ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 4/08 стр. 27-29
  • Зошто родителите немаат доверба во мене?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Зошто родителите немаат доверба во мене?
  • Разбудете се! 2008
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Маките на созревањето
  • Покажи дека може да ти се верува
  • Да се поврати довербата
  • Како да добијам поголема слобода?
    Младите прашуваат — делотворни одговори, том 1
  • Како да ја стекнам довербата на родителите?
    Младите прашуваат
  • Зошто толку многу правила?
    Младите прашуваат — делотворни одговори, том 2
  • Довербата е од пресудна важност за среќен живот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
Повеќе
Разбудете се! 2008
g 4/08 стр. 27-29

Младите прашуваат

Зошто родителите немаат доверба во мене?

„Би сакала понекогаш родителите да ме пуштат сама да излезам од дома. Па, јас не барам да ме пуштат да скитам по светот. Јас само сакам да можам сама да отидам до кај тетка ми без мајка ми да се секира дека ќе си заминам од дома“ (Сара, 18).a

„Секогаш ги прашувам родителите зошто не ми веруваат кога сакам да излезам со некои другарки. Честопати ми велат: ‚Ти веруваме тебе, но не им веруваме на твоите другарки‘. Тоа страшно ме нервира!“ (Кристина, 18).

ДОВЕРБАТА е како пари. Тешко се стекнува, лесно се губи и, колку и да ја имаш, никогаш не ти е доста. Илина (16) вели: „Секојпат кога сакам да излезам, родителите ме затрупуваат со куп прашања — каде ќе одам, со кого ќе одам, што ќе правам, кога ќе се вратам. Знам дека ми се родители, ама ми одат на нерви кога ме распрашуваат така!“

Дали понекогаш си мислиш дека родителите треба да имаат повеќе доверба во тебе? Што можеш да направиш во врска со тоа? Прво, да видиме зошто довербата е толку осетлива тема меѓу родителите и младите.

Маките на созревањето

Во Библијата пишува дека „човек ќе ги остави татка си и мајка си“ (1. Мојсеева 2:24). Се разбира, ова се однесува и на жените. Значи, без разлика дали си момче или девојка, многу важна цел на тинејџерските години е да те подготват за животот како возрасен човек — кога ќе бидеш спремен да си заминеш од дома и можеби и самиот да основаш семејство.

Меѓутоа, не се станува возрасен преку ноќ. Созревањето е како една скала по која се качуваш, скалило по скалило, во текот на твоите тинејџерски години. Точно, можеби ти и родителите имате различни мислења во врска со тоа до каде веќе си стигнал на скалата. „Имам 20 години, и сѐ уште се расправаме за истата работа“, вели Марија, која смета дека родителите немаат доверба во неа кога станува збор за пријатели. „Моите родители мислат дека ќе немам доволно сила да избегам од некоја лоша ситуација. Сум им кажала дека јас веќе имам избегано од лоши ситуации, но тоа не им е доволно.“

Како што се гледа од зборовите на Марија, довербата може да биде причина за прилично затегнати односи меѓу децата и родителите. Дали е така и во твоето семејство? Што можеш да направиш за родителите да имаат поголема доверба во тебе? А, ако си ја изгубил нивната доверба затоа што си направил некоја глупост, како можеш да ги поправиш работите?

Покажи дека може да ти се верува

На христијаните во првиот век апостол Павле им напишал: „Проверувајте се самите себе“ (2. Коринќаните 13:5). Човек може да се провери, и така да си покаже себеси, а и на другите, каков е. Точно, Павле со овие зборови не им се обратил првенствено на тинејџерите, но начелото важи и за нив. Честопати, колку ќе ти веруваат луѓето, зависи од тоа колку доверлив си се покажал. Тоа не значи дека треба да бидеш совршен. На крајот на краиштата, сите грешат (Проповедник 7:20). Меѓутоа, општо земено, дали со своето однесување им даваш на твоите родители причина да немаат доверба во тебе?

На пример, Павле напишал: „Сакаме во сѐ да постапуваме чесно“ (Евреите 13:18). Запрашај се: ‚Дали искрено им кажувам на родителите каде одам и што правам?‘ Размисли за зборовите на овие неколкумина млади кои морале добро да се преиспитаат во врска со оваа работа.

Лора: „Скришно се допишував на Интернет со еден дечко што ми се допаѓаше. Родителите дознаа и ми рекоа да престанам. Им ветив дека ќе престанам, но не го сторив тоа. Така терав уште цела година. Родителите ќе ми фатеа некоја порака, јас ќе се извинев и ќе им ветев дека ќе прекинам, но потоа пак ќе го направев истото. Работите дојдоа дотаму што веќе за ништо не ми веруваа!“

Што мислиш, зошто родителите на Лора ја изгубиле довербата во неа, и како можела таа да постапи поодговорно уште првиот пат кога тие зборувале со неа? Запиши го својот одговор на празните линии.

․․․․․

Бети: „Родителите немаа доверба во мене кога бев со машки, но сега ми е јасно зошто. Флертував со две-три момчиња кои беа две години постари од мене. Со часови киснев на телефон со нив, а на седенки или забави не зборував речиси со никој друг освен со нив. Родителите ми забранија цел месец да зборувам по телефон и не ме пуштаа да одам таму каде што одеа тие момчиња“.

Што мислиш, зошто родителите на Бети ја изгубиле довербата во неа, и со што можела да ги поправи работите?

․․․․․

Анета: „При крајот на основното училиште, јас и една другарка бевме на забава. На одење — иако знаевме дека родителите ќе се лутат — си зедовме по една лименка пиво за дома и решивме да го испиеме подоцна, чисто од бес. Мајка ѝ на другарка ми ѝ го нашла пивото. Потоа се дозна дека и јас имам пиво дома. Најстрашното нешто беше разочарувањето што ѝ се читаше на лицето на мајка ми!“

Кога Анета би ти била помала сестра, каков совет би ѝ дал за повторно да ја стекне довербата на мајка ти?

․․․․․

Да се поврати довербата

Но, што ако и ти, како младите што се цитирани во оваа статија, си направил нешто поради кое родителите ја изгубиле довербата во тебе? Биди сигурен дека можеш да ги поправиш работите. Но, како?

Веројатно, твоите родители ќе ти веруваат повеќе ако се покажеш како одговорна личност. Еве еден пример за тоа: Замисли си дека еден човек должи пари на некоја банка. Ако редовно си ги отплаќа ратите, ќе ја стекне довербата на банката, па дури може во иднина да му одобри и друг, поголем кредит. Слично е и дома. Ако покажеш дека може да ти се верува — дури и за мали работи — родителите веројатно во иднина ќе имаат поголема доверба во тебе.

Со текот на времето, Анета добро го сфатила тоа. Таа вели: „Кога си помлад, не ти е сосема јасно колку е важно другите да имаат доверба во тебе. Сега чувствувам поголема одговорност и обврска да се однесувам на начин кој ќе ми помогне да ја задржам довербата на моите родители“. Што можеш да научиш од ова? Наместо да се жалиш дека родителите не ти веруваат, работи на тоа да покажеш дека можат да имаат доверба во тебе.

На пример, може ли да ти веруваат во врска со работите што се наведени подолу? Штиклирај на што мораш да работиш.

□ Да се приберам дома навреме.

□ Да бидам точен.

□ Да си ги завршам обврските.

□ Да си ја чистам собата.

□ Да не претерувам со телефонот.

□ Да си стојам на зборот.

□ Паметно да ги трошам парите.

□ Да станувам наутро без кенкање.

□ Да ја кажувам вистината.

□ Да си ги признавам грешките и да се извинам.

□ Друго ․․․․․

Постави си за цел да покажеш дека може да ти се верува во работите што си ги штиклирал. Послушај ги библиските совети: „Соблечете [ја] старата личност, обликувана според вашиот поранешен начин на живот“ (Ефешаните 4:22). „Кога ќе кажете: ‚Да‘, тоа нека значи ‚да‘“ (Јаков 5:12). „Зборувајте ја вистината секој на својот ближен“ (Ефешаните 4:25). „Слушајте ги своите родители во сѐ“ (Колошаните 3:20). Со текот на времето, другите, вклучувајќи ги и твоите родители, ќе го видат твојот напредок (1. Тимотеј 4:15).

Но, што ако мислиш дека, колку и да се трудиш, твоите родители немаат доволно доверба во тебе? Би можел да разговараш со нив за тоа. Наместо да се жалиш и да тврдиш дека тие треба да имаат поголема доверба, со почит прашај ги што треба ти да направиш за да ја стекнеш нивната доверба. Јасно кажи им какви цели си имаш поставено во тој поглед.

Не очекувај родителите веднаш да ти ги укинат ограничувањата. Тие сигурно ќе сакаат да се уверат дека ќе си стоиш на зборот. Затоа, покажи им дека можат да ти веруваат. Со текот на времето, веројатно ќе стекнат поголема доверба во тебе. Така било во случајот на Бети, која ја спомнавме погоре. Таа вели: „Многу потешко е да се стекне отколку да се изгуби довербата. Гледам дека сега имаат поголема доверба во мене, и многу ми е убаво поради тоа!“

[Фуснота]

a Имињата во оваа статија се сменети.

РАЗМИСЛИ

◼ Зошто понекогаш родителите се повоздржани, и покрај тоа што правиш сѐ за да покажеш дека можат да ти веруваат?

◼ Ако сакаш родителите да имаат поголема доверба во тебе, зошто е важно искрено да зборуваш со нив?

[Истакната мисла на страница 29]

Работи на тоа да покажеш дека може да се има доверба во тебе

[Графикон/слика на страница 28]

Преодната фаза до возрасен човек во кого може да се има доверба е како скала по која се качуваш, скалило по скалило, во текот на твоите тинејџерски години

[Графикон]

(Види во публикацијата)

ВОЗРАСЕН ЧОВЕК

ТИНЕЈЏЕР

ДЕТЕ

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели