ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 1/11 стр. 15
  • Превртената мрежница

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Превртената мрежница
  • Разбудете се! 2011
  • Сличен материјал
  • Точки пред очите?
    Разбудете се! 2000
  • Дизајнер на роботи зборува за својата вера
    Разбудете се! 2013
  • Содржина
    Разбудете се! 2011
  • Веќе постои во природата
    Разбудете се! 2010
Повеќе
Разбудете се! 2011
g 1/11 стр. 15

Случајно или создадено?

Превртената мрежница

● Еден дел од човечкото око е мрежницата — обвивка која може да има и до 120 милиони клетки наречени фоторецептори, кои ги примаат светлосните дразби и ги преобразуваат во нервни импулси. Твојот мозок ги толкува овие импулси како слики. Еволуционистите тврдат дека поставеноста на мрежницата во окото на ’рбетниците е доказ дека окото не е дело на Творец.

Размисли: Мрежницата на ’рбетниците е превртена, така што фоторецепторите се наоѓаат во нејзиниот заден дел. За да стигне до нив, светлината мора да помине низ неколку слоја клетки. Според Кенет Милер, биолог и еволуционист, „ваквиот состав на окото ја распрснува светлината, поради што нашиот вид е послаб отколку што би можел да биде“.

За еволуционистите, тоа што мрежницата е превртена е доказ дека е лошо осмислена — всушност, дека воопшто не е осмислена. Еден научник дури рекол дека, „од функционална гледна точка, таа има глупаво испревртена положба“. Меѓутоа, понатамошните истражувања открија дека фоторецепторите на превртената мрежница се идеално сместени веднаш до пигментниот слој — слој од клетки кој обезбедува кислород и хранливи материи неопходни за остар вид. „Да беше пигментниот слој сместен пред мрежницата, тоа ќе се одразеше прилично негативно врз видот“, пишуваат биологот Џери Бергман и офталмологот Џозеф Калкинс.

Превртената мрежница е особено погодна за ’рбетниците со мали очи. Роналд Крегер, професор на Универзитетот во Лунд (Шведска), вели: „За да се добие јасна слика, леќата на окото и фоторецепторите мора да бидат поставени на извесна оддалеченост. Тоа што овој простор [мрежницата] е исполнет со нервни клетки штеди многу место кај ’рбетниците“.

Освен тоа, бидејќи нервните клетки во мрежницата се густо збиени и се наоѓаат близу до фоторецепторите, мозокот може брзо и точно да ги анализира визуелните информации.

Што мислиш? Дали превртената мрежница е лош производ на случајноста или е дело на мудар Творец?

[Графикон на страница 15]

(Види во публикацијата)

Фоторецептори

Светлина

Пигментен слој

Светлина

Мрежница

Очен нерв

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели