ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 4/08 стр. 26
  • „Лепливите прсти“ на геконот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Лепливите прсти“ на геконот
  • Разбудете се! 2008
  • Сличен материјал
  • Творештвото — огледало на Јеховината мудрост
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Што учиме од природата?
    Разбудете се! 2006
  • Содржина
    Разбудете се! 2008
  • Кој бил прв?
    Дали животот е Божје дело?
Повеќе
Разбудете се! 2008
g 4/08 стр. 26

Случајно или создадено?

„Лепливите прсти“ на геконот

◼ Научниците се вчудовидени од способноста на геконот (еден вид мал гуштер) да се качува по мазни површини — па дури и да претрчува по рамен таван — без да се лизне и да падне! Како ова неверојатно гуштерче го прави тоа?

Библијата вели дека геконот „се фаќа со нозете“ за површината (Изреки 30:28). Неговите стапалца кои, всушност, повеќе личат на рака, се држат за мазната површина неверојатно лесно. Секое прсте е прекриено со правилни набори, а од секој набор излегуваат илјадници тенки испупчувања во форма на влакна. Секое испупчување, пак, на врвот се разгранува во додатни стотици микроскопски влакненца. Меѓумолекуларната сила (наречена и Ван дер Валсова сила), која доаѓа од овие влакненца, е доволно јака да ја додржи тежината на гуштерот, дури и кога тој претрчува свртен наопаку по некоја стаклена површина!

Научниците се обидуваат да направат средство што ќе може, исто како стапалата на геконот, да се лепи за мазни површини.a Од него би имало повеќекратни користи. Списанието Science News вели дека би можело „да има најразлична употреба во медицината, од фластери кои не се одлепуваат ако се влажни до замена за хируршки конци кои се користат при операциите“.

По овој краток осврт на геконот, што мислиш ти: Дали неговите „лепливи прсти“ настанале случајно или, пак, биле создадени?

[Фуснота]

a Научниците го анализираат и протеинот што го лачи дагњата (еден вид школка), кој му овозможува на ова водно суштество да се лепи за мокри површини.

[Слика на страница 26]

Гекон од видот токај гледан одоздола

[Слика на страница 26]

Микроскопските влакна на стапалото на геконот

[Извори на слики на страница 26]

Гекон: Breck P. Kent; слика одблизу: © Susumu Nishinaga/Photo Researchers, Inc.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели