ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 10/09 стр. 4
  • Чекор 2 — чувство на одговорност

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Чекор 2 — чувство на одговорност
  • Разбудете се! 2009
  • Сличен материјал
  • 1. Приврзаност и верност
    Разбудете се! 2018
  • Биди решен да го зачуваш бракот
    Разбудете се! 2015
  • Како да го зајакнеш својот брак
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
  • Вашиот брак може да се спаси!
    Разбудете се! 2001
Повеќе
Разбудете се! 2009
g 10/09 стр. 4

Чекор 2 — чувство на одговорност

„Бог што составил, човек да не разделува“ (Матеј 19:6)

Што значи тоа. Успешните брачни двојки гледаат на бракот како на трајна врска. Тие се трудат да ги решат проблемите, а не да ги користат како изговор за да го растурат бракот. Кога сопружниците чувствуваат одговорност еден кон друг, имаат и чувство на сигурност. Секој од нив има доверба дека другиот ќе продолжи да го цени бракот.

Зошто е важно. На многу начини, чувството на одговорност е столбот на еден брак. Сепак, ако често има несогласувања, одговорноста повеќе наликува на јаже што задушува отколку на јаже што поврзува. Всушност, тогаш фразата „додека смртта не нѐ раздели“ се сведува на еден бесчувствителен договор — договор од кој брачните другари почнуваат да бараат начин да се извлечат. Можеби нема дословно да се разделат, ама би можело да ги дели голем јаз — на пример, меѓу нив може да завладее мртва тишина кога имаат сериозни проблеми за кои, инаку, би требало да разговараат.

Предлог: Со помош на следниве прашања, провери колкаво чувство на одговорност имаш.

◼ Кога сум сред некоја расправија со сопружникот, дали понекогаш се каам што воопшто сум во брак со него?

◼ Дали често мечтаам да бидам со некој друг?

◼ Дали понекогаш му велам на мојот брачен другар: „Ќе те оставам“ или „Ќе си најдам некој што вистински ќе ме цени“?

Донеси цврста одлука. Размисли за една-две работи што ќе ти помогнат да имаш уште поголемо чувство на одговорност. (Еве неколку предлози: Одвреме-навреме напиши му писменце на својот сопружник, стави си негова фотографија на работното место или јави му се секој ден од работа, едноставно за да бидете во контакт.)

Размисли и за други работи што би можел да ги направиш, и потоа прашај го својот брачен другар што би му значело најмногу нему.

[Слика на страница 4]

Чувството на одговорност е како ограда што го штити твојот брак да не „излета од патот“

[Извор на слика]

© Corbis/age fotostock

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели