ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 10/09 стр. 26-27
  • Ти можеш да успееш како самохран родител

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Ти можеш да успееш како самохран родител
  • Разбудете се! 2009
  • Сличен материјал
  • Самохрани родители, многукратни предизвици
    Разбудете се! 2003
  • Семејствата со еден родител можат да бидат успешни!
    Тајната на семејната среќа
  • Покажи обѕир кон самохраните родители
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Самохран, но не и сам родител
    Разбудете се! 2003
Повеќе
Разбудете се! 2009
g 10/09 стр. 26-27

Ти можеш да успееш како самохран родител

ВО СВЕТОТ нагло опаѓа бројот на семејства со двајца родители. На пример, само во САД има 13 милиони самохрани родители, а повеќето од нив се самохрани мајки. Истражувањата покажуваат дека околу половина од децата во таа земја барем извесно време ќе живеат само со еден родител.

Ако си самохран родител, биди сигурен дека можеш да имаш среќно семејство. Обиди се да ги примениш следниве предлози.

◼ Немој да користиш негативни изјави. Библијата вели: „Сите денови на страдалникот се лоши, а кој има весело срце, на гозба е без престан“ (Изреки 15:15). Точно, можеби тебе твојот живот не ти личи на гозба. Но, како што покажува овој стих, нашето расположение повеќе зависи од нашиот став отколку од нашите околности (Изреки 17:22). Нема никаква корист ако мислиш дека твоите деца се осудени на пропаст или дека му нема спас на твоето семејство. Ваквите мисли само ќе те скршат и ќе направат да ти биде уште потешко да се справиш со своите одговорности како родител (Изреки 24:10).

Предлог: Направи список со негативни изјави што ги користиш за да ја опишеш својата ситуација и потоа до секоја од нив запиши по една позитивна со која можеш да ја замениш. На пример, изјавата: „Не можам повеќе“ замени ја со: „Можам да се снајдам како самохран родител и можам да ја добијам потребната помош“ (Филипјаните 4:13).

◼ Направи семеен буџет. На самохраните родители, особено на самохраните мајки, парите честопати им се причина за главоболки. Сепак, во некои случаи, стресот поради парите може да се намали ако мудро се планира. Една библиска изрека вели: „Паметниот човек го гледа злото и се трга“ (Изреки 22:3). За да се избегне финансиско ‚зло‘, многу се важни планирањето и промисленоста.

Предлог: Направи семеен буџет и запиши го на хартија. За еден месец, води евиденција за трошоците и провери на што ти одат парите. Добро анализирај како ги трошиш. Дали премногу се потпираш на кредити? Дали им купуваш работи на децата за да им го надоместиш другиот родител? Ако децата се доволно возрасни, седни заедно со нив и зборувајте за тоа како би можеле да штедите. Тоа ќе биде добра поука за нив. А можеби и тие ќе имаат некои добри идеи!

◼ Биди во добри односи со бившиот сопружник. Ако имате заедничко старателство над децата, имај на ум дека е многу штетно да зборуваш лошо за бившиот сопружник пред детето — или да го користиш детето како шпион.a Многу е подобро да воспоставиш добри односи со поранешниот сопружник во поглед на воспитувањето или кое и да било друго прашање што е за доброто на детето. Библијата вели: „Од ваша страна трудете се да живеете во мир со сите луѓе“ — а тука спаѓа и бившиот сопружник (Римјаните 12:18, Радосна Вест).

Предлог: Следниот пат кога ќе дојде до несогласување, однесувај се со својот бивш сопружник како со колега. На работа обично се трудиш да бидеш фин со секого — дури и со оние што не ти се најомилени. Имај го истиот пристап и со бившиот. Можеби вие не се согласувате секогаш, но не мора секоја искра да предизвика пожар (Лука 12:58).

◼ Дај добар пример. Запрашај се: ‚Какви вредности и ставови би сакал да усвојат моите деца? Дали јас ги покажувам тие вредности и ставови?‘ На пример, дали општо земено си среќен, иако си самохран родител, или, пак, поради твоите околности, гледаш црно на сѐ во животот? Дали си постојано огорчен поради начинот на кој постапил твојот бивш сопружник или, пак, можеш да поминеш преку неправдите над кои немаш никаква контрола? (Изреки 15:18). Точно, ова не се лесни работи, и нема совршено да се справиш со нив. Но, твоите деца најверојатно ќе ги усвојат истите ставови за животот што ги гледаат кај тебе.

Предлог: Запиши три особини што би сакал да ги имаат твоите деца кога ќе пораснат.b До секоја од нив запиши што можеш да направиш сега за да дадеш пример што ќе им помогне на децата да ја развијат таа особина.

◼ Грижи се за себе. Поради брзото темпо на живот, многу е лесно да се исцрпиш физички и емоционално. Не дозволувај да ти се случи тоа! Многу е важно да се грижиш за своите „духовни потреби“ (Матеј 5:3). Факт е дека еден автомобил без бензин нема да стигне далеку. А ни ти нема да стигнеш далеку ако не одвоиш време за да си ги наполниш „батериите“.

Освен тоа има „време за смеење“ и „време за танцување“ (Проповедник 3:4). Рекреацијата не е губење време. Таа те освежува и ти дава нови сили за да истраеш како самохран родител.

Предлог: Зборувај со други самохрани родители и дознај како тие се грижат за себеси. Додека размислуваш и ‚проценуваш што е најважно‘, би можел ли да одвоиш барем малку време секоја седмица за да правиш нешто во што уживаш? (Филипјаните 1:10). Запиши што би сакал да правиш и кога би можел да го направиш тоа.

[Фусноти]

a Повеќе информации ќе најдеш во статијата „Поделен дом — како влијае разводот врз тинејџерите?“, на страници 18-21 во ова списание.

b Некои такви особини се „почит“, „разумност“ и „простување“, кои се разработени на страници 6-8 во ова списание.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели