ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 6/10 стр. 22-23
  • Треба ли богослужбите да се наплаќаат?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Треба ли богослужбите да се наплаќаат?
  • Разбудете се! 2010
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • „Трговска куќа“?
  • „Бесплатно добивте, бесплатно давајте“
  • „Бог го сака веселиот дарител“
  • Дали религијата е само уште еден голем бизнис?
    Разно
  • Јехова ги љуби веселите дарители
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Како се финансира нашето дело?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
  • Како се финансира делото за Царството
    Божјето Царство владее!
Повеќе
Разбудете се! 2010
g 6/10 стр. 22-23

Што вели Библијата

Треба ли богослужбите да се наплаќаат?

ВО МНОГУ земји, и водачите на религиите кои тврдат дека се христијански и водачите на нехристијанските религии наплаќаат за своите религиозни служби при крштевки, свадби, погреби и други свечености. Цената за овие услуги може да биде стотици, а понекогаш и илјадници долари.

Некои свештеници добиваат плата од владата за своите обредни и свештенички должности. Луѓето можеби им плаќаат од благодарност, а и црквите треба да си ги покријат своите трошоци на некој начин. Но, дали Библијата го одобрува наплаќањето на богослужбите денес или обичајот да им се наметнува на верниците чувство на обврска да платат?

„Трговска куќа“?

Кога Исус Христос бил на Земјата, еврејските верски водачи и други лица ги користеле верските собири како прилика да заработат, посебно за време на Пасхата. Дали Исус го одобрувал тоа? Не! Всушност, Библијата ни кажува дека ‚им ги истурил парите на менувачите на пари и им ги испревртел масите‘, велејќи: „Не правете од домот на мојот Татко трговска куќа!“ (Јован 2:14-16).

Нешто слично се случувало и во времето на пророкот Михеј, кој живеел во 8 век пр.н.е. Библијата вели дека на израелските верски водачи ‚правдата им била одвратна‘ и дека свештениците ‚поучувале за плата‘. Сепак, тие истовремено тврделе дека Бог ги поддржува, велејќи: „Нели Јехова е меѓу нас?“ (Михеј 3:9, 11). Но, Јехова Бог не го одобрувал она што го правеле. Напротив, тој се гадел од нивното однесување и јасно го изразил тоа преку својот пророк.

Многу верски водачи денес ги користат истите алчни тактики, со што ги претвораат своите места за обожавање во ‚трговски куќи‘. Всушност, повеќето религиозни организации вршат трговија, која често е доста профитабилна — продавање икони и безброј други религиозни предмети (1. Јованово 5:21).a

„Бесплатно добивте, бесплатно давајте“

Кога им заповедал на своите ученици да ја проповедаат добрата вест, да лекуваат болни, па дури и да воскреснуваат мртви, Исус рекол: „Бесплатно добивте, бесплатно давајте“ (Матеј 10:7, 8). Да, неговите вистински следбеници не требало да наплаќаат за својата служба. Освен тоа, и самиот Исус ни дал пример служејќи им на другите без да бара некаков надомест за тоа.

Следејќи го примерот на Исус, апостол Павле ја вршел својата служба „бесплатно“ (1. Коринќаните 9:18). Кога му биле потребни пари, тој работел, имено изработувал шатори (Дела 18:1-3). Затоа, за себе и за своите придружници во мисионерската служба можел да рече: „Не сме како мнозина кои тргуваат со Божјата реч“ (2. Коринќаните 2:17). Тогаш, како да се собираат средства што ќе ги користи целата религиозна заедница, како на пример кога треба да се купи или да се изнајми објект за верски потреби?

„Бог го сака веселиот дарител“

Јеховините сведоци ги добиваат потребните финансиски средства преку доброволни прилози. Тие го применуваат начелото: „Секој нека направи како што одлучил во своето срце, не без волја, ниту со сила, зашто Бог го сака веселиот дарител“ (2. Коринќаните 9:7). Од таа причина, Сведоците не им ја наплаќаат на другите својата литература или своите религиозни служби, како што се крштавањата, свадбите или погребите. Исто така, не бараат десеток и не изнудуваат прилози. Секој што сака да приложи за нивното меѓународно проповедничко дело може да го стори тоа во кутиите за прилози кои се неупадливо поставени во нивните места за обожавање.

Низ целиот свет, Јеховините сведоци ги финансираат своите Сали на Царството, конгресни сали, подружници и печатници, како и акции за помош преку доброволни прилози. Некои, како што била и сиромашната вдовица што ја пофалил Исус, можат да дадат сосема малку (Лука 21:2). Други даваат многу. Како и да е, оние што ги следат библиските начела и даваат во склад со своите можности, се задоволни, имаат благослов од Бог и се навистина среќни (Дела 20:35; 2. Коринќаните 8:12).

[Фуснота]

a Види ја статијата „Што вели Библијата: Дали Бог сака да користиме религиозни предмети?“ во Разбудете се! од август 2008.

ШТО МИСЛИШ?

● Што им рекол Исус на оние што тргувале во храмот? (Јован 2:14-16)

● Дали апостол Павле наплаќал за своите религиозни служби? (2. Коринќаните 2:17)

● Какво давање одобрува Јехова? (2. Коринќаните 9:7)

[Истакната мисла на страница 23]

„Не правете од домот на мојот Татко трговска куќа!“ (Јован 2:14-16).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели