ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 1/09 стр. 17
  • Клунот на туканот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Клунот на туканот
  • Разбудете се! 2009
  • Сличен материјал
  • Клунот на сипата
    Разбудете се! 2009
  • Содржина
    Разбудете се! 2009
  • Клунот на рибарчето
    Разбудете се! 2010
  • Содржина
    Разбудете се! 2010
Повеќе
Разбудете се! 2009
g 1/09 стр. 17

Случајно или создадено?

Клунот на туканот

◼ Бидејќи не го бидува многу за летање, туканот од Средна и Јужна Америка се движи главно со потскокнување. Некои видови тукани испуштаат звук сличен на жабјо крекање, само погласно. Во џунглата, гласот на туканот може да се чуе на оддалеченост и до 1 километар. Меѓутоа, она што можеби најмногу ги одушевува научниците кај туканот е неговиот клун.

Размисли: Клунот на некои тукани е повеќе од една третина од должината на нивното тело. Изгледа дека е тежок, но не е. „Површината на клунот е од кератин — материја што ја има и во ноктите и во косата“, објаснува Марк Андре Мајерс, кој се занимава со испитување на материјалите. „Таа е составена од многу слоеви со ситни шестоаголни плочки кои се преклопуваат како ќерамиди на покрив.“

Внатрешноста на клунот на туканот може да се спореди со тврд сунѓер. Некои делови од внатрешноста се шуплини, а некои врзивно ткиво и мембрани, па затоа клунот е лесен, но и неверојатно цврст. „Човек би помислил дека туканот има извонредни познавања од областа на машинството“, вели Мајерс.

Поради ваквата структура, клунот на туканот издржува силни удари. Научниците сметаат дека неговиот клун може да им послужи како модел на инженерите во автомобилската и во авионската индустрија. „Ако надворешните делови од едно возило се направат по теркот на клунот на туканот, тие би овозможиле подобра заштита при сообраќајни несреќи“, вели Мајерс.

Што мислиш? Дали цврстиот, но лесен клун на туканот настанал случајно или е дело на мудар Творец?

[Графикон/слика на страница 17]

шуплива средина

сунѓереста структура

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели