ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 7/11 стр. 18-20
  • Од кора до шише — приказната за плутата

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Од кора до шише — приказната за плутата
  • Разбудете се! 2011
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Повеќенаменски производ
  • Еколошки производ
  • Содржина
    Разбудете се! 2011
  • Продолжи да го сееш семето — Јехова ќе направи да расте
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Од ситен желад до огромен даб
    Разбудете се! 2010
Разбудете се! 2011
g 7/11 стр. 18-20

Од кора до шише — приказната за плутата

Можеш ли да си замислиш една кора од дрво да има клучна улога во изработката на мотори, топчиња за крикет и за бејзбол и во производството на шампањ — кора што уште пред илјадници години ја користеле и рибарите и елегантните дами, а се користи и за вселенските летала? Уште поинтересно е што оваа уникатна кора може да ги задоволи сите овие потреби без да се исече дрвото!

ПЛУТАТА е надворешниот слој од кората на еден посебен вид даб, познат како плутово дрво (Quercus suber). Но, тоа не е обична кора. Лесна е, огноотпорна и еластична.

Плутовото дрво непрекинато, од година во година, ја создава својата издржлива кора. Ако не се лупи, кората може да достигне дебелина и до 25 сантиметри — корисна обвивка што го штити дрвото од топлина, студ и шумски пожари. Кога собирачите на плута ќе ја излупат кората, дрвото постепено создава друг слој во период од околу десет години.

Околу 55 отсто од производството на плута во светот доаѓа од Португалија, околу 30 отсто од Шпанија, а останатите 15 отсто од други земји (меѓу кои и Алжир, Италија, Мароко, Тунис и Франција).a

Повеќенаменски производ

Римјаните и Грците откриле дека плутата е идеална за пловки за рибарските мрежи и за удобни ѓонови за сандали. По сѐ изгледа, со плута ги затворале и ќуповите. Бидејќи останува еластична дури и на високи температури, плутата е идеална за изработка на дихтунзи. Исто така, се користи и како топлински изолатор во вселенските бродови.

Бидејќи на многу луѓе им се допаѓа изгледот на плутата и се свесни за нејзините изолациски својства, во последно време многу се популарни плочите од плута со кои се декорираат ѕидовите и подовите. И производителите на спортска опрема ја сметаат плутата за незаменлива кога станува збор за внатрешниот слој на топчето за бејзбол или за дршката на рибарскиот стап. Се разбира, плутата веројатно е најпозната како материјал за тапи за шишиња со вино и шампањ. (Види ја рамката „Идеална за тапи“.)

Еколошки производ

Една добро одржувана шума со плутови дрвја е доказ дека човекот може да живее во хармонија со природата — да го користи нејзиното изобилство без да ги исцрпи нејзините богатства. Старите плутови дрвја ја разубавуваат околината и ги разладуваат врелите лета, а под нивните крошни животните можат да најдат ладовина и храна.

Неколку видови птици кои се на работ на истребување — како што се орелот крстач, црниот стрвник и црниот штрк — ги градат своите гнезда исклучиво на големите плутови дрвја. И загрозениот ибериски рис го има само уште во овие шуми. Неодамна, Светската фондација за заштита на природата изјави дека опстанокот на овој вид рис зависи од напредокот на индустријата за производство на плута во Шпанија и Португалија.

Затоа, следниот пат кога ќе извадиш плутена тапа од шише вино, размисли на момент за неа. Во раката држиш природен, биолошки разложлив материјал. Освен тоа, неговата употреба ја штити природната средина. Што уште би посакале од едно дрво?

[Фуснота]

a Плутовото дрво расте и во други делови од светот, но индустриското производство е застапено главно во Средоземноморјето, каде што ова дрво расте природно.

[Рамка/слика на страница 20]

„Идеална за тапи“

Мигел Елена, директор на Институтот за плута, дрво и јаглен во Екстремадура (Шпанија), кажува нешто повеќе за употребата на плутата како тапа.

Колку е ефикасна плутата како тапа?

Сум видел шишиња вино запечатени пред повеќе од сто години. Кога плутената тапа беше извадена, виното беше одлично зачувано! Плутата е идеална за тапи.

Колку старо треба да биде плутовото дрво пред да му се излупи кората и од неа да се направат тапи?

За да се направи квалитетна тапа, плутовото дрво мора да биде најмалку 50 години старо, иако кората за првпат може да се излупи по 25 години откако ќе биде насаден желадот. Се разбира, малкумина се спремни да инвестираат во култура што ќе им донесе заработка по 50 години. Всушност, не знам некоја друга индустрија што мора да чека толку долго пред да стане профитабилна.

Колкав е животниот век на плутовото дрво?

Животниот век на плутовото дрво е околу 200 години, а некои дрвја можат да живеат и многу подолго. Кората се лупи на секои девет години.

Што се прави за да се одржи производството на плута?

Европската Унија и нашата локална власт даваат субвенции за да ги поттикнат луѓето да садат плутови дрвја. Па така, во последниве години беа засадени големи површини со нови насади на плутови дрвја, а се води грижа и за веќе постоечките шуми.

Какви подобрувања се направени во последно време за да се зголеми производството на плута?

Во последниве две децении се направени многу истражувања за да се добијат најдобрите желади. А имаме добра соработка и со другите земји во кои се произведува плута, со цел да се добие поквалитетен производ. Сега користиме еден вид мала рачна пила со која собирачите на плута можат поефикасно да ја отстранат кората. Со векови наназад тоа се правеше со секири.

[Слика на страница 19]

По секое лупење, кората повторно расте

[Слика на страница 19]

Вешти работници внимателно ја лупат кората

[Слика на страница 19]

Талпите се редат, спремни за следниот чекор

[Слика на страница 19]

Најквалитетните плутени тапи сѐ уште се прават рачно

[Слика на страници 18 и 19]

Остатоците се собираат и се обликуваат во тапи и во други производи

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели