Писма од читателите
Свет без болести! (јануари 2007) Велите дека некои луѓе „трошат пари и време на третмани и на лекови што не се делотворни, а можат да бидат и штетни“. Со ова како да укажувате на алтернативните облици на лекување, зашто во статијата се покренуваат прашања во врска со тоа колку ефикасни и безбедни се некои алтернативни методи на лекување. Дали ова значи дека Разбудете се! ја препорачува конвенционалната медицина како побезбедна и поефикасна? Според Министерството за финансии на САД, има многу докази кои го потврдуваат спротивното.
Г. К., САД
„Разбудете се!“ одговара: Голем број начини на лекување што претходно биле нашироко прифатени и се сметале за безбедни и ефикасни, подоцна се покажале како небезбедни. Ова се случува и на полето на конвенционалната и на полето на алтернативната медицина. Мудро е да бидете добро информирани за можните корисни и штетни последици од лекувањето за кое размислувате, без разлика дали е конвенционално или алтернативно, и да бидете сигурни дека не ги крши библиските начела. Тоа значи дека морате сами да одлучите. Како што сме кажале и многу пати порано, „Разбудете се!“ не се залага за ниеден посебен начин на лекување. А христијаните не треба да ги осудуваат или да ги критикуваат другите за начинот на кој решиле да се лекуваат. Како што беше кажано и во статијата, на крајот на краиштата, ниту алтернативната ниту конвенционалната медицина немаат решение за сите болести на човекот. Само Божјето Царство ќе направи свет без болести (Откровение 21:3, 4).
Ќе ‚скокам како елен‘ (август 2006) Стрпливоста и понизноста на Франческо Абатемарко ме натераа да се подзамислам малку. Тој не само што се обидел да ја надмине физичката хендикепираност за да му служи на Јехова туку и се напрегал да ги совлада негативните чувства. Неговата приказна ми помогна да не заборавам дека, што и да ни се случи, можеме да му служиме на Јехова најдобро што знаеме. Ме охрабри и тоа што видов дека Божјата реч му помогнала да направи големи промени во животот.
Н. Г., Камбоџа
Франческо морал да совлада многу пречки. Сепак, кога ја нашол вистината, спремно и одлучно почнал да ги совладува. Тој е одличен пример за одлучност! Се надевам дека неговата приказна ќе ги мотивира другите како што ме мотивираше и мене.
М. Д., Јужноафриканска Република
Многу ми се допадна оваа статија! Камо да можев лично да му кажам на Франческо Абатемарко колку силно ме поттикна да давам уште повеќе во службата за Јехова.
Џ. Б., САД
Ти благодарам, Франческо, што ни даваш толку убав пример за ревност и истрајност. Сигурна сум дека во новиот свет ќе скокаш како елен. Знај дека имаш браќа и сестри кои вистински те сакаат и се молат за тебе.
С. Г., Русија