ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 11/07 стр. 3
  • Да ѝ се верува или не?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Да ѝ се верува или не?
  • Разбудете се! 2007
  • Сличен материјал
  • Довербата е од пресудна важност за среќен живот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
  • Можеш да имаш доверба во твоите браќа
    The Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2022
  • Да се има доверба или да се нема
    Разбудете се! 1996
  • Зајакни ја својата доверба во Јехова
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
Повеќе
Разбудете се! 2007
g 11/07 стр. 3

Да ѝ се верува или не?

„Немај доверба во гнили штици“, напишал англискиот писател Вилијам Шекспир. И навистина, ако треба да поминеш по некој висок дрвен мост, зарем нема прво да се увериш дека штиците не се гнили?

ПРЕД околу 3.000 години, и мудриот израелски цар Соломон напишал нешто слично: „Глупавиот верува на секој збор, а умниот внимава на својот чекор“ (Изреки 14:15, Превод на д-р Д. Х. Константинов). Да, само глупав човек слепо прифаќа сѐ што ќе чуе, донесува одлуки и постапува според лекомислени совети или неосновани учења. Ако довербата ја ставиме на погрешно место, може да се случи несреќа — исто како да сме стапнале на гнили штици. Можеби се прашуваш: ‚Каде може да се најде водство во кое можеме да имаме доверба?‘

Милиони луѓе низ целиот свет имаат апсолутна доверба во една стара книга која се вика Библија. За своите чекори тие бараат водство од оваа книга. Донесуваат одлуки на темел на нејзините совети и живеат во склад со нејзините учења. Дали со тоа стапнуваат на „гнили штици“, така да се каже? Одговорот на ова прашање во голема мера зависи од одговорот на едно друго прашање: ‚Имаме ли добри причини да ѝ веруваме на Библијата?‘ Во ова специјално издание на Разбудете се! се разгледани некои докази кои го потврдуваат тоа.

Целта на ова издание на Разбудете се! не е да ти наметне некои верувања и ставови. Напротив, намерата е едноставно да се изнесат цврсти докази кои веќе им помогнале на милиони луѓе да се уверат дека вреди да ѝ се верува на Библијата. Откако ќе ги прочиташ следните статии, самиот одлучи дали Библијата заслужува да ѝ веруваш.

На оваа тема треба да ѝ обрнеш повеќе од обично внимание. Помисли, ако во Библијата навистина се наоѓа водството кое ни го дава нашиот Творец, зарем нема да биде за твое добро и за доброто на твоите блиски да дознаеш што вели таа?

Но, најпрво, да разгледаме неколку интересни факти за Библијата. На крајот на краиштата, таа навистина е една извонредна книга.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели