ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 6/12 стр. 15-17
  • Само пријатели или нешто повеќе? — дел 1

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Само пријатели или нешто повеќе? — дел 1
  • Разбудете се! 2012
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ВО СЛЕДНАТА СТАТИЈА „МЛАДИТЕ ПРАШУВААТ“...
  • Само пријатели или нешто повеќе? — дел 2
    Разбудете се! 2012
  • Љубов или пријателство? — Втор дел: Какви сигнали испраќам?
    Младите прашуваат
  • Љубов или пријателство? — Прв дел: Какви сигнали добивам?
    Младите прашуваат
  • На што да пазам во врска со пораките?
    Младите прашуваат
Повеќе
Разбудете се! 2012
g 6/12 стр. 15-17

Младите прашуваат

Само пријатели или нешто повеќе? — дел 1

ДАЛИ НЕКОЈ ТИ ПАДНА НА УМ КОГА ГО ПРОЧИТА НАСЛОВОТ?

ДА → ВЕДНАШ ПРОЧИТАЈ ЈА ОВАА СТАТИЈА. МОЖЕБИ ТИ Е ПОТРЕБНА ПОВЕЌЕ ОТКОЛКУ ШТО СИ МИСЛИШ.

НЕ → СЕПАК ПРОЧИТАЈ ЈА СТАТИЈАТА. ЌЕ ТИ ПОМОГНЕ ДА НЕ ЈА ПРЕМИНЕШ ГРАНИЦАТА НА ПРИЈАТЕЛСТВО СО СПРОТИВНИОТ ПОЛ.

Означи со точно или неточно:

Не треба да имам пријатели од спротивниот пол сѐ додека не сум спремен за сериозна врска која ќе води до брак.

․․․․․ ТОЧНО ․․․․․ НЕТОЧНО

Размисли: Иако не планирал да стапи во брак, Исус имал пријатели од спротивниот пол (Матеј 12:46-50; Лука 8:1-3). Очигледно, тоа било случај и со Тимотеј, кој не бил во брак, бидејќи апостол Павле му рекол да се однесува со „помладите жени како [со] сестри — со сета чистота“ (1. Тимотеј 5:1, 2).

На Павле му било јасно дека Тимотеј ќе запознае голем број млади жени додека патува по собранијата (Марко 10:29, 30). Дали било погрешно да се дружи со нив? Не. Сепак, бидејќи Тимотеј во тоа време не планирал да се жени, морал самиот да си постави граници и да не дозволи да му се развијат чувства, да не флертува со тие млади жени и да не си игра со нивните чувства (Лука 6:31).

Како е со тебе? Дали навистина си спремен за брак?

Ако ДА ⇨ Твоите пријателства со лица од спротивниот пол можеби ќе ти помогнат да го најдеш твојот доживотен партнер (Изреки 18:22; 31:10).

Ако НЕ ⇨ Мораш да си поставиш граници (Еремија 17:9). Полесно да се каже отколку да се направи? Апсолутно! „Тешко е да останеш само пријател со некој од спротивниот пол“, вели Нија (18).a „Не е лесно да знаеш каде да повлечеш граница.“

Но, зошто воопшто мораш да повлечеш граница? Затоа што ако не го направиш тоа, сигурно ќе бидеш повреден или ќе повредиш некого. Размисли зошто.

ФАКТ: Ако ти се родат чувства кон некого пред да бидеш спремен за сериозна врска, некој ќе биде повреден. „Тоа ми се случи двапати“, вели Кели (19). „Еднаш јас развив чувства кон едно момче, а другпат едно момче разви чувства кон мене. И во двата случаи некој беше повреден. Ми останаа лузни кои ги носам до ден-денес.“

Размисли:

● Во какви околности е во ред да се дружиш со лица од спротивниот пол? Какви ситуации би било мудро да избегнуваш?

● Зошто не е мудро често да остануваш насамо со некој од спротивниот пол? Што би можел да си помисли другиот? Што би можел да помислиш ти?

„Понекогаш се лажам самата себе, велејќи си ‚Па ние сме само пријатели. Тој ми е како брат‘. Но, кога ќе видам дека ѝ обрнува внимание на друга девојка, се чувствувам повредена — како да нема право на тоа“ (Дениз).

Библијата вели: „Мудриот човек ја согледува опасноста и се засолнува, а наивните истрчуваат и страдаат“ (Изреки 22:3, Радосна Вест).

ФАКТ: Ако ти се родат чувства пред да бидеш спремен за сериозна врска, можеш да изгубиш добар пријател. „Се допишував со едно момче, вели Кејти (16), „но по некое време тој почна да флертува и почнавме да си пуштаме пораки речиси секој ден. Еден ден ми кажа дека многу му се допаѓам и дека сака да бидеме повеќе од пријатели. Но проблемот беше тоа што јас не чувствував ништо кон него. Откако му го кажав тоа, почнавме поретко да контактираме и, на крај, нашето пријателство заврши.“

Размисли:

● Кој бил повреден во случајот на Кејти, и зошто? Можеле ли Кејти или момчето да направат нешто за никој да не биде повреден? Ако да, што?

● Кога пишува порака, како може некој несвесно да остави впечаток дека сака нешто повеќе од пријателска врска?

„Понекогаш морам да го скратам времето што го поминувам со некое момче. Момчињата знаат да бидат добри пријатели, но не сакам да си расипам пријателство само за да почнам врска која нема да успее“ (Лора).

Библијата вели: „Паметниот внимава на своите чекори“ (Изреки 14:15).

Заклучок: Да имаш пријатели од спротивниот пол само по себе не е погрешно. Но, ако не си спремен за сериозна врска која може да води до брак, мораш да си поставиш граници.

ВО СЛЕДНАТА СТАТИЈА „МЛАДИТЕ ПРАШУВААТ“...

Ако дозволиш да ти се родат чувства кон некого пред да бидеш спремен за сериозна врска, може да си ја уништиш репутацијата. Дознај како.

Статии од рубриката „Младите прашуваат“ има и во други броеви од списанието Разбудете се! кое можеш да го симнеш од веб-страницата www.jw.org

[Фуснота]

a Некои имиња во оваа статија се сменети.

[Рамка/слика на страница 16]

ШТО БИ НАПРАВИЛ ТИ?

ВИСТИНСКА ПРИКАЗНА: „Му праќав пораки на еден пријател кој живее на повеќе од 1.500 километри од мене. Се допишувавме отприлика еднаш неделно. Немав ништо кон него, а мислев дека ни тој нема ништо кон мене. Но, еден ден, ми пушти порака: ‚Ми фалиш, убавице. Како одат работите?‘ Бев шокирана! Му кажав дека за мене тој е само пријател и дека немам никакви чувства кон него. Тој ми врати: ‚Како ќе кажеш‘. Тоа беше последната порака што ја добив од него“ (Џенет).

● Ако сѐ уште е рано да бидеш во сериозна врска или ако не планираш да почнеш врска, како би одговорил на порака слична на оние што ги добила Џенет?

● Ако си момче, дали мислиш дека се во ред пораките што ѝ биле испратени на Џенет? Зошто мислиш така?

● Според тебе, дали преку пораки е полесно да ти се родат чувства кон некого отколку со разговор лице в лице? Зошто?

[Рамка на страница 17]

ЗОШТО НЕ ГИ ПРАШАШ РОДИТЕЛИТЕ?

Прашај ги твоите родители како тие би одговориле на прашањата во двата дела „Размисли“ од оваа статија. Дали нивните одговори се разликуваат од твоите? Ако да, во што е разликата? Можеш ли да видиш оправдана причина за нивното гледиште? (Изреки 11:14).

[Рамка/слики на страница 17]

ШТО ВЕЛАТ ДРУГИ МЛАДИ

Џошуа — Колку повеќе време поминуваш со една иста личност толку поверојатно е дека ќе почне да ти се допаѓа.

Наташа — Ако сакаш да бидеш само пријател со некој од спротивниот пол, но редовно поминуваш време со него, кај едниот, а можеби и кај двајцата ќе се јават чувства.

Келси — Дури и ако си решен да бидете само пријатели, ако поминувате многу време заедно, чувствата може лесно да се сменат. Тоа не значи дека не е можно да бидете само пријатели, но потребни се зрелост и разумност.

[Слика на страница 16]

Ако дозволиш да ти се родат чувства пред да бидеш спремен за сериозна врска, ќе дојде до катастрофа

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели