ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 4/10 стр. 20-21
  • Зошто некои луѓе се добри, а други лоши?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Зошто некои луѓе се добри, а други лоши?
  • Разбудете се! 2010
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Несовршеноста и совеста
  • Лошата средина
  • Добар или лош — изборот е твој
  • Дали доброто некогаш ќе го победи злото?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Доброто против злото — вековна борба
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Како доброто ќе го победи злото
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
  • „Никому не враќајте зло за зло“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
Повеќе
Разбудете се! 2010
g 4/10 стр. 20-21

Што вели Библијата

Зошто некои луѓе се добри, а други лоши?

СТРАНИЦИТЕ на историјата се извалкани со крвопролевање и омраза. Сепак, честопати се случува луѓето да се издигнат над трагедиите покажувајќи извонредна добрина и самопожртвуваност. Зошто еден човек станува ладнокрвен убиец, а друг сочувствителен добротвор? Зошто понекогаш кај луѓето излегуваат на површина животински карактеристики?

Несовршеноста и совеста

Библијата отворено вели: „Човечкото срце е склоно кон зло од неговата младост“ (1. Мојсеева 8:21). Затоа децата често знаат да направат некоја беља (Изреки 22:15). Сите ние сме склони да постапуваме лошо уште од раѓање (Псалм 51:5). За да правиме добро, потребно е да вложиме напор, исто како кога би веслале наспроти течението на една река.

Од друга страна, пак, обдарени сме со совест. Ова вродено чувство за исправно и погрешно ги поттикнува повеќето луѓе да се однесуваат пристојно и како што е прифатливо за средината. Тоа објаснува зошто дури и лицата кои никогаш не биле поучени за тоа што е исправно, а што погрешно, понекогаш се познати по својата добрина (Римјаните 2:14, 15). Меѓутоа, како што беше спомнато погоре, со оглед на тоа што сме склони да постапуваме погрешно, честопати мора да се бориме со себеси за да правиме добро. Што друго може да влијае врз нас додека ја водиме оваа внатрешна битка?

Лошата средина

Камелеонот ја менува бојата во зависност од својата околина. На сличен начин, ако некој се дружи со криминалци, постои поголема веројатност и самиот да стане како нив. Библијата предупредува: „Не поведувај се по мнозинството за да правиш зло“ (2. Мојсеева 23:2). Од друга страна, пак, ако често се дружиме со чесни, праведни и морално чисти лица, ќе бидеме поттикнати да постапуваме исправно (Изреки 13:20).

Меѓутоа, не значи дека ако не се дружиме со оние што прават лошо, ништо нема да влијае негативно врз нас. Затоа што сме несовршени, нашиот ум може да крие злобни мисли што само чекаат момент да излезат на виделина (1. Мојсеева 4:7). Освен тоа, злото може да влезе и во нашиот дом преку средствата за јавно информирање. Видеоигрите, телевизијата и филмовите честопати ги величаат насилството и одмаздата. Дури и ако редовно читаме или гледаме вести од земјата или од светот, може полека да станеме бесчувствителни кон човечкото страдање и болка.

Кој стои зад ваквото негативно влијание? Библијата ни дава јасен одговор: „Целиот свет е под власта на Злобниот“ (1. Јованово 5:19). Светото писмо го разоткрива „злобниот“, Сатана Ѓаволот, како лажливец и човекоубиец (Јован 8:44). Тој го шири злото користејќи го својот свет.

Бидејќи има толку многу фактори кои ги обликуваат нашите ставови и постапки, некои можеби ќе речат дека не се виновни за своето злобно постапување. Но, дали навистина е така? Исто како што воланот го контролира движењето на автомобилот и како што кормилото му дава правец на бродот, така и умот го контролира телото.

Добар или лош — изборот е твој

На секоја свесна постапка, сеедно дали е добра или лоша, ѝ претходи одредена мисла. Добрите и позитивни мисли даваат добар плод. Но, важи и обратното — ако дозволиме во нашиот ум да фатат корен себични желби, тоа најверојатно ќе води до голем број лоши постапки (Лука 6:43-45; Јаков 1:14, 15). Затоа може да се каже дека секој човек сам избира дали и колку ќе биде добар или лош.

За среќа, Библијата покажува дека можеме да научиме да бидеме добри (Исаија 1:16, 17). Љубовта силно нѐ тера да правиме добро, бидејќи таа „не му прави зло на ближниот“ (Римјаните 13:10). Ако ги сакаме другите, нема ни да помислиме некому да му направиме нешто лошо.

Реј од Пенсилванија (САД) го потврдува тоа од лично искуство. Бидејќи научил да се тепа од мал, го добил прекарот Реј Тупаницата. Освен тоа, бил и многу избувлив. Меѓутоа, трудејќи се да ги применува библиските начела, малку по малку почнал да се менува. Ова не му било секогаш лесно. На моменти се чувствувал како библискиот писател Павле, кој рекол: „Кога сакам да го правам она што е добро, злото е во мене“ (Римјаните 7:21). Сега, по долги години свесен напор, Реј може ‚да го надвладее злото со добро‘ (Римјаните 12:21).

Зошто вреди да се трудиш „да одиш по патот на добрите луѓе“? (Изреки 2:20-22). Затоа што, на крајот, доброто ќе го победи злото. Библијата вели: „Оние што прават зло, ќе бидат истребени... Уште малку, и злиот ќе го снема... А кротките ќе ја поседуваат земјата и ќе уживаат во изобилен мир“ (Псалм 37:9-11). Бог ќе ја избрише секоја трага од злото. Каква само величествена награда ги очекува оние што даваат сѐ од себе да прават добро!

ШТО МИСЛИШ?

● Кој е одговорен за нашите постапки? (Јаков 1:14)

● Можно ли е да се смениме? (Исаија 1:16, 17)

● Ќе му дојде ли крај на злото? (Псалм 37:9, 10; Изреки 2:20-22)

[Слики на страница 21]

Човек сам избира дали и колку ќе биде добар или лош

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели