Случајно или создадено?
Нишките на пајажината
◼ Тие се полесни од памук, но поцврсти од челик. Научниците со децении ги испитуваат свиленкастите нишки што ги лачат пајаците од фамилијата Araneidae, кои плетат спирални мрежи. Најспецифични се нишките на основата, кои се најцврсти од седумте видови нишки што ги испуштаат овие пајаци. Тие се поцврсти и поводоотпорни од конците на свилената буба, кои обично се користат во производството на облека.
Размисли: Синтетичките влакна, како што е кевларот, се произведуваат на високи температури и со помош на органски растворувачи. За разлика од нив, пајакот ги ‚ткае‘ нишките на пајажината на собна температура, а како растворувач користи вода. Освен тоа, нишките од основата на пајажината се поцврсти од кевларот. Кога би се зголемила како едно игралиште за фудбал, пајажината направена од овој вид нишки би можела да запре голем патнички авион во лет!
Не е ни чудо што истражувачите се толку заинтересирани за цврстината на овие нишки. „Научниците сакаат да го применат ова својство кај различни производи — од панцири до сајли за висечките мостови“, пишува Емеј Канингам за списанието Science News.
Но, човек не може лесно да ги репродуцира ваквите нишки, бидејќи тие се произведуваат во телото на пајакот на начин што засега не е доволно познат. Во списанието Chemical & Engineering News е наведена следнава изјава на биологот Шерил Ј. Хајаши: „Тоа што толку многу умни глави мака мачат да го произведат она што за пајаците во нашите подруми е нешто најнормално, нѐ потсетува колку сме ограничени“.
Што мислиш? Дали пајакот и неговата мрежа која е поцврста од челик настанале случајно или, пак, се создадени од еден интелигентен Творец?
[Слика на страница 24]
Штотуку излачена нишка од пајажина под микроскоп
[Извор на слика]
Copyright Dennis Kunkel Microscopy, Inc.