ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 9/10 стр. 30
  • Писма од читателите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Писма од читателите
  • Разбудете се! 2010
  • Сличен материјал
  • Неизговорени, а сепак чујни
    Разбудете се! 2008
  • Содржина
    Разбудете се! 2009
  • Абортус — дали е тоа решение?
    Разбудете се! 1995
  • Абортусот не е најидеалното решение
    Разбудете се! 2009
Повеќе
Разбудете се! 2010
g 9/10 стр. 30

Писма од читателите

Благослови кои се повредни од богатството (март 2009) Во статијата се цитирани следниве зборови на Костас: „Божја волја не е да трупаме богатство“. Мислев дека Јехова не става граница на тоа колку може да имаат неговите слуги во материјален поглед, под услов Тој да им биде на прво место во животот. Погрешно ли е некој да биде богат иако верно му служи на Јехова?

Џ. Д., САД

„Разбудете се!“ одговара: Библијата не го осудува богатството. Всушност, многу Божји слуги во минатото биле богати (1. Мојсеева 25:5; 26:12-16; Јов 1:1-3). Меѓутоа, добро е оние што се богати да имаат на ум дека ‚истакнувањето на нечиј имот не потекнува од Таткото, туку потекнува од светот‘ (1. Јованово 2:16). Освен тоа, апостол Павле рекол: „Љубовта кон парите е корен на секакви зла“. Тој забележал дека некои што ги жртвувале духовните активности од желба да се збогатат, ‚одлутале од верата и си нанеле многу маки‘ (1. Тимотеј 6:10). Се разбира, Божјата Реч не кажува дека оние што се богати треба да чувствуваат вина затоа што имаат повеќе од другите. Христијаните се поттикнати „да бидат дарежливи, спремни да го делат... она што го имаат“, сеедно дали тоа е малку или многу (1. Тимотеј 6:18).

Неизговорени, а сепак чујни (октомври 2008) Бев многу охрабрена од оваа статија за Хилари, која има Ретов синдром. Мојот петгодишен внук не може да гледа, да слуша, да оди, да зборува ни да седи. Сега почнав да се надевам дека кога му пеам, му читам, му зборувам и го галам или го масирам, нешто сепак се случува во неговиот мозок. Плачев додека ги читав зборовите на мајка ѝ на Хилари: „Иако јас не можам да ја чујам што ми вели, Јехова може“. Ова ми помогна да сфатам дека, иако мојот внук не може да зборува, Јехова може да го чуе гласот на неговото срце.

М. А., Јапонија

Ќерка ми има 43 години, но ова е првата статија што ми помогна навистина да ја разберам нејзината состојба и причините за ова заболување. Сочувствувам со Хилари и со нејзината мајка и сестра. Иако нѐ делат илјадници километри, минуваме низ слична ситуација и го ценам нивниот пример на вера, љубов и истрајност.

Т. Ј., Гана

Абортусот не е најидеалното решение (јуни 2009) Ви благодарам за овие статии во врска со абортусот. Кога имав 20-ина години, решив да абортирам, но подоцна горко се покајав. Да не ја знам вистината, ќе се чувствував безнадежно. Многу сум благодарна што имам надеж и што знам дека Јехова е спремен да прости.

Анонимна, САД

Младите прашуваат... Како да ја преболам смртта на мојот родител? (август 2009) Имам 22 години. Татко ми почина толку брзо и неочекувано што бев потполно скршена. Како што истакнува оваа статија, ќе ми биде тешко што нема да можам да ги споделувам со него најважните моменти од мојот живот. Иако поминаа три години, сѐ уште ми е тешко да застанам на нозе. И покрај сѐ, оваа статија многу ме утеши. Иако не ми беше лесно да ги применам, дадените предлози навистина се покажаа ефикасни. Ви благодарам за вашата одлична работа.

Н. П., Франција

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели