ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 6/10 стр. 15
  • Студената светлина од светулката

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Студената светлина од светулката
  • Разбудете се! 2010
  • Сличен материјал
  • Фенерчето на некои светулки
    Разбудете се! 2014
  • Игра на светлината под морските бранови
    Разбудете се! 2005
  • Комуникацијата во светот околу нас
    Разбудете се! 2004
  • Содржина
    Разбудете се! 2014
Повеќе
Разбудете се! 2010
g 6/10 стр. 15

Случајно или создадено?

Студената светлина од светулката

● Во тропскиот и во умерениот појас, светулката може да се препознае по треперливата светлина што ја испушта за да привлече партнер. Интересно е тоа што нејзината светлина е далеку, далеку подобра од светлината што ја даваат обичните сијалици и неонките кои ги создал човекот. Затоа, следниот пат кога ќе добиеш сметка за струја, помисли на тоа што може да постигне овој мал инсект.

Размисли: Само 10 отсто од енергијата што ја троши сијалицата е светлина — преостанатиот дел главно се губи како топлина. Неонката е многу подобра бидејќи 90 отсто од нејзината енергија се претвора во светлина. Меѓутоа, ниту една од нив не може да се мери со светулката. Светлината што ја испушта овој инсект има енергетска ефикасност од речиси 100 отсто. Многу мал дел отпаѓа на ултравиолетови или на инфрацрвени зраци.

Тајната на светулката се хемиските реакции помеѓу супстанцијата луциферин, ензимот луцифераза и кислородот. Посебни клетки наречени фотоцити ја користат луциферазата за да го предизвикаат овој процес при кој кислородот служи како гориво. На тој начин настанува студена светлина — наречена е „студена“ бидејќи притоа речиси воопшто не се ослободува топлина. Сандра Мејсон, професор по хортикултура и екологија, со право вели дека пронаоѓачот на сијалицата, Томас Едисон, „мора да ѝ завидувал на светулката“.

Што мислиш? Дали студената светлина од светулката настанала случајно или е дело на мудар Творец?

[Графикон/слики на страница 15]

(Види во публикацијата)

ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ

Сијалица 10%

Неонка 90%

Светулка 96%

[Извори на слики на страница 15]

Светулка на лист: © E. R. Degginger/Photo Researchers, Inc.; светулка во лет: © Darwin Dale/Photo Researchers, Inc.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели