ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 12/10 стр. 8-9
  • „Вистината ќе ве ослободи“!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Вистината ќе ве ослободи“!
  • Разбудете се! 2010
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Библиската вистина ги ослободила!
  • Што претставува Божиќ за тебе?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Корените на современиот Божиќ
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Божиќ — зошто дури и на Ориентот?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
  • Што стана од Божиќ?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
Повеќе
Разбудете се! 2010
g 12/10 стр. 8-9

„Вистината ќе ве ослободи“!

ОДНОВО и одново се докажува дека овие зборови на Исус Христос, запишани во Јован 8:32, се вистинити. Библиската вистина нѐ ослободува од суеверието и обичаите кои Бог не ги одобрува и кои се за наша штета. Следуваат неколку изјави од кои се гледа дека библиската вистина им помогнала на луѓе од различни земји да се ослободат од некои обичаи поврзани со Божиќ кои им претставувале тежок товар.

Библиската вистина ги ослободила!

Аргентина „Нашето семејство е ослободено од проблемите поврзани со прејадувањето, опивањето и скапите подароци, кои не можевме да си ги дозволиме“, вели Оскар.

За Марио било големо олеснување кога му била разоткриена „божиќната лага“, како што тој ја нарекува. „Среќен сум кога можам на другите да им подарам нешто, и така да им покажам дека ми значат. Сега го правам тоа во текот на целата година и кога имам доволно финансиски средства.“

Канада „Уживам да давам и да добивам подароци“, пишува Елфи. „Но, не сакам некој да ми подари нешто само затоа што мисли дека мора. Кога нашето семејство престана да слави Божиќ, како да ни падна голем камен од срце!“

Ули, една од ќерките на Елфи, вели: „Откако престанаа да слават Божиќ, нашите родители честопати ќе нѐ изненадеа со нешто, и тоа во различни периоди од годината. На пример, ни организираа забавни активности или ни купуваа подароци. Беше прекрасно! Кога другите деца на училиште ќе нѐ прашаа по кој повод сме го добиле подарокот, со гордост велевме: ‚На нашите родители не им треба посебен повод!‘ Но, на мајка ми и татко ми не им беше лесно да почнат да живеат во склад со библиската вистина бидејќи другите членови на семејството им се противеа и им вршеа притисок. Меѓутоа, тие останаа цврсти. Нивната решеност да му служат на Јехова Бог онака како што сака тој се одрази многу позитивно врз мене“.

Силвија вели дека, кога престанала да слави Божиќ, почувствувала големо олеснување. „Знаев дека така го радувам Јехова Бог, а тоа ми значеше повеќе од илјада божиќни прослави.“

Кенија Питер пишува: „Додека славев Божиќ, земав големи заеми за да купам подароци и да приредам раскошни гозби. Се разбира, поради тоа морав да работам прекувремено, па немав време за семејството. Бев пресреќен кога се ослободив од ваквите грижи“.

„На семејството и на пријателите им давам подароци преку целата година, а и тие го прават истото“, вели Каролајн. „Нема ништо подобро од тоа некој да те изненади така што од срце ќе ти даде подарок.“

Јапонија „Нашите деца не им робуваат на обичаите. Тие не очекуваат подароци во одредено време од годината и не ги сметаат за нешто само по себе разбирливо“, пишуваат Хироши и Рие. „Среќни сме што сфаќаат дека подароци се даваат од срце.“

Кеико вели: „Порано нашето семејство славеше Божиќ. Кога нашиот син ќе заспиеше, јас и маж ми му остававме подарок покрај креветот, а утредента му велевме: ‚Дедо Мраз ти донел подарок оти си умен‘. Кога ја дознав вистината за Божиќ и му го кажав тоа на син ми, тој беше толку потресен што почна да плаче. Тогаш сфатив дека Божиќ не е таков каков што го прикажуваат. Напротив, се темели на лаги, а со тоа што ги поддржував овие лаги, го изневерив син ми“.

Филипини Дејв вели: „Нема зборови со кои би можел да ја опишам радоста што ни ја дава Јехова преку чистите библиски вистини. Кога членовите на нашето семејство ќе му подарат некому нешто, не очекуваат ништо за возврат. Подароците си ги даваме од срце“.

Постојат милиони лица како овие што ги цитиравме. Сите тие лично се увериле дека библиската вистина ослободува. Што е уште поважно, кога живееме во склад со таа вистина, го радуваме Бог (Изреки 27:11). Исус Христос рекол: „Вистинските поклоници ќе му оддаваат почит на Таткото со дух и со вистина, зашто Таткото бара такви да го почитуваат“ (Јован 4:23). Кога Бог ќе погледне во твоето срце, дали гледа дека копнееш по вистината? Искрено се надеваме дека одговорот е потврден.

[Слика на страница 9]

Христијаните даваат подароци од љубов, и тоа во текот на целата година

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели