ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 5/10 стр. 4
  • Најди силна мотивација

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Најди силна мотивација
  • Разбудете се! 2010
  • Сличен материјал
  • Што мисли Бог за пушењето?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
  • Цигари — дали ги одбивате?
    Разбудете се! 1997
  • Светска епидемија
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
  • „И Вие можете да прекинете — ние прекинавме!“
    Разбудете се! 1999
Повеќе
Разбудете се! 2010
g 5/10 стр. 4

Најди силна мотивација

„Пушачите кои успеале да ги остават цигарите се оние кои биле цврсто решени да го сторат тоа“ („Стоп на пушењето!“ — “Stop Smoking Now!”)

ЕДНОСТАВНО кажано, ако сакаш да престанеш со пушењето, прво и основно е да имаш силна мотивација. Како можеш да најдеш таква мотивација? Пред сѐ, размисли колку подобро ќе ти биде ако ги оставиш цигарите.

Ќе заштедиш пари. Ако имаш навика да пушиш по една кутија цигари на ден, тоа веројатно те чини неколку илјади денари годишно. „Не бев свесна колку пари трошев за цигари“ (Гјану, Непал).

Повеќе ќе уживаш во животот. „Почнав да го живеам животот дури откако престанав да пушам. Оттогаш секој ден ми е сѐ поубав“ (Реџина, ЈАР). Откако ќе ги остават цигарите, луѓето имаат многу поостар осет за вкус и мирис, повеќе сила и изгледаат подобро.

Ќе имаш подобро здравје. „Кога некој ќе прекине со пушењето, тоа веднаш се одразува позитивно врз неговото здравје, без оглед на полот и возраста“ (Американски центар за контрола и превенција на болести).

Ќе се зголеми твојата самодоверба. „Престанав да пушам бидејќи не сакав тутунот да господари со мене. Сакав јас да бидам господар над своето тело“ (Хенинг, Данска).

Твоето семејство и пријателите ќе имаат корист. „Пушењето... е штетно по здравјето на оние околу тебе... Истражувањата покажуваат дека секоја година илјадници пасивни пушачи умираат од рак на белите дробови и од срцеви заболувања“ (Американско здружение за борба против ракот).

Ќе го радуваш твојот Творец. „Сакани, да се исчистиме од секоја валканост на телото“ (2. Коринќаните 7:1). ‚Дајте ги своите тела како жртва света, прифатлива за Бог‘ (Римјаните 12:1).

„Откако сфатив дека Бог не сака да си го валкаме телото, решив да престанам со пушењето“ (Силвија, Шпанија).

Меѓутоа, честопати, не е доволно само да се има мотивација. Можеби ќе ти треба помош и од другите, како на пример од твоето семејство и од пријателите. Што би можеле да сторат тие?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели