ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • mwb18 Ноември стр. 7
  • Приложи му со својата рака дар на Јехова

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Приложи му со својата рака дар на Јехова
  • Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2018)
  • Сличен материјал
  • Му благодариме на Бог за вашата љубов
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2021)
  • Како се финансираат активностите на Јеховините сведоци?
    Најчесто поставувани прашања
  • Каков дар можеме да му дадеме на Јехова?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2018
  • Вредноста на „двете парички“
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2020)
Повеќе
Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2018)
mwb18 Ноември стр. 7

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Приложи му со својата рака дар на Јехова

Еден човек става прилог во кутијата за прилози; еден човек дава прилог по електронски пат

Како можеме денес да му приложиме „со својата рака дар на Јехова“? (1Ле 29:5, 9, 14). Подолу се наведени разни начини на кои можеме да даваме доброволни прилози за да го поддржиме делото што го вршат Јеховините сведоци во нашето место и во целиот свет.

ПРИЛОЗИТЕ КОИ ГИ ДАВАМЕ ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ ИЛИ ГИ СТАВАМЕ ВО КУТИИТЕ ЗА ПРИЛОЗИ СЕ КОРИСТАТ ЗА:

  • Прилог за меѓународното дело

    МЕЃУНАРОДНОТО ДЕЛО

    изградба и користење на подружници и преведувачки канцеларии

    теократски школи

    специјални полновремени слуги

    помош при катастрофи

    печатење, изработка на видеоматеријали и електронски изданија

  • Прилог за локалното собрание

    СОБРАНИСКИ ТРОШОЦИ

    собраниски трошоци, како што се комуналии и основно одржување на салата за состаноци

    собраниски резолуции со кои се испраќаат средства до подружницата за:

    • изградба на сали за состаноци и на конгресни сали низ целиот свет

    • меѓународната програма за помош

    • други потреби поврзани со меѓународното дело

КОНГРЕСИ И СОБИРИ

Прилозите кои се добиваат за регионалниот конгрес се испраќаат за меѓународното дело. А трошоците, пак, поврзани со регионалните, специјалните и меѓународните конгреси се покриваат од прилозите за меѓународното дело.

Прилозите кои се добиваат за покраината се користат за изнајмување, користење и одржување на просторот каде што се одржува собирот и за други трошоци поврзани со покраината. Покраината може да одлучи вишокот од средствата да го приложи за меѓународното дело на Јеховините сведоци.

donate.jw.org

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ НА ИНТЕРНЕТ

За да дознаеш како можеш да дадеш прилог, избери една од следниве опции:

  • оди на donate.jw.org

  • избери „Прилози“ во менито За нас на jw.org

  • оди на линкот „Прилози“ на дното на почетната страница во апликацијата JW Library

Во некои земји, има документ со наслов „Најчесто поставувани прашања“ во кој се наоѓаат одговорите на најчестите прашања поврзани со прилозите.

Во видеоклипот Како да даваме прилози по електронски пат има корисни информации за тоа на кои начини можеме да дадеме прилог.

ДРУГИ НАЧИНИ НА ДАВАЊЕ

За некои прилози за меѓународното дело, потребно е однапред да планираме и/или да побараме правна помош. Во нив спаѓаат:

  • тестаменти

  • недвижнини, хартии од вредност и осигурување

  • условни донации

Ако сакаш да приложиш на ваков начин, стапи во контакт со подружницата во твојата земја користејќи ги контакт-информациите на donate.jw.org

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели