ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 10/07 стр. 24-26
  • Опојните ружи од Африка

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Опојните ружи од Африка
  • Разбудете се! 2007
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Од оранжериите до вазните
  • Прекрасни и вкусни!
    Разбудете се! 2005
  • Содржина
    Разбудете се! 2007
  • Прашања од читателите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
Разбудете се! 2007
g 10/07 стр. 24-26

Опојните ружи од Африка

ОД ДОПИСНИКОТ НА РАЗБУДЕТЕ СЕ! ВО КЕНИЈА

„Најпрекрасниот цвет што сум го видела!“ „Најубавиот подарок за некој близок.“ „Убав начин да кажеш некому ‚ми значиш‘.“

МОЖЕБИ и ти се сложуваш со некоја од овие изјави на жителите на Најроби (Кенија). Изгледа дека не постои цвет, див или одгледан, што е толку омилен низ светот како што е ружата (кај нас позната и како роза и трендафил). Таа со векови им дава инспирација на луѓето. Многу поети ја преточиле во зборови нејзината убавина, а вајари и сликари често ја овековечиле. Самиот Шекспир ја закитил со слава преку познатите зборови од Ромео и Јулија: „Што има во едно име? Трендафилот и под друго име исто така убаво ќе мириса“. Со ружа започнале нови пријателства, се зацврстиле старите, се излечиле повредени чувства и се развеселиле безброј болни.

Освен сето ова, ружата има и голема економска вредност. Многу земји, чија клима е погодна за одгледување цвеќе, најмногу тргуваат со ружите. На пример, во една од изминативе години, Кенија извезе милиони цветови, а преку 70% од нив беа ружи, што ја вброи во земјите кои се најголеми производители на овој цвет во светот.

Пред да го освои човекот со својата убавина, ружата насекаде ја красела природата. Постојат преку 100 видови диви ружи. Од некои од нив, по пат на внимателно контролирано вкрстување, се добиваат илјадници други видови ружи кои ни се познати денес. Благодарение на тоа, ружата стана позната низ целиот свет, и речиси не постои земја каде што ја нема. Најчести и најмногу одгледувани се чајнохибридните ружи.

Од оранжериите до вазните

Луѓето најчесто ги купуваат ружите од цвеќарница или од пазар. Овие ружи се одгледуваат специјално за продавање во големи оранжерии, и бараат многу повеќе нега од оние што растат во дворовите. Колкава нега е потребна за ружите да стигнат до пазарите ни стана јасно кога појдовме на една цветна плантажа близу до Најроби.

Местото веднаш се препознава по внимателно направените оранжерии од полиетилен, што е инаку честа глетка во Кенија. (Види ја сликата на 26. страница.) Стаклените бавчи имаат неколку свои функции. Накалемените ружи се осетливи и затоа мора да се заштитат од суровите временски услови. Еден силен дожд, ветер или директно сонце може многу да ги оштети. За да се одржи иста температура, неопходно е свежиот воздух лесно да влегува во оранжеријата, а потоплиот да излегува.

Во оранжериите има редици млади ружи во различна фаза од развојот. На оваа плантажа се одгледуваат неколку видови чајнохибридни ружи. Најкрупната е висока до 70 сантиметри, а најситната е висока само 35 сантиметри. На површина од еден хектар можат да се насадат повеќе од 70.000 корени.

Како се хранат овие растенија? Не се користи обична почва. Во леите најпрво се распостила тенок полиетилен и врз него се става пемза (вулкански камчиња). Оваа метода е најсигурна затоа што вулканските камчиња немаат ниту една од болестите што се пренесуваат преку почвата. Растенијата се наводнуваат со систем капка по капка. Тоа значи дека во леите се спроведуваат мали пластични цевки од кои тече вода и хранливи материи во точно одредена количина. Бидејќи вулканскиот материјал е порозен, неискористената вода се цеди од пластичните леи, се собира и повторно се користи.

И покрај сите преземени мерки, ружите може лесно да заболат од многу болести, најчесто предизвикани од габи. Во нив спаѓаат ботритисот и пепелницата, кои ги напаѓаат листовите и стеблото. Ако не се спречи нивното ширење, овие болести можат многу да го оштетат цветот. Проблемот се решава со средство против габи.

Со текот на времето, пупките полека добиваат по малку боја, што е знак дека треба да се берат. Се берат внимателно уште пред да се отворат. Кога се берат во оваа фаза, цветовите подолго траат и подолго им се задржува бојата. Но, постојат и некои видови ружи што се берат во друга фаза. Најважно од сѐ е да се берат или наутро или доцна попладне кога, поради влажноста во воздухот, побавно венеат. Набраните ружи потоа се носат во ладилник, што исто така помага подолго да останат свежи.

Следната важна фаза е цветовите да се класираат. Која класа ќе бидат зависи од бојата и големината. Потоа се пакуваат онака како што налага пазарот. По сето ова, ружите се спремни за продажба. Од плантажата се носат на главниот аеродром во Најроби, од каде ќе бидат однесени илјадници километри подалеку, во Европа. Бидејќи многу кратко траат, цветовите треба да стигнат во продавниците, било во земјата или во странство, во рок од 24 часа по бербата.

Следниот пат кога ќе добиеш букет ружи или ќе купиш од цвеќарница или од пазар, помисли колку долг пат можеби поминале, особено ако се од Африка. Можеби тоа ќе те поттикне повеќе да го цениш Оној што создал сѐ што постои, Јехова Бог (Псалм 115:15).

[Рамка/слики на страница 26]

Ќе има ли некогаш сина ружа?

Ружата минала низ многу преобразби, и уште многу допрва ја чекаат. Во оваа индустрија се воведуваат сѐ понови техники на одгледување. Само малку цвеќиња можат да цветаат во толку многу бои како ружата. Која боја ружа ти е омилена тебе? Можеби бела, жолта, розова, црвена или бордо? Повеќето од овие бои се добиени по пат на вкрстување.

На пример, дали си знаел дека, иако ние со ружата ја поврзуваме главно црвената боја, таа во почетокот воопшто не постоела во фамилијата ружи? Тие ги немаат гените што се одговорни за создавање на црвен пигмент. Јаката црвена боја што ја имаат е резултат на една генетска мутација направена во 1930 год. Кај сите видови ружи воопшто не постоеше и една друга боја — сината. Генот кој произведува сина боја, делфинидинот, природно го нема во фамилијата ружи. Но, по долги години здружени испитувања од страна на една австралиска и јапонска компанија, во 2004 год., по пат на генетски инженеринг, беше добиена и сина ружа. Испитувањата ќе продолжат за да се добие појака сина боја.

[Слика]

Спремни за берба

[Слика на страница 25]

Полиетиленски оранжерии

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели