ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 7/11 стр. 3
  • Ќе има ли крај на страдањата?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Ќе има ли крај на страдањата?
  • Разбудете се! 2011
  • Сличен материјал
  • Зошто има толку многу страдање?
    Разбудете се! 2011
  • Што вели Библијата?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2017
  • Трето прашање: Зошто Бог дозволува да страдам?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Ако Творецот се грижи, зошто тогаш толку многу страдања?
    Постои ли Творец кој се грижи за тебе?
Повеќе
Разбудете се! 2011
g 7/11 стр. 3

Ќе има ли крај на страдањата?

Маките на Киу почнале кога татко му бил убиен затоа што неговите крави отишле во една блиска нива со пченка. Подоцна, мајка му и две негови сестри биле погубени од страна на Црвените Кмери во Камбоџа. По некое време Киу нагазил на мина и бил повреден. Цели 16 дена останал во џунглата чекајќи помош. Ногата морала да му биде ампутирана. „Не ми се живееше“, вели Киу.

МОЖЕБИ си забележал дека страдањето не бира — ги погодува сите. Природните катастрофи, болестите и хендикепот, насилните злосторства и други трагедии може да го снајдат секого, на секое место и во секое време. Хуманитарните организации неуморно се трудат да го спречат или барем да го ублажат човечкото страдање. Но, какви се резултатите од нивниот труд?

Да разгледаме еден пример — борбата против гладот. Според весникот Toronto Star, природните катастрофи оставиле многу лица без храна и без покрив над главата. Меѓутоа, истиот весник известува дека „напорите на организациите кои се залагаат за намалување на гладот се попречени од сѐ поголемото насилство“.

Видни лица на полето на политиката, социјалната заштита и медицината прават сѐ за да им стават крај на страдањата, но со слаб успех. Програмите за економски развој не успеале да ја искоренат сиромаштијата. Вакцините, лековите и современата хирургија не можат да им стават крај на болестите. Полицијата и мировните сили беспомошно гледаат како насилните злосторства продолжуваат, па дури и се влошуваат.

Зошто има толку многу страдање? Дали Бог го засега она што го трпат луѓето? Прочитај како милиони луѓе нашле утешни одговори на овие прашања во Библијата.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели