ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 8/12 стр. 16-17
  • Најголемото цвеќе на светот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Најголемото цвеќе на светот
  • Разбудете се! 2012
  • Сличен материјал
  • Набљудување на светот
    Разбудете се! 1996
  • Прекрасни и вкусни!
    Разбудете се! 2005
  • Како растението Христов венец го добило своето име?
    Разбудете се! 1999
Разбудете се! 2012
g 8/12 стр. 16-17

Најголемото цвеќе на светот

„ДОЈДЕТЕ со мене, господине, дојдете да видите еден цвет, многу голем, прекрасен“, му рекол возбудениот водич на Џозеф Арнолд додека биле на ботаничка експедиција на индонезискиот остров Суматра. Следејќи го човекот, Арнолд, британски ботаничар, видел нешто „навистина неверојатно“. Тоа бил еден прекрасен цвет. Речиси 200 години подоцна, овој вид цвеќе што го видел Арнолд на својата експедиција во 1818 год. — спектакуларната рафлесија — сѐ уште се смета за најголемо цвеќе на светот.

Постојат десетици видови рафлесија, кои ги има само во џунглите на Југоисточна Азија. Меѓутоа, сѐ уште се откриваат нови видови. Најголемиот цвет од овој вид е Rafflesia arnoldii, кој го добил името по Џозеф Арнолд и неговиот партнер од експедицијата, сер Томас Стемфорд Рафлс, основач и гувернер на Сингапур. Но колку и да е убав овој цвет, тешко дека би го набрале за да направиме букет.

Како прво, да ја земеме предвид неговата големина. Рафлесијата може да биде со пречник и до 1 метар — колку една гума од автобус — и да тежи околу 11 килограми.a Цветот има пет дебели розово-кафеави месести листови прекриени со бледи испакнати точки слични на брадавици. Каде што се спојуваат листовите се формира голема дупка што личи на лонче кое може да собере и до 6 литри вода.

Како второ, треба да се земе предвид и неговиот мирис. Според еден реален опис, рафлесијата мириса како „леш на бивол во напредна фаза на распаѓање“, поради што си има заработено и други имиња, како што се цвеќе-леш и смрди-корне.b Главни опрашувачи на овој цвет се мувите што се хранат со лешеви. За нив миризбата на цветот е просто неодолива.

Рафлесијата нема стебло, лисје или корења и расте како паразит на некои лијани што лазат по земјата. Кога низ кората на лијанот-домаќин ќе излезе нова пупка од рафлесија, потребни се десет месеци за таа да порасне, најчесто со големина на крупна зелка. Потоа, во еден процес што трае неколку часа, месестите листови се отвораат покажувајќи ја сета своја убавина. Во отворот на средината има повеќе бодликави израстоци. Сѐ уште не се знае која е нивната функција, иако некои истражувачи сметаат дека е можно тие да шират топлина, што уште повеќе ја засилува реата.

Меѓутоа, несекојдневната убавина на овој цвет е краткотрајна. По само неколку денови, цветот овенува и почнува да се распаѓа и на крајот од него останува само црна лигава смеса.

Цвеќето Rafflesia arnoldii е редок и загрозен вид. Зошто? Машкиот и женскиот цвет мораат да цветаат еден до друг за да дојде до вкрстено опрашување, а сепак повеќето пупки никогаш не созреваат и не расцветуваат. Причината е тоа што многу пупки се берат за лекови или се јадат како специјалитет. Ова значително го намали бројот на вакви цвеќиња во нивната природна средина. Друга сериозна закана е постојаното уништување на тропските дождовни шуми каде што рафлесијата расте.

Да се види рафлесија е несекојдневно доживување. Овој цвет има неверојатна големина. Освен тоа, мирисот му е, благо речено, незаборавен. А и формата и бојата му се впечатливи. Се разбира, најголемото цвеќе на светот е само едно од безбројните прекрасни дела на нашиот Творец. Во Псалм 104:24 стои: „Колку се многубројни твоите дела, Јехова! Сите мудро си ги направил, полна е земјата со твоите творби“.

[Фусноти]

a Цветовите на некои видови рафлесија имаат пречник од 10 сантиметри.

b И цвеќето титан арум (Amorphophallus titanum) е наречено цвеќе-леш и понекогаш се меша со рафлесијата. (Види го српското издание на Разбудете се! од 22 јуни 2000, 31. страница.)

[Карта на страница 17]

(Види во публикацијата)

МАЛЕЗИЈА

СУМАТРА

[Слика на страница 17]

Пупка на рафлесија пред отворање

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели