ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 1/11 стр. 28-29
  • Дали верата и разумот се неспоиви?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали верата и разумот се неспоиви?
  • Разбудете се! 2011
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Вера што цврсто се темели на разумот
  • Како да изградиш вера во Библијата
  • Вистинска вера — што е тоа?
    Разбудете се! 2000
  • Покажувај вера која се темели на вистина
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Вера во Бог
    Разбудете се! 2016
  • Покажи дека имаш вера во Јеховините ветувања
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2016
Повеќе
Разбудете се! 2011
g 1/11 стр. 28-29

Што вели Библијата

Дали верата и разумот се неспоиви?

„ВЕРАТА е спротивна на разумот“, пишува британскиот филозоф Е. Грејлинг. Неговите зборови го изразуваат мислењето на безброј писатели и филозофи кои низ вековите тврделе дека верата и разумот се неспоиви.

Некои религиозни верувања навистина се косат со разумот. Но, размисли за следново: Многу научни мислења во кои луѓето цврсто верувале се покажале како неточни. Дали ова значи дека сите научни гледишта се погрешни или дека се косат со разумот? Тогаш, зошто да не гледаме исто и на религиозните верувања? Всушност, верата што е опишана во Библијата не може да се стекне без да се соберат информации кои внимателно ќе се испитаат. Додека ги разгледуваш фактите, ќе видиш дека вистинската вера е споива со разумот.

Вера што цврсто се темели на разумот

На пример, Библијата вели дека, за да биде нашата служба „прифатлива за Бог“, треба ‚да му служиме користејќи го својот разум‘ (Римјаните 12:1). Значи, верата што е опишана во Библијата не е слепа или безусловна вера, а не е ни лековерност. Напротив, ваквата вера си ја изградил откако добро си размислил, а како резултат на тоа си стекнал доверба и во Бог и во неговата Реч, која цврсто се темели на разумот.

Се разбира, за да дојдеш до исправни заклучоци, потребни ти се точни информации. Дури и најдобрите компјутерски програми, кои се темелат на непроменливите принципи на логиката, би дошле до многу чудни заклучоци ако им се дадат погрешни податоци. Слично на тоа, дали твојата вера ќе биде исправна или погрешна, многу ќе зависи од она што го слушаш или од тоа колку се точни информациите што ги внесуваш во својот ум. Библијата со право вели дека „верата се стекнува од слушање“ (Римјаните 10:17).

За да имаме вера, неопходно е ‚добро да ја запознаеме вистината‘ (1. Тимотеј 2:4). Библијата кажува дека само ‚вистината ќе нѐ ослободи‘ од погрешните верувања, сеедно дали се научни или религиозни (Јован 8:32). Таа исто така нѐ предупредува да не веруваме „на секој збор“ (Изреки 14:15). Напротив, нѐ советува ‚сѐ да испитуваме‘, односно пред да поверуваме во нешто што сме го чуле, прво да го провериме (1. Солуњаните 5:21). Зошто е потребно да ги провериш и да ги испиташ твоите верувања? Затоа што верата што се темели на лаги е заблуда. Некои благородни луѓе од древниот град Верија дале добар пример како се стекнува исправна вера. Иако искрено сакале да веруваат во она за што ги поучувале христијанските мисионери, тие ‚секој ден ги истражувале Писмата за да видат дали е тоа така‘ (Дела 17:11).

Како да изградиш вера во Библијата

Но, што ако не си сигурен дека можеш да ѝ веруваш на Библијата? Што ќе ти помогне да имаш доверба дека она што го кажува е точно? Па, како стекнуваш доверба во луѓето? Се разбира, прво треба да ги запознаеш — одреден период да гледаш како се однесуваат и да видиш какви се резултатите од нивното однесување. Зошто истото да не го сториш и со Библијата?a

Библијата ја опишува вистинската вера како „цврста увереност дека ќе се случи она на кое се надеваме, доказ за она што е вистинско, иако не се гледа“ (Евреите 11:1). Ова јасно покажува дека еден човек што има вистинска вера не е наивен. Напротив, ги стекнал своите верувања на темел на расположливите информации. Заклучоците што ги донел на темел на таквите информации го увериле дека навистина постојат дури и работите што не можеме да ги видиме со свои очи.

Но, што ако она што си го дознал се коси со некои од твоите најдлабоки убедувања? Треба ли да замижеш пред фактите? Се разбира дека не. Има случаи кога е сосема оправдано да ги земеш предвид цврстите докази кои не се во склад со она во што веруваш. Во Библијата, Бог ветува дека ќе ги награди со знаење, проникливост и способност за расудување искрените поединци кои трагаат по вистината (Изреки 2:1-12).

Верата што се темели на библиските учења е споива со разумот. Каква вера имаш ти? Многу луѓе ги „наследиле“ своите религиозни верувања и никогаш не ги испитале посериозно за да видат дали имаат цврста основа. Нема да покажеш непочитување ако ги испиташ своите верувања ‚за да утврдиш‘ дали твоето размислување е во склад со Божјата Реч (Римјаните 12:2). Библијата нѐ поттикнува да испитаме дали изјавите кои наводно се вдахновени од Бог потекнуваат од него (1. Јованово 4:1). Така, дури и кога другите ги оспоруваат твоите верувања, ќе можеш да дадеш ‚одбрана пред секој што од тебе бара да ја образложиш надежта која е во тебе‘ (1. Петрово 3:15).

[Фуснота]

a Ако ти треба помош да најдеш доверливи информации за Библијата, пиши им на издавачите на ова списание.

ШТО МИСЛИШ?

● Дали Библијата нѐ учи да не го користиме разумот? (Римјаните 12:1, 2)

● Како треба да ја запознаеш вистината ако сакаш да изградиш вистинска вера? (1. Тимотеј 2:4)

● Што учиме од дефиницијата за вера што е дадена во Библијата? (Евреите 11:1)

[Истакната мисла на страница 29]

Бог ја наградува искрената потрага по вистината

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели