ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 4/07 стр. 29
  • Писма од читателите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Писма од читателите
  • Разбудете се! 2007
  • Сличен материјал
  • Писма од читателите
    Разбудете се! 2006
  • Писма од читателите
    Разбудете се! 2007
  • Писма од читателите
    Разбудете се! 2008
  • Мигел Сервето — сам во потрага по вистината
    Разбудете се! 2006
Повеќе
Разбудете се! 2007
g 4/07 стр. 29

Писма од читателите

Младите прашуваат... Зошто морам да читам? (Мај 2006) Имам 15 години и оваа статија ми беше многу корисна. Го однесов ова Разбудете се! на училиште и мојата професорка го виде. Во текот на часот таа зборуваше за навики на читање и им го покажа списанието на учениците. Спомна дека многу ѝ се допаднала статијата, и им препорача на сите присутни да ја прочитаат.

Д. А. К., Бразил

Порано обично ги читав само оние статии што обработуваа теми кои ми се допаѓаа. Сега свесно се трудам да ја прочитам секоја статија, дури и ако на прв поглед ми изгледа неинтересна. Увидов дека, скоро секогаш, токму тие статии ми стануваат најомилени. Многу ви благодарам.

И. Г., Соединетите Држави

Ми беше мило што дознав дека и денес има млади кои се исти како што бев и јас. Се крстив на 14 години, а сега имам 40. Кратко пред да се крстам, и јас стекнав навика секој ден да прочитам по неколку страници или од Стражарска кула или од Разбудете се! Мислам дека токму оваа навика ми помогна да не пропуштам да прочитам ниту една статија и да ја задржам својата духовност.

С. О., Јапонија

Мигел Сервето — сам во потрага по вистината (Мај 2006) Ви благодарам за оваа информативна статија. Многу ме охрабри и понатаму да проповедам и да го бранам Јеховиното име.

М. Р., Бразил

За повеќето луѓе, Сервето е позната личност на полето на медицината. Но, оваа статија откри дека овој учен човек имал и други извонредни особини, како што била неговата искреност и желбата да ја открие вистината. Ви благодарам што ја објавивте.

М. Х., Шпанија

Вредеше да се послушаат предупредувањата (Јуни 2006) Прекрасно е да се биде дел од Јеховината организација која изобилува со љубов. Сакам да им благодарам од сѐ срце на сите браќа и сестри што помогнаа да ми се поправи куќата која беше многу оштетена од ураганот Катрина. Сега мојот дом е жив доказ за нивната љубов.

И. Ф., Соединетите Држави

Свилата — „кралица на ткаенините“ (Јуни 2006) Уште како дете се прашував како се прави свилата. Колку се израдував кога ја видов оваа статија во Разбудете се! Навистина уживав додека ја читав, и таа уште повеќе го зголеми моето ценење за Јеховините творби.

А. К. Л., Бразил

Душевни растројства Ви благодарам за статијата „Кога некој Ваш близок има душевно растројство“ (8 декември 2004). Мајка ми веќе со години има душевно растројство. Сега сфаќам дека треба да ја поттикнам да побара помош и дека нема ништо срамно во врска со тоа.

М. П., Украина

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели