ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | ДЕЛА 6-8
Новооснованото христијанско собрание било испитано
Вдовиците кои зборувале грчки и кои штотуку биле крстени останале во Ерусалим подолго отколку што планирале. Таму им била нанесена неправда. Дали се спрепнале поради тоа или стрпливо чекале на Јехова да ги исправи работите?
Откако Стефан бил каменуван, почнало силно прогонство. Затоа, христијаните избегале од Ерусалим и се распрснале низ Јудеја и Самарија. Дали поради тоа се намалила нивната ревност во службата?
Благодарение на поддршката од Јехова, новооснованото христијанско собрание истрајало во овие испити и бројот на ученици сѐ повеќе растел (Де 6:7; 8:4).
ПРАШАЈ СЕ: Како јас се справувам со испитите на верата?