ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 3/13 стр. 14-15
  • Роберт Бојл

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Роберт Бојл
  • Разбудете се! 2013
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • НАУЧНИК
  • ЧОВЕК КОЈ ИМАЛ ВЕРА
  • Содржина
    Разбудете се! 2013
  • Библијата на Бедел — мал чекор до поголемо разбирање на Божјата Реч
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
  • Запознајте се со ирскиот волчјак
    Разбудете се! 2000
  • Науката беше моја религија
    Разбудете се! 2004
Повеќе
Разбудете се! 2013
g 3/13 стр. 14-15

ПРОШЕТКА НИЗ ИСТОРИЈАТА

Роберт Бојл

Оние што ја познаваат историјата веднаш го поврзуваат Роберт Бојл со Бојловиот закон — природен закон за врската меѓу притисокот и волуменот на гасовите. Неговото значајно откритие придонело за огромен развој на полето на науката. Но, Роберт Бојл бил многу повеќе отколку само добар научник. Познат е и како човек кој имал голема вера во Бог и во Божјата вдахновена Реч, Библијата.

БОЈЛ е роден 1627 год. во богато семејство во замокот Лисмор (Ирска). Тоа било кратко пред почетокот на периодот што историчарите го нарекуваат доба на разумот — период во кој учените луѓе се труделе да го ослободат човештвото од фанатизмот кој со векови го држел во своите пранги. И Бојл се залагал за истото. Во една автобиографија во која се опфатени почетоците на неговата кариера се нарекол себеси Филаретус што значи „оној што ја сака доблеста“.

Бојл имал голема желба да ја дознае вистината. Но, имал исто толку голема желба да им го пренесе и на другите она што го учел. Тој станал плоден писател чии дела извршиле силно влијание врз многу негови современици, меѓу кои е и познатиот научник Исак Њутн. Во 1660 год., Бојл станал еден од основоположниците на Британското кралско друштво, кое и ден-денес постои во Лондон.

НАУЧНИК

Бојл е наречен татко на хемијата. Тој имал сосема поинаков пристап од алхемичарите во негово време. Тие ги чувале своите откритија во тајност или пишувале за нив користејќи нејасни термини кои биле непознати за повеќето надвор од нивните кругови. За разлика од нив, Бојл ги објавувал сите детали од својата работа. Освен тоа, наместо едноставно да ги прифати веќе познатите хипотези, се залагал да се користи експериментот како метода за утврдување на фактите.

Експериментите на Бојл дале поткрепа за идејата дека материјата е составена од некој вид честички што тој ги нарекол корпускули и кои, комбинирани на разни начини, создаваат различни супстанции.

Пристапот на Бојл кон научните истражувања е опишан во неговата позната книга Скептичниот хемичар. Во неа тој препорачува научниците да не бидат арогантни или догматични и да бидат спремни да си ги признаат грешките. Бојл барал од оние со цврсто вкоренети ставови да прават разлика меѓу работите што знаат дека се точни и работите што мислат дека се точни.

Бојл барал од оние со цврсто вкоренети ставови да прават разлика меѓу работите што знаат дека се точни и работите што мислат дека се точни

ЧОВЕК КОЈ ИМАЛ ВЕРА

Бојл го користел истиот пристап и за духовните работи. Сознанијата до кои дошол во врска со универзумот и чудесната градба на живите суштества го увериле дека мора да постои некој што го создал сето тоа — Творец. Затоа Бојл го отфрлил атеизмот кој сѐ повеќе се ширел меѓу интелектуалците во негово време. Тој заклучил дека секој што искрено дозволува да го води разумот не може да не верува во Бог.

Сепак, Бојл мислел дека за да се дојде до вистинско просветлување, не е доволен само разумот. Сфатил дека на човекот му е потребна помош од Бог. Според него, таа помош се наоѓала во Божјата Реч, Библијата.

На Бојл му било тешко кога гледал дека многумина воопшто не ги знаат библиските учења и дека немаат цврста основа за своите верувања. Тој се чудел како може некој да ги темели своите верувања само на она во што верувале неговите родители или на тоа каде се родил. Бојл развил силна желба да им помага на луѓето подобро да ја запознаат Библијата.

Од таа причина, Бојл парично го потпомогнал издавањето на Библијата на многу јазици, вклучувајќи и некои од јазиците на северноамериканските староседелци, како и на арапски, ирски, малајски и турски. Роберт Бојл бил надарен, но понизен човек со незаситна желба да ја најде вистината по секоја цена и да им помогне и на другите во тоа.

НЕКОИ ФАКТИ:

  • Роден е во Ирска во 1627 год.

  • Наречен е татко на хемијата.

  • Тој е првиот познат научник кој објавил детални описи на неговите методи за вршење контролирани експерименти.

  • Неговите дела извршиле големо влијание врз Исак Њутн, негов помлад современик.

  • Го финансирал преведувањето на Библијата на многу јазици.

  • Умрел во Англија во 1691 год., на 64 години.

БИБЛИЈАТА НА ИРСКИ

Роберт Бојл знаел дека уште во 1573 год. група изучувачи почнале да преведуваат различни делови од Библијата на ирски. Во 1602 год., го објавиле на ирски делот познат како Нов завет. Подоцна, во 1640 год., бил завршен ирскиот превод на Хебрејските списи, општопознати како Стар Завет. Но, овој превод бил отпечатен дури во 1685 год., кога Бојл дал финансиска поддршка за проектот. Интересен е фактот дека и апокрифите биле преведени на ирски. Апокрифите се збирка небиблиски списи кои често се вклучени во Библијата. Но, Бојл, кој ја сакал вистината, одбил да се отпечатат овие лажни книги.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели