ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w15 1/9 стр. 6
  • Како се финансира нашето дело?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како се финансира нашето дело?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
  • Сличен материјал
  • Како се финансира нашето дело?
    Кој ја врши Јеховината волја денес?
  • Како се финансира делото за Царството
    Божјето Царство владее!
  • Приложи му со својата рака дар на Јехова
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2018)
  • Зошто да му даваме на оној што има сѐ?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2018
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
w15 1/9 стр. 6
Човек става доброволен прилог во кутија за прилози

ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА | КОИ СЕ ЈЕХОВИНИТЕ СВЕДОЦИ?

Како се финансира нашето дело?

Секоја година, нашата организација печати стотици милиони Библии и библиски публикации. Низ целиот свет градиме подружници во кои се организира нашето дело и печатници во кои се печати нашата литература. Десетици илјади собранија одржуваат состаноци во скромни, но достоинствени сали. Кој го финансира ова?

Нашето дело се финансира со доброволни прилози (2. Коринќаните 9:7). Во 1879 год., во вториот број од ова списание пишуваше: „Веруваме дека ЈЕХОВА го поддржува списанието ‚Сионска Стражарска кула‘ [како што се нарекуваше ова списание] и, бидејќи е така, тоа никогаш нема да моли за пари ниту да бара финансиска помош од луѓе“. Сѐ уште го имаме истиот став.

Доброволните прилози се испраќаат директно до некоја од нашите подружници или се оставаат во кутиите за прилози кои се наоѓаат во Салите на Јеховините сведоци. Но, никогаш не ги принудуваме луѓето да даваат прилози или десеток. Нашите публикации и службата што ја вршиме се бесплатни. Не добиваме плата за тоа што проповедаме, за тоа што поучуваме во собранието или за тоа што помагаме во изградбата на објектите што ги користиме. Исус рекол: „Бесплатно добивте, бесплатно давајте“ (Матеј 10:8). Сите што служат во подружниците низ светот, како и членовите на Водечкото тело на Јеховините сведоци, не земаат плата за тоа што го прават.

„Како што е случај со сите други активности на Јеховините сведоци, и давањето прилози е на доброволна основа. Секој сам одлучува колку често ќе дава прилози и колкава сума ќе приложи“ (Европски суд за човекови права, 2011).

Прилозите се користат и во случај на природни катастрофи. Христијаните во првиот век биле радосни што можеле да им помогнат на оние кои се наоѓале во неволја (Римјаните 15:26). На луѓето што се погодени од катастрофи им помагаме повторно да ги изградат своите домови и сали каде што одржуваат состаноци и им даваме храна, облека и лекови.

Мало дете се смее

Гледај го видеоклипот Филипини — вера посилна од тајфун на интернет-страницата www.jw.org/mk. (Кликни на ЗА НАС > НАСТАНИ И ЗАНИМЛИВОСТИ)

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели