ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 3/08 стр. 24-25
  • Земја на термални бањи

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Земја на термални бањи
  • Разбудете се! 2008
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Геолошки карактеристики
  • Конечно ја пронајдов вистината
    Разбудете се! 1997
  • Еврејско ритуално капење — дали му претходело на крштавањето?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
  • Римските аквадукти — градби за восхит
    Разбудете се! 2014
  • Содржина
    Разбудете се! 2008
Повеќе
Разбудете се! 2008
g 3/08 стр. 24-25

Земја на термални бањи

ПРЕД повеќе од 2.000 години, Келтите основале една населба во близина на неколку извори на минерална вода, која ја нарекле Ак-инк („многу вода“). Денес ова место е познато како Будимпешта — престолнина на Унгарија и еден од најстарите градови во Европа. Овде древните жители знаеле да уживаат во изворите на топла вода, кои ги закрепнувале и им ги ублажувале тегобите и болките.

Во првиот век од н.е., овој дел од Европа потпаднал под власта на Рим. Римјаните ја прошириле оваа населба и изградиле воен логор, а местото го нарекле Аквинкум — име кое е изведено од келтскиот збор за вода или од латинскиот израз aqua quinque, што значи „пет води“. Римјаните конструирале аквадукти, канализација, и бањи (како приватни, така и јавни), што значи дека бањите во денешна Будимпешта не се ништо ново.

Но, тие повторно влегле во мода неколку векови откако пропаднало Римското Царство. Пишувајќи позитивно за термалните бањи во близина на унгарската престолнина, писателите од 15 век му ја зголемиле популарноста на градот. Се смета дека Матија Корвин, крал на Унгарија од 1458 до 1490 год., изградил покриен премин кој ги поврзувал кралскиот замок и неговата омилена бања Рац. На тој начин, до бањата можело да се дојде без разлика какво било времето надвор.

Во 16 и 17 век, Турците освоиле голем дел од територијата на Унгарија, а тука спаѓал и главниот град. Тие изградиле амами и бањи со топла вода во кои се вршеле муслиманските ритуали со капење и кои биле составен дел од општествениот живот на Турците. Величествените амами, всушност, биле базени со скалила, засводени со куполи. Водата во нив достигнувала до рамењата. Кадите и клупите околу базенот наизменично ги користеле машки и женски групи. Некои од овие бањи сѐ уште се во употреба.

Еден патепис од 1673 год. ги оценил бањите од ова место како едни од најдобрите во Европа поради „многуте извори на минерална вода со лековити својства, но и поради убавината и големината на самите објекти“. Во 19 век, станала популарна и финската сауна. Со текот на времето, на бањите во Будимпешта им биле додадени такви сауни, како и базени со студена вода.

Геолошки карактеристики

Во Будимпешта има вкупно 123 топли извори и 400 извори на горчлива вода од кои бликаат по 70 милиони литри вода дневно. Од каде толку вода? Одговорот лежи во геолошките карактеристики на ова место.

Низ Будимпешта тече реката Дунав, која го дели градот на два дела — Будим (западниот ридест брег) и Пешта (рамниот источен брег). Некогаш многу одамна, оваа област била морско дно на кое се наталожиле варовник и доломит. Со текот на времето, овие карпи биле потрупани со слоеви од глина, мергел, песок и јаглен.

Пукнатините на површината на земјата овозможуваат атмосферската вода да продре длабоко во почвата, каде што се загрева под влијание на вжештените карпи богати со минерали. Под силен притисок, оваа врела вода избива на површината низ пукнатините или се собира во бунарите.

Вакви геолошки карактеристики има цела Унгарија, а не само Будимпешта. Затоа, на многу места во земјата има извори на вода богата со минерали и прекрасни бањи, на кои им се припишуваат лековити својства.a

Топлите извори отсекогаш биле многу ценети во различни делови од светот. Дури и Библијата спомнува еден таков извор пронајден пред неколку илјади години во пустината Сеир, која се наоѓа меѓу Мртвото Море и Акабскиот Залив (1. Мојсеева 36:24).

Човекот има да учи уште многу за прекрасната и сложена планета на која живее. Како Бог ѝ ги поставил темелите и како ги создал прекрасните чуда на неа? Побожните луѓе кои размислуваат за овие прашања се восхитени од неизмерната мудрост на Творецот (Јов 38:4-6; Римјаните 1:20).

[Фуснота]

a Разбудете се! не се залага за ниеден посебен начин на лекување.

[Слика на страници 24 и 25]

Термалната бања во хотелот Гелерт

[Слика на страница 24]

Бањата Рудош, изградена од Турците

[Слика на страници 24 и 25]

Бањата Сечењи во зима

[Извор на слика на страница 24]

Сите фотографии: со љубезна дозвола од Tourism Office of Budapest

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели