Семејно катче
Што недостига на сликава?
Прочитај 1. Мојсеева 1:21-28, а потоа разгледај ја сликата. Што недостига на неа? Запиши ги одговорите на празните линии. Доврши го цртежот така што ќе ги поврзеш точките, а потоа обој го.
1) ․․․․․
2) ․․․․․
[Графикон]
(Види во публикацијата)
ЗА РАЗГОВОР:
Кому му се обратил Бог кога рекол: „Да направиме човек според нашиот лик, сличен на нас“?
МАЛА ПОМОШ: Прочитај Јован 17:1, 5; Колошаните 1:15, 16.
Во која смисла луѓето се направени според Божјиот лик?
МАЛА ПОМОШ: Прочитај Колошаните 3:10; 1. Петрово 1:16.
Кои особини на Јехова и на Исус ти се допаѓаат најмногу? Како можеш и ти да ги покажуваш истите особини?
МАЛА ПОМОШ: Прочитај Ефешаните 4:31, 32; 1. Јованово 4:7, 8.
СЕМЕЕН ПРОЕКТ:
Наброј пет омилени животни. Потоа, како Адам, на секое од нив дај му ново име според тоа како изгледа, звучи или се однесува. Прочитај го новото име наглас и види дали другите од семејството можат да погодат за кое животно се работи.
Сочувај и учи
Исечи, превиткај и сочувај
БИБЛИСКА КАРТИЧКА 19 ПАВЛЕ
ПРАШАЊА:
А) Павле се издржувал во службата изработувајќи ․․․․․.
Б) Апостол Павле ги поучувал луѓето „јавно и...“
В) Павле воскреснал еден млад човек по име ․․․․․.
[Табела]
4026 пр.н.е. Адам бил создаден
Живеел во првиот век од н.е.
1 од н.е.
98 од н.е. Напишана последната библиска книга
[Карта]
Роден во Тарс. Служел како мисионер во Европа и во Мала Азија.
ЕВРОПА
Рим
МАЛА АЗИЈА
Тарс
Ерусалим
ПАВЛЕ
ПОДАТОЦИ:
Пред да стане апостол испратен кај другите народи, ги прогонувал новите христијани. Јехова го користел да напише 14 книги од Христијанските грчки списи. Павле пропатувал илјадници километри како мисионер и основал собранија во Европа и во Мала Азија (Римјаните 11:13; 1. Тимотеј 1:12-16).
ОДГОВОРИ:
А) шатори (Дела 18:3-5).
Б) „...од куќа до куќа“ (Дела 20:20).
В) Ефтих (Дела 20:7-12).
Земји и народи
3) Се викаме Мате (7) и Нија (8). Живееме во Република Грузија. Отприлика колку Јеховини сведоци има во Република Грузија — 10.000, 17.000 или 26.000?
4) Која точка покажува каде живееме ние? Заокружи ја и означи со точка каде живееш ти, а потоа види дали си близу или далеку од Република Грузија.
А
Б
В
Г
Деца, најдете ги сликите!
Можеш ли да ги најдеш овие слики во ова списание? Опиши со свои зборови што се случува на секоја од нив.
За да отпечатиш повеќе примероци од рубриката „Семејно катче“, отвори www.jw.org
● Одговорите за „СЕМЕЈНОТО КАТЧЕ“ се на 26. страница
ОДГОВОР НА ПРАШАЊАТА ОД 30. И 31. СТРАНИЦА
1) Крилесто суштество.
2) Диво животно.
3) 17.000
4) Б.