ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 3/10 стр. 22-23
  • Обожавањето на змии — некогаш и денес

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Обожавањето на змии — некогаш и денес
  • Разбудете се! 2010
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Што мисли Бог за обожавањето на змии
  • Бакарната змија
    Мојата книга со библиски приказни
  • Вообичаени заблуди за змиите
    Разбудете се! 1999
  • Кожата на змијата
    Разбудете се! 2014
Разбудете се! 2010
g 3/10 стр. 22-23

Обожавањето на змии — некогаш и денес

ДРЕВНИТЕ Египќани и Минојците, првите жители на Крит, обожавале змии. Некои древни Израелци ѝ принесувале жртви на една бакарна змија, а други палеле темјан пред ликови на „лазачи“ (Езекиел 8:10-12; 2. Царевите 18:4).

И кај древните народи во Мексико, обожавањето на змии било многу раширено. Ицамна, врховното божество на Маите, понекогаш било претставено со змија. За народот Толтек, „пердувестата змија“ Кецалкоатл била бог на знаењето, културата и филозофијата. И Ацтеките ја сметале за свој бог на знаењето, па дури и ја обожавале како создател на луѓето. Во врска со многуте улоги и способности на ова божество, списанието Arqueología Mexicana (Мексиканска археологија) вели: „На пердувестата змија ѝ биле припишувани многу својства, можеби повеќе отколку на кое и да е друго божество“.

Жителите на Средна Америка со векови ја обожавале пердувестата змија. Денес, верувањето во овој бог се задржало кај мексиканските народи Кора и Уичол. За време на некои празници, се изведуваат танци во кои танчерите се китат со пердуви и ги имитираат движењата на змија. Припадниците на народот Киче имаат еден обред на плодност, при кој танцуваат носејќи живи змии. Народот Чорти, потомци на Маите од Гватемала, обожава пердувеста змија која ја поврзува со некои католички светци.

Но, што вели Творецот на луѓето и животните, во кои спаѓаат и змиите, за обожавањето на змии?

Што мисли Бог за обожавањето на змии

Јехова Бог му ја дал на древниот Израел следнава заповед: „Немој да си правиш режан лик, ниту што и да е друго што личи на она што е горе на небото, или долу на земјата, или во водите под земјата. Немој да им се клањаш, ниту да им служиш“ (2. Мојсеева 20:4, 5).

Јехова му забранил на својот народ да обожава ликови на животни, како што се змиите. Зарем од овие зборови не е јасно дека оние што сакаат Јехова да ги прифати не смеат да обожаваат змии? Зошто Бог не го одобрува идолопоклонството, како што е обожавањето на змии? Од една едноставна причина — тој им дава живот на луѓето, на змиите и на сите други живи суштества. Сите тие се дела на неговите раце, што значи дека луѓето со право треба да го обожаваат него, а не она што тој го создал.

Како пример, замисли си дека еден архитект направил куќи и им ги дал на неколку семејства за да живеат во нив и да им биде убаво. Како би изгледало овие семејства да ги фалат и да им се заблагодаруваат на куќите, а не на архитектот? Зарем тоа не би било неразумно? И зарем со тоа не би го навредиле великодушниот архитект? Нашиот Творец исто така се чувствува навреден кога луѓето обожаваат животни наместо него.

Јасно е дека оние што сакаат Бог да ги прифати треба да го послушаат предупредувањето што го дал апостол Јован: „Дечиња, чувајте се од идоли!“ (1. Јованово 5:21).

[Рамка/слика на страница 23]

НА БОГОСЛУЖБА СО ЗМИЈА В РАКА

● Во југоисточниот дел на САД има неколку харизматични цркви во кои, како дел од богослужбата, се користат живи отровници. Некои лица си ставаат по една змија на рамењата, а други си ставаат и по неколку одеднаш. Ова може да ги уплаши змиите, и тие да го каснат човекот. Низ годините, некои од овие верници што во своите богослужби имале змија в рака умреле од каснување.

Овие цркви ги темелат своите постапки на стихот од Марко 16:17, 18, каде што, меѓу другото, се вели: „Со свои раце ќе фаќаат змии“. Во Преводот на МПЦ и во други преводи, овие стихови се претставени како дел од оригиналниот текст. Но, во преводот Радосна Вест се напоменува дека, во некои стари ракописи, Евангелието според Марко завршува заклучно со стихот 10.

Библиските учења не даваат поткрепа на идејата дека вистинскиот Бог бара да му служиме со змии в рака. Библијата вели: „Бог е љубов“ (1. Јованово 4:8). Веројатно ќе се согласиш дека нашиот добар Творец не би барал од своите слуги да учествуваат во опасни ритуали за да му угодат. Неговиот Син, Исус, ја упатил следнава покана: „Дојдете кај мене сите вие што сте изморени и оптоварени, и јас ќе ве закрепнам“ (Матеј 11:28, 29). Јехова и Исус не сакаат нивните следбеници да користат змии во богослужбите, ниту да ги трпат болките, болеста и евентуалната смрт како последица од каснување!

[Извор на слика]

REUTERS/Tami Chappell

[Слика на страница 22]

Глава од пердувеста змија на ѕидот од еден ацтечки храм

[Слика на страница 22]

Барелјеф на Кецалкоатл, пердувестата змија која ја обожавал народот Толтек

[Извори на слики на страница 22]

Горе: REUTERS/Tami Chappell; долу: © Leonardo Díaz Romero/age fotostock

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели