ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 3/08 стр. 19-21
  • Што има толку лошо во пцуењето?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Што има толку лошо во пцуењето?
  • Разбудете се! 2008
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Силно влијание
  • Твојот формулар за совет
    Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
  • Врвни точки од книгата Втора Цареви
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
  • Писма од читателите
    Разбудете се! 2009
  • Дали сте знаеле?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2017
Повеќе
Разбудете се! 2008
g 3/08 стр. 19-21

Младите прашуваат

Што има толку лошо во пцуењето?

„Не сакав да бидам ‚црна овца‘ во класот. Мислам дека затоа пцуењето ми стана како ‚добро утро‘“ (Мелани).a

„Сметав дека нема ништо страшно во пцуењето. Пцуеја сите околу мене — не само на училиште туку и дома“ (Давид).

ЗОШТО на сите им е нормално кога некој возрасен пцуе или користи безобразни зборови, но кога истото ќе го сторат младите, од тоа се прави голема работа? Постои ли старосна граница која одредува дали пцуењето е исправно или погрешно? А кога ќе помислиш дека се пцуе на секој чекор и дека постои двојно мерило во однос на возраста, можеби со право ќе си речеш: „Па добро, што има толку лошо во пцуењето?“

Силно влијание

Факт е дека пцуењето е многу раширена појава. Всушност, некои млади велат дека, да добиваа по еден денар за секој безобразен збор што ќе се изусти на училиште, би немало потреба да работат до крајот на животот, а нивните родители би можеле уште сега да се пензионираат. „Само во една реченица, моите сокласници кажуваат и по неколку пцовки“, вели 15-годишната Ива. „Кога секој ден ти ја полнат главата со такви зборови, тешко е да не им се придружиш.“

Дали и ти, исто како Ива, постојано слушаш пцовки? Дали и самиот имаш навика да пцуеш?b Ако да, размисли што те тера да пцуеш. Тоа ќе ти помогне да престанеш.

Следниве прашања можат да ти помогнат да сфатиш што те тера да пцуеш:

Најчесто, зошто пцуеш?

□ Од лутина или од незадоволство

□ За да привлечам внимание

□ За да се вклопам во друштво

□ За да мислат другите дека сум „кул“

□ За да им се спротивставам на оние на повисока положба

□ Друго ․․․․․

Во кои околности најмногу ти доаѓа да пцуеш?

□ На училиште

□ На работа

□ Кога испраќам пораки преку Интернет или преку мобилен

□ Кога сум сам

Како го оправдуваш пцуењето?

□ И другите пцујат

□ И родителите пцујат

□ И наставниците пцујат

□ Медиумите се преплавени со пцовки

□ Ништо страшно, тоа се само зборови

□ Пцујам само пред лица на кои тоа не им пречи

□ Друго ․․․․․

Зошто воопшто да се мачиш да ја совладаш оваа навика? Дали навистина е толку лошо да се пцуе? Размисли за следново.

Не се „само зборови“. Исус рекол дека ‚устата го зборува она со кое е полно срцето‘ (Лука 6:45). Забележи дека нашите зборови не покажуваат какви би сакале да станеме, туку какви сме станале. Дури и ако пцуеш само за да не отскокнуваш од другите, тоа покажува дека ‚се поведуваш по мнозинството‘ и дека немаш свое јас (2. Мојсеева 23:2).

Но, тоа не е сѐ. Лингвистот Џејмс В. О’Конор вели: „Оние што пцујат обично се намќори, критизери, циници и лути кавгаџии на кои сѐ нешто не им е погодено и кои никогаш не се среќни“. На пример, тоа што некои пцујат секогаш кога нешто не им е по ќеф покажува дека очекуваат сѐ да им оди како подмачкано и дека не можат да поднесат грешки. Од друга страна, пак, оние што не пцујат „се најчесто смирени,.. зрели луѓе кои знаат да се справат со секојдневните проблеми“, вели О’Конор. На кого би сакал да личиш ти?

Пцуењето дава лоша слика за тебе. На повеќето млади им е важно како изгледаат и каков впечаток ќе остават. Веројатно тоа е случај и со тебе. Но, дали си знаел дека зборовите оставаат посилен впечаток отколку изгледот? Неоспорно е дека твојот говор може да влијае врз тоа...

◼ кој ќе сака да се дружи со тебе;

◼ дали ќе те примат некаде на работа;

◼ колку другите ќе те почитуваат.

Всушност, честопати првиот впечаток што другите ќе го стекнат за нас на темел на нашиот надворешен изглед брзо се губи штом ќе ја отвориме устата. О’Конор вели: „Не сте ни свесни колку пријателства не сте можеле да склопите, колку пати сте му биле одбивни некому и колку ниско сте паднале во очите на другите само затоа што непромислено сте користеле непристојни зборови“. Која е поуката? Вулгарноста може само да ти наштети.

Пцуењето е навреда за Оној што ни ја дал способноста за говор. Замисли си дека на некој пријател си му подарил кошула или блуза. Како би се чувствувал ако видиш дека твојот пријател го користи овој подарок како обична крпа или дека си ги брише чевлите од него? Тогаш, замисли си како се чувствува нашиот Творец кога ја злоупотребуваме способноста за говор што ни ја дал. Затоа, не е чудо што Божјата реч вели: „Нека се отстрани од вас сета злобна горчина и лутина и гнев и викање и навредлив говор заедно со сета злоба“ (Ефешаните 4:31).

Како што гледаш, има добри причини да престанеш да пцуеш. Но, што ако оваа навика станала дел од тебе? Како да ја отфрлиш?

Прво: Признај си дека треба да се промениш. Веројатно нема никогаш да престанеш да пцуеш ако најпрво не си на чисто зошто вреди да почнеш да се изразуваш поинаку. Која од следниве причини е доволно силна за да престанеш да пцуеш?

□ Да го радувам Оној што ми ја дал способноста за говор

□ Да заслужам поголема почит од другите

□ Да си го збогатам речникот

□ Да станам подобра личност.

Второ: Утврди што те тера да пцуеш. Мелани вели: „Кога пцуев, имав чувство дека сум ‚кул‘. Не сакав другите да ме понижуваат. Сакав јас да го имам последниот збор и да ги заќутам без око да ми трепне, како што правеа и оние со кои се дружев“.

Што те тера тебе да го правиш тоа? Мора да сфатиш зошто пцуеш ако сакаш да научиш како да го решиш овој проблем. На пример, ако пцуеш само за да бидеш како другите, треба да стекнеш поголема доверба во своите јаки страни. Тоа што нема да одиш по туѓ памет, туку ќе постапуваш според своите убедувања ќе ти помогне да созрееш, но и да престанеш да пцуеш.

Трето: Научи да се изразуваш поинаку. Не е доволно само да внимаваш да не ти излета некоја пцовка. Многу е важно да ја облечеш и „новата личност“ (Ефешаните 4:22-24). Така ќе научиш да се контролираш, да се цениш себеси, но и да ги почитуваш другите.

Следниве стихови ќе ти помогнат да ја облечеш — и никогаш да не ја соблечеш — новата личност.

Колошаните 3:2: „Мислете на она што е на небото, а не на она што е на земјата“.

Поука: Дисциплинирај се за да ти одат мислите секогаш во позитивна насока. Зборовите се одраз на размислувањето.

Изреки 13:20: „Кој оди со мудрите, ќе стане мудар, а кој си има работа со безумни, лошо ќе си помине“.

Поука: Говорот на твоите пријатели може да влијае и врз твојот говор.

Псалм 19:14: „Зборовите на мојата уста и размислувањето на моето срце нека ти бидат пријатни, о Јехова“.

Поука: Јехова гледа како ја користиме способноста за говор која ни ја дал.

Сѐ уште ти треба помош? Користи ја рамката погоре за да го следиш својот напредок и запиши секојпат кога ќе кажеш пцовка. Ќе се изненадиш колку брзо ќе си го подобриш речникот!

[Фусноти]

a Имињата во оваа статија се сменети.

b Христијаните имаат добра причина да не користат безобразни зборови. Библијата вели: „Никаков лош збор да не излегува од вашата уста“. „Вашиот збор секогаш нека биде пријатен, зачинет со сол“ (Ефешаните 4:29; Колошаните 4:6).

РАЗМИСЛИ

◼ кој ќе сака да се дружи со тебе?

◼ дали ќе те примат некаде на работа?

◼ што ќе мислат другите за тебе?

[Фусноти]

[Табела на страница 21]

СЛЕДИ ГО СВОЈОТ НАПРЕДОК

понеделник вторник среда четврток петок сабота недела

1. седмица ․․․․․․ ․․․․․․․ ․․․․․․․․․ ․․․․․․․․ ․․․․․․ ․․․․․․․․ ․․․․․․

2. седмица ․․․․․․ ․․․․․․․ ․․․․․․․․․ ․․․․․․․․ ․․․․․․ ․․․․․․․․ ․․․․․․

3. седмица ․․․․․․ ․․․․․․․ ․․․․․․․․․ ․․․․․․․․ ․․․․․․ ․․․․․․․․ ․․․․․․

4. седмица ․․․․․․ ․․․․․․․ ․․․․․․․․․ ․․․․․․․․ ․․․․․․ ․․․․․․․․ ․․․․․․

[Слика на страница 20]

Ако не ги упропастуваме скапите подароци, зошто да го упропастуваме дарот на говор?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели