ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 3/09 стр. 18-20
  • Треба ли да најдам подобри пријатели?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Треба ли да најдам подобри пријатели?
  • Разбудете се! 2009
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Прв услов за пријателство: убави особини
  • Втор услов за пријателство: Примерен живот
  • Трет услов за пријателство: позитивно влијание
  • Како да најдам добри пријатели?
    Младите прашуваат — делотворни одговори, том 1
  • Кои ми се вистински пријатели?
    Разбудете се! 2011
  • Добри пријатели — лоши пријатели
    Разбудете се! 2005
  • Мудро бирај ги своите пријатели
    Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
Повеќе
Разбудете се! 2009
g 3/09 стр. 18-20

Младите прашуваат

Треба ли да најдам подобри пријатели?

„Кога сум лута, имам потреба да кажам некому сѐ што ми лежи на срце. Кога сум тажна, ми треба некој што ќе ме утеши. Кога сум среќна, сакам среќата да ја споделам со некого. Затоа мислам дека е многу важно да се има пријател“ (Британи)

СЕ ВЕЛИ дека на малите деца им се потребни другарчиња со кои ќе си играат, а на возрасните им се потребни пријатели. Во што се состои разликата?

Другарче е некој што ти прави друштво.

Пријател е некој со кого имаш нешто заедничко.

Библијата вели дека „вистинскиот пријател сака во секое време, и брат станува во неволја“ (Изреки 17:17). Таков пријател сигурно нема да најдеш на детско игралиште!

Факт: Додека созреваш, потребни ти се пријатели кои...

1) имаат убави особини.

2) водат примерен живот.

3) имаат позитивно влијание врз тебе.

Прашање: Што ќе ти помогне да одредиш дали твоите пријатели ги задоволуваат овие три услови? Да ги разгледаме еден по еден.

Прв услов за пријателство: убави особини

Што би требало да знаеш. Секој не може да ти биде вистински пријател. Библијата вели дека „има луѓе што се готови да го уништат својот другар“ (Изреки 18:24). Ова може да звучи малку екстремно, но размисли за следново: Си имал ли некогаш „пријател“ кој те искористувал или зад твој грб зборувал сѐ и сешто? Поради тоа можеби повеќе немаш доверба во никого.a Запомни дека е важно какви пријатели имаш, а не колку се на број!

Што можеш да сториш. Избирај пријатели со убави особини.

„Сите имаат добро мислење за мојата пријателка Фиона, и тоа го сметам за добар пример. Затоа би сакала другите да зборуваат добро и за мене“ (Ивет, 17).

Предлог.

1. Прочитај Галатите 5:22, 23.

2. Прашај се: ‚Дали моите пријатели ги покажуваат „плодовите на духот“?‘

3. Наведи ги имињата на твоите најблиски пријатели. До секое име напиши која особина е најкарактеристична за тоа лице.

Име Особина

․․․․․ ․․․․․

․․․․․ ․․․․․

․․․․․ ․․․․․

Забелешка: Ако ти текнуваат само негативни особини, можеби би било подобро да најдеш нови пријатели!

Втор услов за пријателство: Примерен живот

Што би требало да знаеш. Колку поочајно копнееш по пријатели толку поголема е опасноста да се фатиш со лошо друштво. Библијата вели: „Кој си има работа со безумни, лошо ќе си помине“ (Изреки 13:20). Зборот „безумни“ не укажува на луѓе без интелигенција, туку на лица кои не прифаќаат здрава логика и морално водство. Не е мудро да имаш такви пријатели!

Што можеш да сториш. Наместо да се спријателуваш со секој што те прифаќа, биди избирлив (Псалм 26:4). Тоа не значи дека треба да имаш предрасуди, туку дека треба да бидеш доволно прониклив за да ‚ја видиш разликата меѓу праведникот и злиот, меѓу оној што му служи на Бог и оној што не му служи‘ (Малахија 3:18).

Иако не е пристрасен, Бог е избирлив кога станува збор за оние што ги прифаќа како ‚гости во својот шатор‘ (Псалм 15:1-5). И ти би можел да постапуваш како него. Ако живееш според Божјите мерила, поголема е веројатноста дека ќе те најдат оние што се трудат да го прават истото. Ќе се увериш дека тие се најдобри пријатели што би можел да ги имаш!

„Благодарен сум што моите родители ми помогнаа да најдам пријатели на моја возраст кои се добар пример“ (Кристофер, 13).

Предлог.

Одговори на следниве прашања:

◼ Дали во друштво со моите пријатели постојано сум на штрек бидејќи се плашам дека некој ќе ме тера да направам нешто неисправно?

□ Да □ Не

◼ Дали ми е незгодно да ги запознаам со моите родители, од страв дека тие нема да сакаат да се дружам со нив?

□ Да □ Не

Забелешка: Ако на овие прашања одговори со „да“, барај нови пријатели што се трудат да живеат примерно. За почеток, би можел да се спријателиш со некој примерен христијанин кој е малку постар од тебе.

Трет услов за пријателство: позитивно влијание

Што треба да знаеш. Библијата вели дека „лошото друштво ги расипува добрите навики“ (1. Коринќаните 15:33). Младата Лорен вели: „Сокласниците ме прифаќаа затоа што правев сѐ како што ќе кажеа. Осаменоста ме натера да бидам како нив, само за да ме прифатат“. Лорен увидела дека, ако постојано се обидуваш да им угодиш на другите, на крајот ќе станеш како шаховска фигура што секој може да ја поместува како ќе му текне. Зошто да дозволиш тие да управуваат со твојот живот?

Што можеш да сториш. Прекини ги сите контакти со оние што те тераат да бидеш како нив. Ова ќе ја зголеми твојата самопочит и ќе ти даде можност да стекнеш подобри пријатели — пријатели кои ќе влијаат позитивно на тебе (Римјаните 12:2).

„Бидејќи е прониклив и сочувствителен, мојот близок пријател Клинт ме има охрабрено многу пати“ (Џејсон, 21).

Предлог.

Прашај се:

◼ Дали се облекувам, зборувам и се однесувам поинаку пред другарите само за да им угодам?

□ Да □ Не

◼ Дали одам на сомнителни места на кои не би одел да не беа моите пријатели?

□ Да □ Не

Забелешка: Ако на овие прашања одговори со „да“, побарај совет од родителите или од друго зрело возрасно лице. Ако си Јеховин сведок, би можел да замолиш некој старешина да ти помогне да избереш пријатели што ќе влијаат добро на тебе.

[Фуснота]

a Се разбира, секој жив човек греши (Римјаните 3:23). Затоа, ако некој пријател те повреди, но потоа му е жал поради тоа, не заборавај дека „љубовта покрива мноштво гревови“ (1. Петрово 4:8).

РАЗМИСЛИ

◼ Кои особини ти се најважни кај еден пријател, и зошто?

◼ Кои особини би сакал да ги развиваш за да станеш подобар пријател?

[Рамка/слики на страница 19]

ШТО ВЕЛАТ ДРУГИ МЛАДИ

„Моите се трудеа да ме оттргнат од едно друштво, но јас сакав да се дружам само со нив. Сепак, се покажа дека тие се во право. Откако почнав да го применувам нивниот совет, сфатив дека можам да имам многу пријатели кои се дури и подобри“ (Кол)

„Најдобар начин да запознаеш некого од собранието е да проповедаш заедно со него. На овој начин, се дружам со луѓе од сите возрасти. Освен тоа, тие го сакаат Јехова“ (Ивет)

„Се молев да најдам пријатели, но сфатив дека не преземам ништо во врска со тоа. Затоа, на христијанските состаноци почнав да се трудам да разговарам со другите. За кратко време, стекнав многу пријатели. Оттогаш многу ретко се чувствувам осамен“ (Сем)

[Рамка на страница 20]

ПРЕДЛОЗИ

Разговарај со родителите на оваа тема. Прашај ги какви пријатели имале кога биле на твоја возраст. Дознај дали се каат што избрале такви пријатели и, ако да, зошто. Увиди што ќе ти помогне да не ги повториш нивните грешки.

Запознај ги родителите со твоите пријатели. Ако ти е тоа непријатно, прашај се зошто. Дали однапред знаеш што нема да им се допадне на твоите родители кај нив? Ако да, можеби ќе треба да бидеш поизбирлив кога одлучуваш со кого да се спријателиш.

[Рамка на страница 20]

ТРИ ЧЕКОРИ ДО ТРАЈНИ ПРИЈАТЕЛСТВА

◼ Сослушувај. Покажи дека ти е важно како се чувствува и што го мачи твојот пријател (Филипјаните 2:4)

◼ Простувај. Не очекувај совршенство. „Сите ние честопати грешиме“ (Јаков 3:2)

◼ Почитувај ја нивната приватност. Не биди наметлив. Вистинските пријатели ќе бидат тука за тебе секогаш кога ти се потребни (Проповедник 4:9, 10)

[Слика на страници 18 и 19]

Ако постојано им угодуваш на другите само за да те прифатат, на крајот ќе станеш како шаховска фигура што секој може да ја поместува како ќе му текне

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели