ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 11/12 стр. 9
  • 5. Всади добри морални вредности

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • 5. Всади добри морални вредности
  • Разбудете се! 2012
  • Сличен материјал
  • Родители, воспитувајте ги децата со љубов!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • Самохрани родители, многукратни предизвици
    Разбудете се! 2003
  • Родители — помогнете им на своите деца да го сакаат Јехова
    The Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2022
  • Морални вредности со права вредност
    Разбудете се! 2013
Повеќе
Разбудете се! 2012
g 11/12 стр. 9

5. Всади добри морални вредности

„Кога бев помлада, не живеев според библиските мерила и ми беше тешко да ги воспитувам децата. Но, сега е многу полесно затоа што ја имам Библијата која многу ми помага“ (ЕЛИЗАБЕТ, ЈАР).

Предизвик

Притисокот од врсниците на училиште и сѐ полабавиот морал во светот имаат големо влијание врз семејствата. За да се спротивстават на ваквото негативно влијание, на децата им требаат добри морални вредности. Инаку, мала е веројатноста да израснат во одговорни, принципиелни, добро воспитани луѓе.

Предлози

Многу самохрани родители, вклучувајќи ги и оние што се цитирани во овие статии, бараат совети од Библијата, свесни дека во неа е содржана неизмерната Божја мудрост. На пример, да размислиме за она што Библијата го кажува за најважното начело — да покажуваме искрена љубов.

„Љубовта е долготрпелива и љубезна. Љубовта не е завидлива, не се фали, не се возвишува, не се однесува непристојно, не ја бара својата корист, не се раздразнува, не го памти злото. Не ѝ се радува на неправдата, а ѝ се радува на вистината. Сѐ поднесува... на сѐ се надева, сѐ трпи. Љубовта никогаш не престанува“ (1. Коринќаните 13:4-8).

Кога родителите покажуваат ваква љубов, нивните деца добро напредуваат. Колет од Франција, која веќе ја спомнавме, напишала: „Често им кажував на децата дека ги сакам. Им кажував и дека тие ми се дар од Бог и дека затоа треба добро да се грижам за нив. Тие, пак, мораа да бидат љубезни и да покажуваат почит кон мене [нивниот законски старател] и кон татко им. Овие начела помогнаа во нашиот дом да има доверба и почит“ (Псалм 127:3).

Ана, која живее во Полска, напишала: „Кога децата ќе се скараа, ги потсетував на Исусовите зборови дека она што сакаме другите да ни прават нам, тоа треба да им правиме и ние ним“ (Матеј 7:12). Роберто, кој веќе беше спомнат, има проблем што им е заеднички на многу самохрани родители. Тој вели: „Децата се изложени на два вида морални вредности — твоите и вредностите на другиот родител. Со тоа што се држам за библиските мерила знам дека нема секогаш да бидам омилениот родител“. Освен тоа, тој вели: „Другиот родител може да им дава подароци на децата надевајќи се дека така ќе го сакаат повеќе. Тешко е да се спротивставиш на таквите притисоци, но добрата комуникација со децата многу помага“.

Не е секогаш лесно да се живее според библиските мерила, но трудот се исплаќа! Сара, самохрана мајка од ЈАР вели: „Мило ми е што ги воспитував децата држејќи се за советите на Јехова. Точно, имавме тешки моменти, но Бог секогаш беше тука за нас“.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели