Семејно катче
Што е погрешно на оваа слика?
Прочитај Јован 2:13-17. Кои четири работи на овој цртеж не се точни? Запиши ги одговорите на празните линии и доврши го цртежот така што ќе го обоиш.
1) ․․․․․
2) ․․․․․
3) ․․․․․
4) ․․․․․
ЗА РАЗГОВОР:
Зошто Исус ги истерал овие луѓе од храмот?
МАЛА ПОМОШ: Прочитај Марко 11:17.
Зошто било погрешно да купуваат и да продаваат во храмот?
МАЛА ПОМОШ: Прочитај 2. Коринќаните 2:17.
Кога Јехова се радува со она што го правиме за него?
МАЛА ПОМОШ: Прочитај Матеј 22:36-40; 1. Петрово 5:2.
СЕМЕЕН ПРОЕКТ:
На лист хартија, напиши или нацртај што би можел да направиш за да покажеш несебична љубов кон Јехова и кон другите. Покажи им го листот на членовите на семејството и испланирајте кога би можеле да го правите тоа заедно.
Сочувај и учи
Исечи, превиткај и сочувај
БИБЛИСКА КАРТИЧКА 16 ТИМОТЕЈ
ПРАШАЊА
А) Пополни ги празните места. Мајка му на Тимотеј, ․․․․․, и баба му ․․․․․ уште ․․․․․ го учеле за „светите списи“.
Б) Каква посебна покана прифатил младиот Тимотеј?
В) За Тимотеј, Павле рекол: „Како дете со татко...“
[Табела]
4026 пр.н.е. Адам бил создаден
Живеел првиот век од н.е.
1 од н.е.
98 од н.е. Напишана последната библиска книга
[Карта]
Живеел во Листра, но за него добро зборувале и браќата во Иконија
Листра
Иконија
Ерусалим
ТИМОТЕЈ
ПОДАТОЦИ:
Иако татко му не бил христијанин, Тимотеј им станал „пример на верните во говорот, во постапките, во љубовта, во верата, во чистотата“ (1. Тимотеј 4:12). Го применувал библискиот совет: „Вежбај да му бидеш оддаден на Бог“ (1. Тимотеј 4:7). Тимотеј му помагал на Павле околу 15 години.
ОДГОВОРИ
А) Евника, Лоида, од рано детство (2. Тимотеј 1:5; 3:14, 15).
Б) Да патува и да служи заедно со апостол Павле (Дела 16:1-5).
В) „...робуваше со мене во ширењето на добрата вест“ (Филипјаните 2:22).
Земји и народи
5) Се викаме Габриела (6) и Раул (9). Живееме во Бразил. Отприлика колку Јеховини сведоци има во Бразил — 467.000, 607.000 или 720.000?
6) Која точка покажува каде живееме ние? Заокружи ја и означи со точка каде живееш ти, а потоа види дали си близу или далеку од Бразил.
А
Б
В
Г
Деца, најдете ги сликите!
Можеш ли да ги најдеш овие слики во ова списание? Опиши со свои зборови што се случува на секоја од нив.
За да отпечатиш повеќе примероци од рубриката „Семејно катче“, отвори www.jw.org
● Одговорите за „СЕМЕЈНОТО КАТЧЕ“ се на 25. страница
ОДГОВОР НА ПРАШАЊАТА ОД 30. И 31. СТРАНИЦА
1) Исус употребил бич, а не меч.
2) Луѓето продавале говеда и овци, а не свињи.
3) Луѓето продавале гулаби, а не бувови.
4) Менувачите на пари имале метални монети, а не книжни банкноти.
5) 720.000.
6) В.