ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 10/11 стр. 10-12
  • Периодот пред пубертет

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Периодот пред пубертет
  • Разбудете се! 2011
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Време за слушање
  • „Спремно простувајте си еден на друг“
  • „Бидете благодарни“
  • „Не скратувај му опомени на детето“
  • „Вашата разумност нека им биде позната на сите“
  • Воспитувај го своето дете уште од најраното детство
    Тајната на семејната среќа
  • Може ли Библијата да ти помогне во воспитувањето на твоите деца?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
  • Родители, воспитувајте ги децата со љубов!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • Како да ги воспитувате децата
    Твоето семејство може да биде среќно
Повеќе
Разбудете се! 2011
g 10/11 стр. 10-12

Периодот пред пубертет

„До петтата година, децата се тука, пред тебе, под твоја закрила и полесно е да ги научиш на убави особини. Но, кога ќе тргнат на училиште, гледаат дека работите можат да се прават и поинаку и слушаат поинаков говор“ (Валтер, Италија).

КАКО што растат, децата сакаат да видат што сѐ има во светот кој одеднаш добива пошироки граници. Во контакт се со повеќе луѓе — со другарчиња од улица и од училиште и со повеќе роднини. Како што вели Валтер, ти веќе не си единствениот што има влијание врз животот на твоето дете, како кога беше помало. Затоа е многу важно да го искористиш тоа време за да го поучиш колку се важни послушноста и убавите манири. Важно е и да го научиш да разликува што е исправно, а што погрешно.

Сите овие вештини не доаѓаат брзо и сами од себе. Најверојатно ќе треба ‚да укоруваш, прекоруваш, опоменуваш, а притоа да бидеш многу стрплив и вешт во поучувањето‘ (2. Тимотеј 4:2). Во врска со Божјите закони, на родителите во Израел им било заповедано: „Всадувај ги во своите деца и зборувај им за нив кога седиш во својата куќа и кога одиш по пат, кога легнуваш и кога стануваш“ (5. Мојсеева 6:6, 7). Како што се гледа од овие зборови, неопходно е постојано да ги поучуваш децата.

Одговорноста да се подигаат деца носи голем број предизвици. Да разгледаме само неколку од нив.

Време за слушање

Библијата вели дека има „време за зборување“, што значи дека има и време за слушање (Проповедник 3:7). Како да го научиш своето дете да внимава кога другите — вклучувајќи те и тебе — зборуваат? Еден начин е со тоа што ќе му дадеш пример. Дали ти внимателно ги слушаш другите, вклучувајќи ги и твоите деца?

На децата лесно може да им биде одвлечено вниманието и, кога се трудиш да зборуваш со нив, несомнено ќе биде ставена на испит твојата стрпливост. Секое дете си е различно, па затоа биди прониклив и одреди кои методи на комуникација најмногу одговараат за твоето дете. На пример, Дејвид, татко од Британија, вели: „Ја терам ќерка ми да ми го повтори со свои зборови она што сум ѝ го кажал. Како резултат на тоа, како што расте, сѐ повнимателно слуша“.

Кога ги поучувал своите ученици, Исус им рекол: „Внимавајте како слушате“ (Лука 8:18). Ако тоа треба да го прават возрасните, тогаш што да кажеме за децата!

„Спремно простувајте си еден на друг“

Библијата вели: „Поднесувајте се еден со друг и спремно простувајте си еден на друг, ако некој има жалба против некого“ (Колошаните 3:13). Децата можат да бидат научени да простуваат. Како?

Како што беше кажано и за слушањето, ти треба да им дадеш пример. Твоите деца треба да видат дека си спремен да простуваш. Марина, мајка од Русија, настојува да го прави тоа. „Се трудиме да им да оставиме добар пример на децата со тоа што им простуваме на другите, правиме отстапки и не се навредуваме лесно“, вели таа. „Кога не сум во право, им се извинувам на децата. Сакам да научат и тие да бидат такви со другите.“

Способноста да се решаваат недоразбирањата и да се простува е неопходна во животот. Учи ги децата уште сега да бидат обѕирни кон другите и, кога ќе направат грешка, да си ја прифатат одговорноста. На тој начин, ќе им дадеш скапоцен дар што многу ќе им користи на патот кон зрелост.

„Бидете благодарни“

Во овие „особено тешки времиња“, многу луѓе се „себељубиви“ (2. Тимотеј 3:1, 2). Сега, додека твоите деца се сѐ уште мали, е време да ги научиш да покажуваат благодарност. „Бидете благодарни“, напишал апостол Павле (Колошаните 3:15).

Уште како мали, децата можат да научат да покажуваат убави манири и обѕир кон другите. Како? „За да го поттикнеш детето да биде благодарно, најдобро е дома да имате навика да се заблагодарувате еден на друг“, вели д-р Кајл Прует за списанието Parents. Тој додава: „Ова значи редовно да кажуваш колку цениш нечија помош или обѕирност... За тоа треба многу вежбање“.

Ричард, татко од Британија, се труди да го прави тоа. „Јас и жена ми им покажуваме на децата како им се заблагодаруваме на оние што биле љубезни кон нас, на пример, на нивните наставници или баба и дедо“, вели тој. „Кога некое семејство ќе нѐ викне на ручек, им пишуваме картичка во која им се заблагодаруваме и им даваме на децата да ја потпишат или да нацртаат нешто на неа.“ Тоа што ќе се научат на љубезност и благодарност ќе им помогне на децата да склопуваат трајни и блиски пријателства во животот.

„Не скратувај му опомени на детето“

Додека растат, многу е важно децата да сфатат дека постапките повлекуваат последици. Дури и кога се многу мали, тие се одговорни пред оние што имаат авторитет над нив, не само дома туку и на училиште и во нивната средина. Можеш да им помогнеш на твоите деца да го сфатат начелото: што ќе посееш, тоа ќе пожнееш (Галатите 6:7). Како?

Библијата вели: „Не скратувај му опомени на детето“ (Изреки 23:13). Ако јасно си му кажал на детето каква казна му следи за конкретна погрешна постапка, спроведи ја. „Многу е важно да си доследен“, вели Норма, мајка од Аргентина. „Ако не си доследен, го учиш детето со манипулации да го добива она што го сака.“

Родителите можат да направат многу за да нема бесконечни расправии откако детето ќе направи нешто лошо со тоа што однапред јасно ќе му кажат кои се последиците ако не е послушно. Најверојатно, децата помалку ќе се противат ако знаат какви се правилата и што ги чека ако ги прекршат, и ако добро знаат дека нема бегање од последиците.

Се разбира, за да има ефект, не треба да го караш детето во лутина. Библијата вели: „Нека се отстрани од вас сета злобна горчина и лутина и гнев и викање и навредлив говор“ (Ефешаните 4:31). Карањето не треба да биде во облик на сурова казна или напад — било во физички било во емоционален поглед.

Но, како да се контролираш кога твоето дете ти оди по нервите? „Не е секогаш лесно“, вели Питер, татко од Нов Зеланд, „но децата треба да сфатат дека карањето е последица на нивните постапки, а не резултат на твојата нервоза.“

Питер и жена му се трудат да им помогнат на децата да увидат кои се долгорочните користи од карањето. „Дури и кога децата ќе направат нешто крајно дрско“, вели тој, „зборуваме со нив за тоа какви личности би сакале тие да бидат, а не се задржуваме на тоа какви биле во конкретната ситуација.“

„Вашата разумност нека им биде позната на сите“

Во врска со казната што ја одредил за својот народ, Бог рекол: „Ќе те казнам колку што е потребно“ (Еремија 46:28). Најдобри резултати ќе има ако казната што ќе му ја одредиш на детето е праведна и соодветна на грешката што ја направило. „Вашата разумност нека им биде позната на сите“, им напишал Павле на христијаните (Филипјаните 4:5).

Во разумноста спаѓа и тоа да ги караш децата на начин со кој нема да им го повредиш достоинството. Санти, татко од Италија, вели: „Никогаш не ги омаловажувам син ми или ќерка ми. Наместо тоа, се трудам да дојдам до коренот на проблемот и потоа се зафаќам со него. Ако е можно, не ги карам децата пред други луѓе, ниту, пак, едно пред друго. Освен тоа, не ги исмевам за нивните слабости ни пред други ни пред нив“.

И Ричард, цитиран претходно, сфаќа колку е мудро да си разумен. „Не треба да им собираш на децата, па потоа да им се истуриш за сѐ што направиле дотогаш“, вели тој. „Откако ќе го искараш детето за нешто, важно е да не се навраќаш постојано на тоа и да го потсетуваш за сите минати грешки.“

Не е лесно да се подигаат деца — треба многу труд и самопожртвуваност, но и наградите се големи. Со тоа се согласува и Елена, мајка од Русија. Таа вели: „Одлучив да најдам работа со скратено работно време за да можам да бидам повеќе со син ми. Напорно е и заработувам помалку, но вредат сите жртви затоа што гледам колку е среќен син ми и колку поблиски сме сега“.

[Слика на страница 11]

Децата можат да научат да бидат обѕирни

[Слика на страница 12]

Карај ги децата на начин со кој нема да им го повредиш достоинството

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели