ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w15 1/9 стр. 7
  • Зошто проповедаме?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Зошто проповедаме?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
  • Сличен материјал
  • Побарај повеќе совети за семејството
    Разбудете се! 2018
  • Каде има одговор на најважните прашања?
    Каде има одговор на најважните прашања?
  • Помош да ја разбереш Библијата
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
  • Стани повешт во службата — вешто користи ја JW.ORG
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2018)
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
w15 1/9 стр. 7
Двајца Јеховини сведоци проповедаат

ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА | КОИ СЕ ЈЕХОВИНИТЕ СВЕДОЦИ?

Зошто проповедаме?

Нешто по кое најмногу се разликуваме од другите религии е тоа што проповедаме од куќа до куќа, на јавни места и секаде каде што има луѓе. Зошто го правиме ова?

Како Јеховини сведоци, ние проповедаме за да му носиме фалба на Бог и за да го објавуваме неговото име (Евреите 13:15). Исто така, сакаме да бидеме послушни на следнава заповед што ја дал Исус Христос: „Одете и правете ученици од луѓето од сите народи... учејќи ги да држат сѐ што ви заповедав“ (Матеј 28:19, 20).

Освен тоа, ние ги сакаме луѓето (Матеј 22:39). Се разбира, свесни сме дека повеќето луѓе си имаат свои религиозни убедувања и дека сите не се заинтересирани за нашата порака. Сепак, сметаме дека библиските учења можат да им го спасат животот на луѓето. Од таа причина, исто како христијаните од првиот век, продолжуваме ‚без престан да поучуваме и да ја објавуваме добрата вест за Христос, Исус‘ (Дела 5:41, 42).

Социологот Антонио Кова Мадуро напишал дека „Јеховините сведоци вложуваат огромен труд и надминуваат разни пречки, дури и по цена на големи лични жртви... за да може пораката од Библијата да стигне до најоддалечените делови на Земјата“ (весникот El Universal, Венецуела).

Поголемиот број читатели на нашите публикации не се Јеховини сведоци. И милиони луѓе со кои ја проучуваме Библијата припаѓаат на други религии. Сепак, тие се благодарни што Јеховините сведоци ги посетуваат.

Ако имаш и други прашања за Јеховините сведоци, те молиме...

  • зборувај со некој Јеховин сведок.

  • посети ја нашата интернет-страница www.jw.org/mk.

  • дојди на нашите состаноци, кои се бесплатни и отворени за јавност.

Исус испраќа двајца свои ученици да проповедаат
Планина со снег

За да дознаеш нешто повеќе за Јеховините сведоци, гледај го видеоклипот Јеховините сведоци — организирани за да ја пренесуваат добрата вест на www.jw.org/mk. (Кликни на ИЗДАНИЈА > ФИЛМОВИ)

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели