ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 2/09 стр. 24
  • Крилјата кај живите суштества

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Крилјата кај живите суштества
  • Разбудете се! 2009
  • Сличен материјал
  • Летечките градинари во тропските дождовни шуми
    Разбудете се! 2014
Разбудете се! 2009
g 2/09 стр. 24

Случајно или создадено?

Крилјата кај живите суштества

◼ Што мислиш, дали авионите летаат поефикасно од крилестите суштества како што се лилјаците, инсектите и птиците? Верувале или не, авионите воопшто не можат да се мерат со овие чудесни мали суштества кои „имаат извонредна способност да се одржат во воздухот при налет на ветер, кога врне снег или кога паѓа дожд“, вели Веј Ша, професор по космички инженеринг при Универзитетот во Мичиген.a Тајната лежи во нивните крилја кои предизвикуваат завист кај авијатичарите уште од времето кога човекот за првпат се обидел да лета.

Размисли: Додека летаат, некои птици и инсекти постојано ја менуваат формата на крилјата, приспособувајќи ги спрема средината. Ова им овозможува да лебдат и да прават нагли движења. Списанието Science News вели дека кај лилјаците било забележано следново: „Летајќи бавно, со брзина од околу 1,5 метар во секунда, [овие суштества] ги превртуваат врвовите од крилјата и брзо ги враќаат во првобитната положба за да достигнат поголема висина. Научниците претпоставуваат дека оваа техника... ги одржува во воздухот и ги придвижува напред“.

Се разбира, има уште многу да се учи за крилестите суштества. „Што му прават на воздухот за да се кренат нагоре толку ефикасно?“ — се прашува Питер Ифју, професор по машинство и космичко инженерство при Универзитетот во Флорида. Понатаму, тој вели: „Постојат разни аспекти од законот за аеродинамика кои едноставно не ги разбираме. Можеме да видиме што прават [птиците и инсектите], но не можеме да го разбереме заемното дејство помеѓу нивните движења и воздухот“.

Што мислиш? Дали приспособливите крилја кај живите суштества настанале случајно или се дело на мудар Творец?

[Фуснота]

a Иако многу крилести суштества можат да летаат на дожд, повеќето од нив бараат засолниште кога врне.

[Слика на страница 24]

Колибри

[Извор на слика]

Laurie Excell/Fogstock/ age fotostock

[Слика на страница 24]

Лилјак

[Извор на слика]

© Delpho, M/age fotostock

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели