ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 4/12 стр. 24
  • Сурлата на слонот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Сурлата на слонот
  • Разбудете се! 2012
  • Сличен материјал
  • Како се припитомуваат слонови
    Разбудете се! 2009
  • Содржина
    Разбудете се! 2012
  • Роботи — колку се усовршени?
    Разбудете се! 2008
Разбудете се! 2012
g 4/12 стр. 24

Случајно или создадено?

Сурлата на слонот

● Истражувачите работат на роботска рака со поголема флексибилност и подвижност. Еден од директорите на фирмата која работи на тој проект вели дека новата рака „надминува сѐ што моментално постои во индустриската механизација“. Од каде дошла идејата за нова роботска рака? „Инспирација ни беше сурлата на слонот“, вели тој.

Размисли: За сурлата на слонот, која тежи околу 140 килограми, се вели дека е „најсестраниот и најкорисниот екстремитет што постои на планетата“. Оваа повеќенаменска алатка може да послужи како нос, како цевче за пиење или како рака. Со неа слонот може да дише, да мириса, да пие, да фаќа предмети или да испушта заглушувачки звуци!

Но, тоа не е сѐ. Во сурлата на слонот има околу 40.000 мускулни влакна поради што може да се движи во сите правци. Со врвот на сурлата слонот може да подигне дури и мала монета. Но, со неа може да подигне товар тежок и до 270 килограми!

Истражувачите се надеваат дека ако успеат да ја копираат подвижноста на сурлата, ќе можат да изработат развиени роботи кои ќе најдат примена и во домот и во индустријата. Претставник на претходно спомнатата фирма вели: „Создадовме сосема нов вид машина што ќе им помага на луѓето и машините заедно да работат и ефикасно и безбедно“.

Што мислиш? Дали сурлата на слонот е производ на еволуцијата или дело на мудар Творец?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели