ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 8/09 стр. 29
  • Писма од читателите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Писма од читателите
  • Разбудете се! 2009
  • Сличен материјал
  • Што има толку лошо во пцуењето?
    Разбудете се! 2008
  • Содржина
    Разбудете се! 2008
  • Дали сте знаеле?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2017
  • Писма од читателите
    Разбудете се! 2007
Повеќе
Разбудете се! 2009
g 8/09 стр. 29

Писма од читателите

Младите прашуваат: Што има толку лошо во пцуењето? (март 2008) Иако пораснав во христијанско семејство, ми стана навика да пцујам. Многупати се обидував да престанам, но залудно. Меѓутоа, оваа статија ми помогна да се контролирам. Како што вели и самата статија, не сакам да го злоупотребувам дарот на говор. Затоа сега двапати размислувам пред да кажам нешто. Ви благодарам многу.

К. П., Бразил

Имам 12 години. На училиште постојано слушам пцовки и се плашам дека еден ден и мене ќе ми се испушти некоја. Само што планирав да ви пратам писмо и да ве замолам во рубриката „Младите прашуваат“ да ја обработите оваа тема, кога во Разбудете се! се појави токму таква статија. Таа ме потсети зошто пцуењето е лошо и ја зајакна мојата решеност да не пцујам. Ве молам, продолжете да пишувате вакви статии!

А. П., САД

Јас и мојот сопруг заработуваме чистејќи станови. Една жена кај која чистиме ни спомна дека решила да престане да пцуе. Рече дека секој ден го моли Бог да ѝ помогне да престане со таа лоша навика. Исто така, ме замоли да ѝ дадам литература на оваа тема. Се молев за тоа, и тогаш, како и обично, ги симнав од веб-страницата www.jw.org најновите списанија на MP3. Колку се одушевив кога следниот ден ја чув најавата на содржината! Бев многу возбудена! Иако статијата е наменета за млади, знаев дека и таа ќе има корист ако ја прочита. Едвај чекав да ѝ ја дадам.

С. К., САД

Контрола на летање — што прави за твојата безбедност? (април 2008) Откако ја прочитав оваа статија, си реков: „Е, сега сум спремен да летам со авион!“ Бев охрабрен и се чувствував побезбеден бидејќи Разбудете се! ми покажа дека контролорите на летање се навистина заинтересирани за нашата сигурност. Ви благодарам.

Т. С., Бразил

Како ќе одговориш? Имам 12 години и живеам во јужна Ирска. Сакам да ви се заблагодарам за детските квизови на претпоследната страница од Разбудете се! Многу се добри! Тие им помагаат на децата да се задлабочат во содржината на списанието. Ве молам да продолжите да ги објавувате. Ви благодарам уште еднаш.

А. К., Ирска

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели