ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 7/10 стр. 3
  • „Ќе мора да те отпуштиме“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Ќе мора да те отпуштиме“
  • Разбудете се! 2010
  • Сличен материјал
  • Пронајдов утеха во „долината на смртна сенка“
    Разбудете се! 1998
  • „Немојте да се грижите за утре“
    Разбудете се! 2010
  • Чумата на невработеност
    Разбудете се! 1996
  • „Ми помага да допрам до срцето на луѓето“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
Повеќе
Разбудете се! 2010
g 7/10 стр. 3

„Ќе мора да те отпуштиме“

РАКОВОДСТВОТО на компанијата го нарекувало „Фред чудесијата“.a Во текот на шесте години додека работел таму, фирмата заштедила многу пари благодарение на неговите иновации. Затоа, кога бил повикан кај директорот, Фред очекувал покачување на платата или унапредување. Наместо тоа, како гром од ведро небо, шефот му рекол: „Ќе мора да те отпуштиме“.

Фред не можел да си поверува на ушите. „Заработував добро и уживав во работата, и одненадеж, цел свет ми се сруши за миг“, вели тој. Подоцна, кога Фред ѝ кажал за тоа на сопругата, Адела, нејзината реакција била иста. „Ми се пресекоа нозете“, вели таа. „Си помислив: ‚Што ќе правиме сега?‘“

Истото ова им се случува на милиони лица низ целиот свет, како што може да се види и од графиконот подолу. Меѓутоа, бројките сами по себе ни оддалеку не откриваат колку катастрофално влијае невработеноста во емоционален поглед. Да го земеме за пример Раул, доселеник од Перу, кој бил отпуштен откако 18 години работел во еден голем хотел во Њујорк. Раул барал работа, но не можел да најде. „Го издржував семејството речиси 30 години“, вели тој. „Сега се чувствувам како да сум никој и ништо“.

Искуството на Раул открива еден факт кој им е добро познат на невработените: финансиските проблеми не се единствена последица од губењето на работата. Честопати, отпуштањето предизвикува силна душевна болка. „Почнав да се чувствувам безвредно“, вели Рене, чиј сопруг, Метју, бил без работа повеќе од три години. „Кога немаш ништо, другите те третираат како да си никој и ништо и, по извесно време, и самиот почнуваш да се гледаш како што те гледаат тие.“

Згора на тоа, кога човек ќе остане без работа, мора да се навикне да живее со помалку пари. „Кога имавме пари, не ни помислувавме да живееме поскромно“, вели Фред. „Но, кога ни дојдоа истите сметки, а сѐ уште немав работа, не ни преостануваше ништо друго освен да си го стегнеме каишот“.

Додека бараш работа, мораш да се справиш со грижите и стресот што ги наметнува невработеноста. Освен тоа, можеби ќе мора да живееш со помалку. Да разгледаме најпрвин кои два практични чекора можеш да ги преземеш за да се избориш со чувствата.

[Фуснота]

a Некои имиња во овие статии се сменети.

[Графикон на страница 3]

(Види во публикацијата)

Број на невработени во 2008 год. во само три земји

Јапонија 2.650.000

Шпанија 2.590.000

САД 8.924.000

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели