ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 8/10 стр. 20-21
  • Кои се демоните?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Кои се демоните?
  • Разбудете се! 2010
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ‚Ангели кои згрешиле‘
  • „Го заведува целиот свет“
  • Заштити се од демоните
  • Исус има моќ над демоните
    Учи од Големиот Учител
  • Духовни суштества — како влијаат врз нас
    Што навистина учи Библијата?
  • Која е вистината за ангелите?
    Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
  • Млади — чие учење го слушате?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
Повеќе
Разбудете се! 2010
g 8/10 стр. 20-21

Што вели Библијата

Кои се демоните?

ЛОШИТЕ духови, вампирите, џиновите и демоните се духовни суштества кои луѓето од различни религии ги сметаат за зли, добри или, пак, и зли и добри. Други го отфрлаат верувањето во духови како обично суеверие или како плод на нечија фантазија. Што вели Библијата за ова?

Таа учи дека самиот Творец е Дух и дека првото нешто што го создал биле духовни суштества, односно ангели (Јован 4:24; Евреите 1:13, 14). Библијата спомнува и зли духови, кои понекогаш ги нарекува и демони (1. Коринќаните 10:20, 21; Јаков 2:19). Меѓутоа, таа не вели дека Бог ги создал демоните. Тогаш, кои се тие и како настанале?

‚Ангели кои згрешиле‘

Бог ги создал духовните суштества како личности со слободна волја, способни да одлучуваат дали ќе постапат исправно или погрешно. За жал, откако ги создал луѓето, еден непознат број ангели избрале да постапат погрешно и се побуниле против Бог.

Првиот, најозлогласен бунтовен ангел станал Сатана. „Тој... не остана постојан во вистината“, рекол Исус (Јован 8:44). Што го поттикнало Сатана да се сврти против Бог? Тој почнал алчно да копнее по обожавањето што му припаѓа исклучиво на Творецот, и со тоа му станал соперник на Бог. На тој начин самиот станал „Сатана“, збор што значи „противник“. Со векови подоцна, пред потопот во времето на Ное, на Сатана му се придружиле и други ангели. Тие ја напуштиле својата положба на небото, се претвориле во луѓе и живееле на Земјата (1. Мојсеева 6:1-4; Јаков 1:13-15). Кога настанал потопот, овие отелотворени ‚ангели кои згрешиле‘ очигледно се вратиле во духовниот свет (2. Петрово 2:4; 1. Мојсеева 7:17-24). Со текот на времето, станале познати како демони (5. Мојсеева 32:17; Марко 1:34).

Оттогаш непослушните ангели се наоѓаат во состојба што многу се разликува од онаа во која биле пред да се побунат. Во Јуда 6 стои: „Ангелите што не ја задржаа својата првобитна положба, туку го напуштија своето вистинско живеалиште, [Бог] ги чува во вечни окови и во густа темнина за судот на големиот ден“. Да, Бог не дозволил демоните да имаат на небото иста чест како порано, туку ги предал на симболични „мрачни јами“ во кои се лишени од секакво духовно просветлување.

„Го заведува целиот свет“

Иако сега очигледно не можат да се претворат во луѓе, демоните сѐ уште имаат голема моќ и влијание врз умот и врз животот на луѓето. Всушност, Сатана, заедно со своите демонски орди, „го заведува целиот свет“ (Откровение 12:9; 16:14). На кој начин? Многу често, тоа го постигнува преку „учења на демони“ (1. Тимотеј 4:1). Овие лажни учења, кои честопати се од религиозна природа, спречуваат милиони лица да ја дознаат вистината за Бог (2. Коринќаните 4:4). Да разгледаме неколку примери.

● Учење дека мртвите сѐ уште се живи. Демоните се служат со привиденија, гласови и други лукави методи за да ги наведат луѓето да веруваат дека живите можат да комуницираат со мртвите. Освен тоа, оваа итра измама ѝ оди во прилог на лагата дека душата ја преживува смртта на телото. Меѓутоа, Библијата јасно вели: „Мртвите не се свесни за ништо“ (Проповедник 9:5, 6). Тие не можат да го фалат Бог откако ‚ќе слезат во тишината‘ (Псалм 115:17).a

● Недостиг на морални мерила. „Целиот свет е под власта на Злобниот“, стои во 1. Јованово 5:19. Користејќи ги медиумите и некои други средства, Сатана и неговите демони ја унапредуваат злобната идеја дека луѓето треба да им дадат оддишка на своите ниски телесни желби (Ефешаните 2:1-3). Тоа објаснува зошто неморалот е толку раширен во секаков облик, вклучувајќи ја и сексуалната изопаченост. Таквото постапување се смета за нормално, а библиските мерила честопати се сметаат за старомодни и ограничени.

● Спиритизам. Апостол Павле сретнал една слугинка обземена од „гатачки демон“, ‚која со своето прорекување им донесувала голема добивка на своите господари‘ (Дела 16:16). Павле не сакал да ја слуша девојката бидејќи бил свесен кој ѝ ги дава тие натприродни способности. Освен тоа, не сакал да го навреди Бог за кого се одвратни сите облици на спиритизам, меѓу кои и астрологијата и повикувањето духови (5. Мојсеева 18:10-12).

Заштити се од демоните

Како можеш да се заштитиш од злите духови? Одговорот на ова прашање ни го дава самата Библија. Во неа стои: „Подложете му се на Бог, а спротивставете му се на Ѓаволот, и тој ќе побегне од вас!“ (Јаков 4:7). Оваа заповед ја следиме кога живееме во склад со учењата на Библијата, единствената света книга која целосно ги разоткрива Сатана, демоните и нивните „сплетки“ (Ефешаните 6:11; 2. Коринќаните 2:11). Таа ни кажува и дека злите духови и сите кои му се противат на Бог нема да дејствуваат засекогаш (Римјаните 16:20). „Праведниците ќе живеат на земјата и непорочните ќе останат на неа“, стои во Изреки 2:21.

[Фуснота]

a Нешто повеќе за вистинската состојба на мртвите, како и за библиската надеж за воскресение, можеш да прочиташ во 6. и 7. поглавје од книгата Што навистина учи Библијата?

ШТО МИСЛИШ?

● Дали Бог ги создал демоните? (2. Петрово 2:4)

● Можеш ли да разговараш со мртвите? (Проповедник 9:5, 6)

● Како можеш да се заштитиш од демоните? (Јаков 4:7)

[Слика на страница 21]

Демоните се обидуваат да влијаат врз луѓето на разни начини

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели