ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g96 8/9 стр. 30
  • Набљудување на светот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Набљудување на светот
  • Разбудете се! 1996
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Поентата на спогодбата
  • „Живеењето во див брак, не е грев“?
  • Пијте за да размислувате
  • Змиски каснувања — што да не се прави
  • Искрените насмевки се заразни
  • Крстот — симбол на насилство?
  • Водните болви доаѓаат на помош
  • Најдолгиот патнички тунел на светот
    Разбудете се! 2002
  • Дали сте знаеле?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Најголемото цвеќе на светот
    Разбудете се! 2012
  • Битката за тунелот
    Разбудете се! 1994
Повеќе
Разбудете се! 1996
g96 8/9 стр. 30

Набљудување на светот

Поентата на спогодбата

„Руските православни и муслимански водачи од четири воглавно муслимански републики од поранешниот Советски Сојуз — Казахстан, Таџикистан, Туркменистан и Узбекистан — достигнале беспримерна меѓуверска спогодба за да ги контролираат деноминациите и невообичаените религиозни групи кои стекнуваат влијание во централна Азија“, забележува списанието Christianity Today. Состанувајќи се во Ташкент, главниот град на Узбекистан, религиозните водачи „се заколнале дека ќе соработуваат за да го спречат влијанието на евангелистичките христијани, баптисти, мормони и Јеховини сведоци“, кажува извештајот.

„Живеењето во див брак, не е грев“?

Одборот за социјална одговорност на Црквата на Англија неодамна ја советувал црквата дека „живеењето во див брак“, повеќе не е грев, рекло Guardian Weekly. Според кажувањата, одборот исто така ја посоветувал црквата дека „собранијата би можеле да учат од неоженетите двојки, вклучувајќи ги и хомосексуалците и лезбејките, и треба да му се спротивстават на искушението да се сеќаваат на ‚златниот век на семејството‘ “. Весникот Guardian го цитира свештеникот Филип Хекинг како одговара: „Тоа ја прави црквата предмет на потсмев и создава голема болка меѓу многу верни христијани“.

Пијте за да размислувате

Имате ли проблеми со концентрацијата? Можеби треба да пиете повеќе вода, предлага Asiaweek. Списанието известува дека наставниците и родителите на некои ученици од Хонг Конг неодамна биле советувани дека обилното пиење вода им помага на учениците да се борат против рамнодушноста. На родителите им било кажано дека децата треба дневно да пијат 8 до 15 чаши вода. Цитирајќи ја книгата The Learning Brain (Мозокот што учи), извештајот укажува на проучувањата кои покажуваат дека дехидратацијата може да доведе до слабо учење. Да се пие чиста, бистра вода е подобро отколку да се пијат газирани безалкохолни пијалоци, кафе, чај или дури и сокови, кои всушност би можеле да го стимулираат телото да ги исфрли течностите, наведува Asiaweek.

Змиски каснувања — што да не се прави

Кога станува збор за лекувањето на жртвите од змиски каснувања, стручњаците не секогаш се согласуваат околу тоа. Меѓутоа, според списанието FDA Consumer‚ повеќето медицински професионалци од САД се „скоро едногласни во нивните гледишта за тоа што да не се прави“. Ако сте на оддалеченост од 30 до 40 минути од медицинска установа, советот е: Немојте да ставате мраз на каснатото место, немојте да користите стегачи или електрични удари и немојте да правите засеци на раната. Нашироко прифатена препорака е дека без разлика дали змијата изгледа отровна или не, сите змиски каснувања треба да се лекуваат како итни медицински случаи, и жртвата треба веднаш да се однесе в болница. Најдобрата превентивна мерка е „да ги оставите змиите на мира. Многу луѓе се каснувани затоа што се обидуваат да убијат змија или одблизу да ја погледнат“, вели FDA Consumer.

Искрените насмевки се заразни

Според финските истражувачи д-р Јари Хиетанен од Универзитетот во Тампере и д-р Веико Сурака од Институтот за биомедицина при Универзитетот во Хелсинки, постојат два вида насмевки. Една категорија насмевки позната им е на научниците како друштвени насмевки. Тие се поттикнати само од чувството на обврска и ги вклучуваат само мускулите на образите. Од друга страна, искрените насмевки изразуваат вистински чувства на задоволство и ги активираат не само мускулите на образите туку и мускулите околу очите. Едно неодамнешно проучување од Финска наведува дека искрените насмевки се заразни. Пронаоѓајќи ги и снимајќи ги ситните мускулни движења, истражувачите откриле дека во нивните експерименти испитаниците биле поттикнати да се насмевнат само со гледање на фотографија на некој со искрена насмевка. Оваа реакција не била забележана кога испитаниците гледале слики со луѓе кои покажувале друштвени насмевки.

Крстот — симбол на насилство?

Некои теолози се сомневаат во погодноста на крстот како симбол на христијанството поради неговите насилнички асоцијации, известува The Dallas Morning News. Теолозите охрабруваат на употребата на симболи кои го одразуваат Исусовиот живот, а не неговата смрт. Крстот „потхранува обожавање на смртта“, рекол теологот Катерин Келер од Теолошката школа при Универзитетот Дрју во Мадисон, Њу Џерзи, (САД). „Никој не би сакал електрична столица или јазол како клучен симбол на верата, но тоа би го употребувале ако денес Исус би бил погубен од страна на владата.“

Водните болви доаѓаат на помош

Понизната водна болва можеби ќе го реши проблемот со загадените водни патишта во внатрешноста, известува лондонскиот весник Independent. Тоа е покажано преку еден проект за опоравување кој сега е во тек. Прво, биолозите отстраниле 9,5 тони риба која се храни со водни болви од проширената река Ормесби од Норфок (Англија). Тоа на болвите им овозможило да напредуваат и да ги проголтаат алгите кои го загадувале езерото. Тогаш под водата изникнале други растенија од неактивните семиња, па така се вратиле птиците, како што се лиски и лебеди. На крајот, рибите ќе бидат повторно ставени, и се пресметува дека за пет години целиот екосистем ќе се врати на нормалата. Конзерваторите во Европа со интерес го набљудуваат исходот на проектот.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели