ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 8/12 стр. 8
  • Мирољубивоста се учи

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Мирољубивоста се учи
  • Разбудете се! 2012
  • Сличен материјал
  • ‚Да бараме мир и да тежнееме кон него‘
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Насилство
    Разбудете се! 2015
  • Дали се исплаќа да бидеме мирољубиви?
    Разбудете се! 2006
  • ”Барај мир и стреми се кон него“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
Повеќе
Разбудете се! 2012
g 8/12 стр. 8

Мирољубивоста се учи

ИАКО се раѓаме со извесни погрешни склоности, најчесто насилното однесување е нешто што го учиме низ животот. Истото може да се каже и за мирољубивоста. Тогаш, кој може да нѐ научи да бидеме вистински мирољубиви? Се разбира, најмеродавен за тоа е нашиот Творец, чија мудрост е ненадминлива. Размисли за следниве пет точки и за мудрите зборови од Библијата поврзани со нив.

1. „Не завидувај му на насилен човек“ (Изреки 3:31). Вистински силен човек е оној што знае да се самосовладува и кој е благ. „Кој е бавен на гнев, подобар е од силниот човек“, стои во Изреки 16:32. Како една јака брана, тој може да го издржи притисокот кога е провоциран. Всушност, тој „го смирува гневот“ со благост (Изреки 15:1). А оној што лесно се гневи избувнува и на најмала провокација (Изреки 25:28).

2. Мудро избирај со кого ќе се дружиш. „Насилникот го заведува својот ближен“, стои во Изреки 16:29. Од друга страна, „кој оди со мудрите, ќе стане мудар“ (Изреки 13:20). Да, кога се дружиме со мирољубиви луѓе кои имаат самосовладување и благ дух, сигурно ќе сакаме да бидеме како нив.

3. Сакај ги другите. Најдобриот опис за љубовта се наоѓа во 1. Коринќаните 13:4-7. Меѓу другото, таму читаме: „Љубовта е долготрпелива и љубезна... Не се раздразнува, не го памти злото... Сѐ поднесува... сѐ трпи“. Исус рекол дека ако сакаме да имаме љубов како Божјата, треба да ги сакаме дури и нашите непријатели (Матеј 5:44, 45).

4. Имај доверба дека Бог ќе ги отстрани злите. „Никому не враќајте зло за зло... Колку што зависи од вас, бидете во мир со сите луѓе. Не одмаздувајте се, сакани... зашто е напишано: ‚Одмаздата е моја, јас ќе вратам, вели Јехова‘“ (Римјаните 12:17-19). Кога покажуваме вера во Бог и во неговите ветувања, чувствуваме внатрешен мир каков што луѓето без вера не можат ни да си замислат (Псалм 7:14-16; Филипјаните 4:6, 7).

5. Верувај дека само Божјето Царство ќе донесе вистински мир на Земјата. Божјето Царство е небесна влада која наскоро ќе ги отстрани сите злобни луѓе и ќе преземе целосна контрола над Земјата (Псалм 37:8-11; Даниел 2:44). Под тоа Царство „ќе процвета праведникот и ќе има голем мир сѐ додека постои месечината“ (Псалм 72:7).

Овие библиски учења им помогнале на милиони луѓе да станат мирољубиви — вклучувајќи и некои кои по природа биле насилни. Да го разгледаме примерот на Салвадор Гарса.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели