Втора страница
Да се подигаат одговорни деца
Додека со милни очи го гледаат своето новороденче, веројатно последното нешто на кое помислуваат родителите е реалноста што ги чека: Еден ден, тоа мало бебенце ќе израсне во возрасен човек и ќе започне свој живот. Така и треба да е, зашто Библијата вели дека „човек ќе ги остави татка си и мајка си“ (1. Мојсеева 2:24).
Кога ќе дојде денот нивниот возрасен син или ќерка да си замине од дома, многу родители се борат со испомешани чувства — радост, тага, но и загриженост. ‚Дали исправно го воспитав моето дете?‘ се прашуваат тие. ‚Ќе може ли да задржи работа, да живее сам и да се снајде со примањата што ги има?‘ Што е уште поважно: ‚Дали ќе живее според вредностите на кои го учев?‘ (Изреки 22:6; 2. Тимотеј 3:15).
Во ова специјално издание на Разбудете се! ќе видиме како библиските совети можат да им помогнат на родителите во секоја фаза од животот на нивното дете.