ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 3/09 стр. 5-7
  • Мудро ракувај со парите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Мудро ракувај со парите
  • Разбудете се! 2009
  • Сличен материјал
  • Како да водите сметка за парите
    Твоето семејство може да биде среќно
  • Дали парите се корен на сето зло?
    Одговор на библиски прашања
  • Како гледаш на парите?
    Разбудете се! 2015
  • Пари
    Разбудете се! 2014
Повеќе
Разбудете се! 2009
g 3/09 стр. 5-7

Мудро ракувај со парите

БИБЛИЈАТА вели дека „љубовта кон парите е корен на секакви зла“ (1. Тимотеј 6:10). Има луѓе кои се просто заљубени во парите и целиот свој живот го посветуваат на стекнување богатство. Некои доживеале негативни последици бидејќи им станале робови. Меѓутоа, парите можат да бидат и корисни ако исправно ракуваме со нив. И Библијата тврди дека „парите набавуваат сѐ“ (Проповедник 10:19).

Иако не тврди дека е прирачник за финансии, Библијата содржи практични совети кои можат да ни помогнат мудро да трошиме. Финансиските советници најчесто ги препорачуваат следниве пет чекори кои се во склад со библиските начела запишани многу одамна.

Штедење. Од Библијата дознаваме дека древните Израелци биле поучени да штедат. Им било кажано секоја година да одвојуваат десеток кој ќе го користат исклучиво за да присуствуваат на празниците (5. Мојсеева 14:22-27). И апостол Павле ги поттикнал првите христијани секоја седмица да тргаат настрана прилози за сиромашните соверници (1. Коринќаните 16:1, 2). Повеќето финансиски советници препорачуваат да се штеди, па затоа постави си ваква цел. Веднаш откако ќе земеш плата, стави си настрана одредена сума. Ако ги одвоиш, помалку е веројатно дека ќе ги потрошиш.

Распределба. Ова е единствениот практичен начин да имаш увид и контрола и да ги намалиш своите трошоци. Ако добро ги распределиш средствата, ќе бидеш свесен каде ти одат парите и полесно ќе ги оствариш своите финансиски цели. Пресметај колкав е твојот приход и троши помалку отколку што заработуваш. Прави разлика помеѓу тоа што се потреби, а што желби. Исус ги поттикнал своите слушатели да ‚го пресметаат трошокот‘ пред да почнат некоја работа (Лука 14:28). Библијата нѐ советува да не заглавуваме во непотребни долгови (Изреки 22:7).

Планирање. Внимателно размисли што ќе ти треба. На пример, ако планираш да купиш куќа или стан, мудро е да земеш станбен кредит со разумна камата. Еден семеен поглавар можеби ќе одлучи да купи полиса за животно, здравствено, инвалидско или друг вид осигурување за да го заштити своето семејство. Практично би било да ги земеш предвид и твоите потреби откако ќе се пензионираш. Изреки 21:5 (фуснота) нѐ потсетува дека „плановите на трудољубивиот сигурно донесуваат корист“.

Спремност да се учи. Се исплаќа да стекнуваш нови вештини и да водиш сметка за своето физичко и емоционално здравје. Живеј според мотото: „Човек учи додека е жив“. Библијата зборува многу пофално за „мудроста и способноста за расудување“ и нѐ поттикнува да продолжиме да ги развиваме (Изреки 3:21, 22; Проповедник 10:10).

Урамнотежено гледиште. Многу истражувања потврдуваат дека лицата што повеќе се грижат за луѓето отколку за парите се посреќни. Некои дозволуваат да ги контролира алчноста. Откако ќе успеат да си ги задоволат основните потреби, парите им стануваат главна преокупација. Меѓутоа, што друго навистина ни треба освен храна, облека и покрив над главата? Не е ни чудо што еден од писателите на Библијата, спомнат на почетокот од оваа статија, го напишал и следново: „Ако имаме храна, облека и покрив над главата, со тоа да бидеме задоволни“ (1. Тимотеј 6:8). Колку повеќе сме задоволни со она што го имаме толку помала ќе биде нашата љубов кон парите, а и веројатноста да нѐ снајдат проблеми поради тоа.

Љубовта кон парите е навистина корен на секакви зла. Ако им дозволиш, тие можат да станат твој господар, но ако ги користиш мудро, ќе ти помогнат да имаш време за поважните работи во животот, како на пример да бидеш близок со членовите на семејството, со пријателите и со Бог. Сепак, не е реално да очекуваме во овој свет да немаме никакви финансиски проблеми. До кога парите ќе предизвикуваат грижи кај луѓето? Можеме ли да се надеваме дека на сиромаштијата ќе ѝ биде ставен крај? Одговорот е даден во последната од овие статии.

[Истакната мисла на страница 5]

Пресметај колкав е твојот приход и троши помалку отколку што заработуваш

[Истакната мисла на страница 5]

Прави разлика помеѓу тоа што се потреби, а што желби

[Истакната мисла на страница 6]

Што друго навистина ни треба освен храна, облека и покрив над главата?

[Рамка/слика на страница 7]

НАУЧИ ГИ СВОИТЕ ДЕЦА ДА РАКУВААТ СО ПАРИ

Бидејќи многу возрасни имаат финансиски проблеми, стручњаците ги поттикнуваат родителите да ги научат своите деца уште од мали да ракуваат со пари. Сѐ што знаат повеќето деца за парите е дека тие се добиваат од таткото или од банка. Кога ги учиш своите деца да ги ценат парите, односно да прават разлика помеѓу желби и потреби и да научат да штедат и да вложуваат, им помагаш еден ден да не заглават во долгови и да им робуваат на парите. Еве неколку предлози:

1. Дај добар пример. Децата ќе се водат според твоите постапки, а не според твоите зборови.

2. Одреди колку смеете да трошите. Разговарајте колку можат да потрошат тие, а колку ти. Научи да кажеш ‚не‘ и да останеш на тоа.

3. Дозволи им да ракуваат со пари. Ако добиваат џепарлак или ако заработуваат, поучи ги како да ги трошат тие пари, но допушти им и тие да донесат некои одлуки.

4. Поучи ги да делат. Поттикни ги да бидат дарежливи и редовно да тргаат по нешто настрана за да му укажат чест на Бог.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели