ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 4/10 стр. 29
  • Клунот на рибарчето

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Клунот на рибарчето
  • Разбудете се! 2010
  • Сличен материјал
  • Разнобојните рибарчиња
    Разбудете се! 2010
  • Содржина
    Разбудете се! 2010
  • Најдолгиот патнички тунел на светот
    Разбудете се! 2002
  • Содржина
    Разбудете се! 2010
Повеќе
Разбудете се! 2010
g 4/10 стр. 29

Случајно или создадено?

Клунот на рибарчето

● Некои јапонски возови, кои достигнуваат брзина од речиси 300 километри на час, се едни од најбрзите во светот. Делумно, ваквото достигнување се должи на една мала птица, имено рибарчето. Зошто?

Размисли: Во потрага по вкусен оброк, рибарчето може да се нурне во водата без да се распрска многу вода. Ова му го привлекло вниманието на Еиџи Накацу, инженер кој раководел со пробните испитувања на јапонските брзи возови. Се прашувал како рибарчето се приспособува толку брзо на промената од слаб отпор (на воздухот) на силен отпор (на водата). Одговорот на ова прашање помогнал да се изнајде решение за еден проблем во конструкцијата на брзите возови. Накацу објаснува: „Кога еден воз со голема брзина ќе влезе во тесен тунел, се создаваат воздушни ‚бранови‘ кои постепено се засилуваат како цунами. Тие се движат до крајот на тунелот со брзина на звукот, при што [на излезот] настануваат бранови со ниска фреквенција кои произведуваат татнеж и аеродинамични вибрации. Бидејќи тие се многу силни, луѓето кои живеат во радиус од 400 метри се жалеле до властите поради тресењето и силната бучава.“

Било одлучено предниот дел на брзите возови да се дизајнира според клунот на рибарчето. Каков бил резултатот? Брзите возови сега патуваат за 10 отсто побрзо, а нивната потрошувачка на енергија е намалена за 15 отсто. Освен тоа, воздушниот притисок што го создава возот е намален за 30 отсто, па затоа сега не се слуша татнење кога возот поминува низ тунел.

Што мислиш? Дали клунот на рибарчето настанал случајно или е дело на мудар Творец?

[Извори на слики на страница 29]

Нуркање на рибарче: Woodfall/Photoshot; брз воз: AP Photo/Kyodo

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели