ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 9/11 стр. 7-8
  • Како да управуваш со своите пари

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како да управуваш со своите пари
  • Разбудете се! 2011
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Семеен проект
  • Поголема среќа
  • Како да се контролирам кога трошам?
    Разбудете се! 2006
  • Мудро ракувај со парите
    Разбудете се! 2009
  • Како да се води сметка за парите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Како паметно да ги трошам парите?
    Младите прашуваат — делотворни одговори, том 2
Повеќе
Разбудете се! 2011
g 9/11 стр. 7-8

Како да управуваш со своите пари

ВО СУШТИНА има три начини да управуваш со своите пари: 1) да ги трошиш 2) да ги штедиш или 3) да ги даваш. Прво, да разгледаме како мудро да ги трошиме парите.

Ако воопшто имаше некаква корист од Големата рецесија, тоа е поуката дека треба да се има добро испланиран буџет. Што е буџет? Едноставно кажано, тоа е план како да се трошат приходите, сеедно дали се работи за план на поединец, на семејство, на фирма или на влада.

Семеен проект

Како можеш да си испланираш буџет? „Сите членови на семејството“, се вели во книгата Budgeting од Дениз Чемберс, „треба да бидат вклучени во изготвувањето на буџетот, со што сите ќе чувствуваат одговорност да се држат за него.“ Повремено, семејството треба да се собере заедно за да видат дали им функционира планот. Изготвувањето на ефикасен буџет може да биде убав заеднички проект на целото семејство, при што секој ќе се труди да живее во рамките на семејните приходи.

Некои користат компјутерска програма за да изготват буџет. Други едноставно го прават тоа со молив во раката и лист хартија на кој прават две колони. Едната колона е за приходите, другата за трошоците. Многу е важно секој месец од буџетот да се одвојува и сума што ќе се употреби за трошоците што се подмируваат еднаш годишно, како што се даноците, а можеби и одмор.

Докажан метод за планирање на парите е употребата на пликови или папки со назнака „Храна“, „Кирија“, „Превоз“, „Струја“, „Лекување и лекови“ итн. Порано, луѓето во такви пликови секој месец ставаа пари со кои ќе ги покријат трошоците. Денес, мнозина сметаат дека е побезбедно и полесно да ги ставаат парите на банковна сметка и да вадат по потреба.

Џонатан и Ен, кои живеат во Јужноафриканската Република со своите две ќерки, обично користат папки кога го планираат својот семеен буџет. „Иако платата ти оди на банковна сметка“, вели Џонатан, „многу е важно строго да се држиш за тоа како си ги поделил парите. На пример, ако ја потрошиш месечната сума што си ја одвоил за купување месо, тогаш не смееш да земаш од парите што си ги одвоил за заштеда.“

Џонатан порано имал свој бизнис, но сега заедно со семејството одлучиле да служат како доброволци при изградба на верски објекти. Бидејќи сакаат да продолжат да го прават тоа, мораат, повеќе од кога и да било порано, да се држат за буџетот што ќе го испланираат. Редовно разговараат за тоа како им оди и дали треба да направат некои промени.

Поголема среќа

Истражувањата покажуваат дека, кога им даваме од своите средства на другите, во што спаѓаат и нашето време, сила и пари, чувствуваме поголема среќа. Давањето би можело да биде најдобрата од трите опции спомнати на почетокот од статијата, се разбира, во рамките на твоите можности.

Крис Фарел во својата книга Новата штедливост вели дека штедењето „овозможува да трошиш за другите“. Затоа препорачува: „Една од највредните и најпаметните работи што можеш да ги правиш со твоите пари е да им даваш на другите“.a Понатаму додава: „Кога ќе размислиш што е најважно во животот, обично тоа се односите со другите, искуствата и чувството дека правиш нешто што има смисла, а не парите и она што го поседуваш“.

Со тоа се согласува и економистот Мајкл Вагнер. Во својата книга Твоите пари, ден прв (Your Money, Day One), која има за цел да ги мотивира младите да штедат, тој вели: „Кога преземаш иницијатива да им помагаш на оние што имаат помалку, таквата љубезност и великодушност ќе ти се врати на разни позитивни начини, но најмногу вреди чувството што го имаш кога им помагаш на другите“.

Библијата потврдува дека давањето е причина за радост. Како што видовме претходно, таа содржи изреки што можат да ти помогнат мудро да управуваш со своите средства. Сега да разгледаме уште седум такви мудри изреки.

[Фуснота]

a Пари можеме да дадеме со тоа што ќе подариме некому нешто или ќе им укажеме гостопримство на пријателите и роднините.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели