ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 1/09 стр. 28-29
  • Дали твоите проблеми се казна од Бог?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали твоите проблеми се казна од Бог?
  • Разбудете се! 2009
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Верни Божји слуги кои доживеале неволји
  • Причина за нашите проблеми
  • Наскоро — свет без проблеми
  • Дали страдањата во животот се казна од Бог?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Јов — истраен и непорочен човек
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
  • Лекција за тоа како да се постапува со проблемите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Јов го возвишувал името на Јехова
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
Повеќе
Разбудете се! 2009
g 1/09 стр. 28-29

Што вели Библијата

Дали твоите проблеми се казна од Бог?

„Мислам дека ова ми е казна“, вели една жена на 50-ина години, која дознала дека има рак. Сеќавајќи се на престапот што го направила пред многу години, таа вели: „Бог сигурно сака да ме потсети на мојот грев“.

КОГА ќе ги снајде некаква неволја, многумина мислат дека тоа им е казна од Бог за некоја стара грешка. Изненадени од многуте проблеми со кои се соочуваат, тие обично велат: „Зошто баш јас? Со што го заслужив ова?“ Треба ли да заклучиме дека, ако имаме проблеми, Бог е незадоволен со нас? Дали проблемите ни се казна од Бог?

Верни Божји слуги кои доживеале неволји

Размисли за она што го вели Библијата за еден човек по име Јов. Неговото богатство исчезнало преку ноќ. Во една бура загинале сите негови десет деца. По кратко време добил тешка болест (Јов 1:13-19; 2:7, 8). Таквите неволји го навеле да каже: „Божјата рака ме допре!“ (Јов 19:21). Очигледно, Јов, како и многу луѓе денес, мислел дека Бог го казнува.

Меѓутоа, Библијата открива дека, пред да го снајдат неволји, лично Бог за него рекол дека е „човек беспрекорен и праведен, кој се бои од Бога и го одбегнува злото“ (Јов 1:8). Тоа што Бог изразил вакво мислење за Јов нѐ уверува дека неволјите што тој ги доживеал не биле Божја казна.

Библијата е полна со примери на праведни луѓе кои се нашле во неволја. Јосиф бил верен Божји слуга, но морал со години да чмае в затвор ни крив ни должен (1. Мојсеева 39:10-20; 40:15). Верниот христијанин Тимотеј имал кревко здравје (1. Тимотеј 5:23). Дури и Исус Христос, кој немал направено ниту еден грев, бил сурово малтретиран пред да умре со маченичка смрт (1. Петрово 2:21-24). Според тоа, би било погрешно да заклучиме дека проблемите ни се Божја казна. Но, ако Бог не е виновен за проблемите, тогаш кој?

Причина за нашите проблеми

Библијата покажува дека причина за трагичните настани што му се случиле на Јов бил Сатана Ѓаволот (Јов 1:7-12; 2:3-8). Освен тоа, во неа е посочен Сатана како главен извор на проблемите што ги доживуваме денес, со зборовите: „Тешко вам, земјо и море, зашто Ѓаволот слегол кај вас со голем гнев, знаејќи дека има кратко време!“ (Откровение 12:12). Како ‚владетел на овој свет‘, Сатана навел многу луѓе да извршат злосторства кои предизвикале неопислива болка и страдања (Јован 12:31; Псалм 37:12, 14).a

Меѓутоа, тоа не значи дека Ѓаволот е виновен за секој наш проблем. Поради наследениот грев и несовршеноста, склони сме да донесуваме лоши одлуки, и со тоа сами да си направиме проблеми (Псалм 51:5; Римјаните 5:12). Еве, да речеме дека еден човек намерно не се храни исправно и не се одмора доволно. Ако на крајот добие сериозни здравствени проблеми, дали со право би можел да го обвини Ѓаволот за тоа? Не. Тој едноставно ќе ги пожнее тешките последици од својата лоша одлука (Галатите 6:7). Во таков случај, би важела библиската изрека: „Човековото лично безумие животот му го упропастува“ (Изреки 19:3, Радосна Вест).

Исто така, треба да бидеме свесни дека причина за многу непријатни случки се и „времето и непредвидените настани“ (Проповедник 9:11). Да претпоставиме дека некој се затекнал надвор кога паднал дожд. Дали само малку ќе се намокри или ќе стане жива вода, ќе зависи од тоа каде се нашол кога заврнало. Слично на тоа, лошите услови во овие „особено тешки времиња“ можат исто така брзо да прераснат во порој од неволји (2. Тимотеј 3:1-5). До која мера влијаат врз нас лично, најчесто зависи од тоа дали ќе се најдеме на погрешно место во погрешно време, а тоа не можеме да го контролираме. Тогаш, дали ова значи дека проблеми ќе има секогаш?

Наскоро — свет без проблеми

За среќа, многу скоро, Јехова Бог ќе им стави крај на неволјите (Исаија 25:8; Откровение 1:3; 21:3, 4). Во меѓувреме, тој покажува дека се грижи за нас давајќи ни поука и ‚утеха од Писмата‘ за да се справиме со сегашниве неволји, додека со нетрпение очекуваме една прекрасна иднина (Римјаните 15:4; 1. Петрово 5:7). Тоа ќе биде време кога оние што се праведни во Божји очи ќе живеат вечно во еден нов свет — свет без какви и да било проблеми (Псалм 37:29, 37).

[Фуснота]

a Види ја статијата „Гледиште на Библијата: Кој е Сатана? Дали навистина постои?“, во Разбудете се! од февруари 2007.

ШТО МИСЛИШ?

◼ Дали неволјите ги снаоѓаат само лошите луѓе? (Јов 1:8)

◼ Дали Ѓаволот е виновен за сите наши проблеми? (Галатите 6:7)

◼ Дали проблемите секогаш ќе ги има? (Откровение 21:3, 4)

[Истакната мисла на страница 29]

„Времето и непредвидените настани го снаоѓаат секого од нив“ (Проповедник 9:11)

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели