мајка му, која била со него речиси нон-стоп, му читала наглас.

Иако состојбата на Дастин се влошувала, тој никогаш не се жалел. Не седел на едно место туку во својата инвалидска количка одел наоколу охрабрувајќи ги другите пациенти и нивните родители, вклучувајќи и еден пациент што бил Сведок. Вработените во болницата можеле да видат дека Дастин и другиот млад Сведок се разликувале од другите — дека нивната вера им давала сила.

Дастин сакал да се крсти. Така, додека лежел на кревет, премногу слаб за да може да седне, христијанските старешини ги разгледале со него прашањата за оние што сакаат да се крстат и да станат Јеховини сведоци. На 16 октомври 2004 година, кога имал 12 и пол години, Дастин се крстил на еден покраински собир.

Пред да започне предавањето за крштавање, Дастин го однеле со количка низ ходникот за да седне заедно со другите кандидати за крштавање. Кога тие биле замолени да станат, Дастин застанал на својата една нога, облечен во најубавиот костум што го имал, потпирајќи се на седиштето. Јасно и гласно одговорил на прашањата за крштавање. Биле присутни сите од неговото семејство, вклучувајќи го и неговиот биолошки татко и маќеата. Дошле и вработените од болницата, како и родителите на други деца од болницата што имале рак.

Истиот ден кога се крстил, Дастин повторно бил вратен во болницата. Ракот веќе се раширил на секоја коска од неговото тело. Станувал сѐ послаб и почувствувал дека умира, па затоа ја прашал мајка му дали навистина ќе биде така. „Зошто ме прашуваш?“, одговорила таа, „Се плашиш од смртта?“

„Не“, рекол тој. „Само ќе ги затворам очите, и кога ќе ги отворам штом ќе воскреснам, ќе биде како да сум ги затворил една секунда претходно. Повеќе нема да ме боли ништо.“ Потоа објаснил: „Само се грижам за семејството“.

Дастин починал следниот месец. На неговиот погреб дошле докторите, медицинските сестри, семејствата на вработените во болницата, наставниците, соседите и, се разбира, сите од семејството на Дастин — како тие што биле Јеховини сведоци, така и тие што не биле. Дастин сакал сите што ќе дојдат на неговиот погреб да добијат добро сведоштво за неговите верувања. Водителот на Теократската школа за служба, кој му ја дал единствената ученичка задача што успеал да ја одржи, изнесе едно убаво, зајакнувачко предавање за големиот број присутни, од кои многу стоеја.

За оние што дојдоа на говорот беа отпечатени два од омилените стихови на Дастин — Матеј 24:14 и 2. Тимотеј 4:7. Неговата цврста вера и беспрекорност ги охрабрија сите што го познаваа. Со радост чекаме да му изразиме добредојде кога ќе воскресне. (Раскажано од Сведокот што проучувал со Дастин.)

[Истакната мисла на страница 27]

„Добра борба водев, трката ја истрчав до крај, верата ја одржав“ (2. Тимотеј 4:7).

[Слика на страница 26]

Горе: Дастин, додека сѐ уште бил здрав

[Слика на страница 26]

Долу: Дастин се крштава кога има дванаесет и пол години

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели